Едно само не ми е јасно: Која му беше замената МЕЛО <---> СИСОКО!?!?
Го извади најдобриот поединец на теренот до тогаш, за да стави човек што не знае да подаде од 2 метра!
Точно така.Таа замена беше голема грешка.
Сторари - Не беше воопшто виновен за примениот гол.Голот што го постигна Донати беше неодбранлив.
Мота - Не беше лош,но не беше ниту забележителен.Офанзивата му е многу појака страна.
Киелини-На крајот имаше 100% шанса што можеше да го смени резултатот,но имаше одлични интервенции пред својот гол,покривајќи ја и својата и позицијата на Де Чеље.
Бонучи - Има потенцијал,добро се согласуваат со Киелини,и од натпревар во натпревар ќе игра се подобро и подобро.
Де Чеље - Дефинитивно најслабиот поединец во Јувентус.Секој напад на Бари беше преку Алварез од страната на Де Чеље, и во 99,9% од дуелите добитник беше Алварез.
Пепе - Слабо одигран натпревар од страна на Пепе.
Маркизио - Можеше да изреагира подобро при шутот на Донати, но и покрај тоа денеска Маркизио изигра послабо од очекувањата.Иако имаше некои добри потези сепак беше видно послаб.
Мело - Изигра добро во првото полувреме,и не може ништо да ја оправда одлуката на Дел Нери да го внесе Сисоко на неговото место.Дел Нери направи грешка со тој потег.
Красич - Има одржано само 3 тренинзи,а ова му е воедно и прв натпревар во црнобелиот дрес и во Сериа А.
Дел Пиеро - Најдобар поединец во Јувентус.
Кваљарела - Со оглед дека му е прв натпревар во дресот на Јуве,и дека дојде вчера,изигра добро и верувам дека ќе има позитивен придонес за тимот оваа сезона.
--------
Сисоко - Заедно со Де Чеље исто како да не играа.Немаше ниту еден точно поддавање,ниту одземање на топка.
Мартинез - На натпреварот со Штурм покажа дека повеќе знае да се снајде како втор напаѓач отколку како крило.И повредата си го направи своето.
Ланзафаме - Премногу потрошени топки од негова страна.Се труди да постигни нешто,но на овој натпревар тоа не воопшто не му успеа.
Дел Нери - Можеби згреши што го уфрли Красич уште од првата минута во натпреварот.Исто така грешка му беше смената на Мело со Сисоко, и тоа во период од натпреварот кога Јуве сеуште губеше 1-0.Се надевам дека нема да биде како Раниери,Ферара и Закерони и дека ќе учи на своите грешки.
Следно коло,Јуве го игра на домашен терен со Сампдорија.Натпревар на кој секој друг исход освен победа е рамен на пораз.