Абе немој да мислите дека го доведувам во прашање квалитетот на Видал, тоа во никој случај

.
Но, да не заборавиме дека парите во денешно време во Италија ги нема на големо. А, да бидеме искрени Видал е единствениот играч кој вреди многу пари(и за кој би имало многу заинтересирани), а кој Јуве за пари би го продал. На пример играчите како
Киелини, Маркизио и Пирло, Јуве нема во никој случај да ги продаде. Единствено нешто ненормално ако дојде, што не ми се верува

.
Инаку јас обидувајќи се да сфатам кој ни е најважен играч, доцна сфатив дека таков нема. Лани да, имаше и тоа Пирло, но оваа сезона нема според мене. Јуве е таква сложувалка која од каде и да ја скратиш ќе се осети...
Иако, сите гледаме како отсуството на Киелини си ја врши својата работа.