Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако не дојдат оваа сезона другата сигурно ќе дојдат без гајле :icon_lol:
 
Изјавава е ала Раниери на времето:
“I don’t know what our objectives might be this season but we certainly haven’t set our target to be the main contenders behind Inter. I repeat this is just the beginning and we still have work to do.”
 
Ке се лупаме глави изглеа пак и оваа сезона , некако мн слаби сме .Ужасно едноставно ужасно игравме, а па и оној Дел Нери кога ке откачи со коментариве мн ме потсека на Закерони.Јбг тешко оваа сезона како ми се глеа да освоиме и 7 место за да играме квалификации за Лига Европа едино ако не го вратат Интертото купот.
Единствено нешто што може да не спаси е нов НАПАЃАЧ (ПАЦИНИ) и еден добар лев бек, а се разбира тука подразбирам и сите други играчи да ја достигнат својата врвна форма .
 
Ве поздрави асистенцијава на Џовинко. Тој што не го бива и што никој од големите тренери не го сака...

 
Повредата на Мартинез е сериозна или? Инаку добра асс на џиовинко го има осетот.
 
Ке се лупаме глави изглеа пак и оваа сезона , некако мн слаби сме .Ужасно едноставно ужасно игравме, а па и оној Дел Нери кога ке откачи со коментариве мн ме потсека на Закерони.Јбг тешко оваа сезона како ми се глеа да освоиме и 7 место за да играме квалификации за Лига Европа едино ако не го вратат Интертото купот.
Единствено нешто што може да не спаси е нов НАПАЃАЧ (ПАЦИНИ) и еден добар лев бек, а се разбира тука подразбирам и сите други играчи да ја достигнат својата врвна форма .
Доста тропаш глупости ако имаш нешто убаво да кажеш добро ако не поарно ќути си и не ја руши атмносферата тука бидејќи добра е до сега. А поразот ништо немора да значи, шо фајте оти лани почнавме со 4/4 на почетокот кога на крајот завршивме 7ми. Се уште е рано да се прават било какви пресметки бијдеќи пола и повеќе од тимот недеска беа новаци и им треба време да се уиграат нормално :)
 
Колку шо читав на официјалниот сајт утре ќе било кажано колку време му е потребно на Мартинез да заздрави од повредата не е баш лесна но сепак се надевам за брзо време ќе се врати на терените...инаку немам зборови за катастрофалното издание на Јуве веќе се навикнав на оваа игра па веќе не се ни нервирам неќам да кинам живци...и ја ланзафаме би го стаил стартер иако имаше 1-2 избрзани шута има некоја енергија во него и гледам дека ги закача противничките играчи
 
Точно така.Таа замена беше голема грешка.

Сторари - Не беше воопшто виновен за примениот гол.Голот што го постигна Донати беше неодбранлив.
Мота - Не беше лош,но не беше ниту забележителен.Офанзивата му е многу појака страна.
Киелини-На крајот имаше 100% шанса што можеше да го смени резултатот,но имаше одлични интервенции пред својот гол,покривајќи ја и својата и позицијата на Де Чеље.
Бонучи - Има потенцијал,добро се согласуваат со Киелини,и од натпревар во натпревар ќе игра се подобро и подобро.
Де Чеље - Дефинитивно најслабиот поединец во Јувентус.Секој напад на Бари беше преку Алварез од страната на Де Чеље, и во 99,9% од дуелите добитник беше Алварез.
Пепе - Слабо одигран натпревар од страна на Пепе.
Маркизио - Можеше да изреагира подобро при шутот на Донати, но и покрај тоа денеска Маркизио изигра послабо од очекувањата.Иако имаше некои добри потези сепак беше видно послаб.
Мело - Изигра добро во првото полувреме,и не може ништо да ја оправда одлуката на Дел Нери да го внесе Сисоко на неговото место.Дел Нери направи грешка со тој потег.
Красич - Има одржано само 3 тренинзи,а ова му е воедно и прв натпревар во црнобелиот дрес и во Сериа А.
Дел Пиеро - Најдобар поединец во Јувентус.
Кваљарела - Со оглед дека му е прв натпревар во дресот на Јуве,и дека дојде вчера,изигра добро и верувам дека ќе има позитивен придонес за тимот оваа сезона.

--------

Сисоко - Заедно со Де Чеље исто како да не играа.Немаше ниту еден точно поддавање,ниту одземање на топка.
Мартинез - На натпреварот со Штурм покажа дека повеќе знае да се снајде како втор напаѓач отколку како крило.И повредата си го направи своето.
Ланзафаме - Премногу потрошени топки од негова страна.Се труди да постигни нешто,но на овој натпревар тоа не воопшто не му успеа.

Дел Нери - Можеби згреши што го уфрли Красич уште од првата минута во натпреварот.Исто така грешка му беше смената на Мело со Сисоко, и тоа во период од натпреварот кога Јуве сеуште губеше 1-0.Се надевам дека нема да биде како Раниери,Ферара и Закерони и дека ќе учи на своите грешки.

Следно коло,Јуве го игра на домашен терен со Сампдорија.Натпревар на кој секој друг исход освен победа е рамен на пораз.

во право би се сложил со тебе
 
Доста тропаш глупости ако имаш нешто убаво да кажеш добро ако не поарно ќути си и не ја руши атмносферата тука бидејќи добра е до сега. А поразот ништо немора да значи, шо фајте оти лани почнавме со 4/4 на почетокот кога на крајот завршивме 7ми. Се уште е рано да се прават било какви пресметки бијдеќи пола и повеќе од тимот недеска беа новаци и им треба време да се уиграат нормално :)


Не ме плаши воопшто поразот колку што ме плаши играњето "како муви без глави" без никаква идеја, а за реализација да не коментирам. Пораз е една работа, ама пораз со мизерна игра и 2 (два) шута во гол е сосема друга. Ќе видиме, како што кажа има доста нови играчи. Да се надеваме дека ќе се уигра тимчево и дека ќе станеме достојни за оној стариот Јуве. Искрено очекував многу повеќе на овој деби натпревар сезонава.


Gigi Del Neri feels Juventus “would need to be improved further,” but was impressed by their character in the Bari defeat

I smell Ranieri all over again! :zid:
 
Тоа е тоа, сезонава почна како и што заврши. На Запад ништо ново, што би рекол Бора Чорба. Изгледа ќе си ги трескаме главите во ѕид и сезонава ама што е тука е. Што сме си надробиле тоа ќе сркаме. Единствено останува да се надеваме дека ова било само лош ден и дека резултатите ќе си дојдат сами по себе. Ако не, нека му ја мисли Дел Нери како прво а по него и Марота.
 
^

Jас обратно би ги свртил. Прво Марота!
Тој е тој што го состави тимов, тој е одговорен за последиците. Позитивни или негативни - сеедно.
 
^

Jас обратно би ги свртил. Прво Марота!
Тој е тој што го состави тимов, тој е одговорен за последиците. Позитивни или негативни - сеедно.
И тоа што викаш. Тој е оној кој ги купи сите засилувања, го продаде Диего и секако легендата Трезегол. На крај или ќе го колнеме или ќе го величиме, трето нема.
 
Доста тропаш глупости ако имаш нешто убаво да кажеш добро ако не поарно ќути си и не ја руши атмносферата тука бидејќи добра е до сега. А поразот ништо немора да значи, шо фајте оти лани почнавме со 4/4 на почетокот кога на крајот завршивме 7ми. Се уште е рано да се прават било какви пресметки бијдеќи пола и повеќе од тимот недеска беа новаци и им треба време да се уиграат нормално :)

Ти ке ми кажеш што јас ке пишувам , ако не сакаш не го читај тоа јас што сум го напишал.
П.С и не ми реплицирај поише све би било излишно со тебе да коментирам.
 
Момци на велико се збори дека идниот клуб на Бориело е Јувентус,незнам што мислите али подобар би бил од Амаури во секој случај.
 
Момци на велико се збори дека идниот клуб на Бориело е Јувентус,незнам што мислите али подобар би бил од Амаури во секој случај.

Би го трампал Бориело за Јакинта во секое време! Солиден напаѓач, има осет за гол. Ама според мене од вашите (што не ви требаат) подобра опција би ни бил Хунтелар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom