Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дечки ја гледавте италија пепе ви изигра маестрално иако италија не победи...искоментирајте нешто!:toe:

се надевам дека ке биде добро засилување прв пат онака да игра пепе и искрено мене ме искрено ме остави без збор
 
Pepe браво мајсторе п.с ова кај се критичарите на Пепе на форум:jaj:
 
ПЕПЕ :zver: сигурно претрча 15 км ,и не забележав едина грешка а го имаше во скоро секоја акција и по цел терен. Цар . Кришито нека си седи во Џенова добар е за таму.
 
Јас сум пријатно изненаден од Пепе. Иако бев скептичен во врска со него по неговиот трансфер во Јуве сега почнува да ми се менува мислењето. Беше еден од подобрите во редовите на Италија ако не и најдобар. Видовме убави дриблинзи од негова страна, убави нафрлувања и сето тоа зачинето со асистенција за израмнувачкиот погодок. Се на се одличен меч од Пепе.
 
ПЕПЕ :zver: сигурно претрча 15 км ,и не забележав едина грешка а го имаше во скоро секоја акција и по цел терен. Цар . Кришито нека си седи во Џенова добар е за таму.

Пепе имаше една грешка, последната акција ко не истрча 20 метри за 3секунди :D Малку мајтап. Пепе е играчиште мило ми е шо цел форум почна да го фали.
Кришито немаше грешки и имаше ептен здрави центаршутеви, мислам дека мора да се врати.

Иако многу скептичари ќе почнат да се жалат јас сум ептен задоволен од Италија, како за прв меч мислам дека и отпојќе добро изиграа.
п.с. Џиџи WTF???
 
"Buffon was reported to have suffered a hamstring injury, and his status for the rest of the tournament is currently unknown."
 
Пепе имаше една грешка, последната акција ко не истрча 20 метри за 3секунди :D Малку мајтап. Пепе е играчиште мило ми е шо цел форум почна да го фали.
Кришито немаше грешки и имаше ептен здрави центаршутеви, мислам дека мора да се врати.

Иако многу скептичари ќе почнат да се жалат јас сум ептен задоволен од Италија, како за прв меч мислам дека и отпојќе добро изиграа.
п.с. Џиџи WTF???

Се сложувам со ова, играа многу подобро отколку на припремните натпревари, што значи дека формата им оди во нагорна линија. и кој што сака нека каже, Италија оди со малку среќа, барем до полуфинале.

Шо се однесува на нашите, Пепе беше можеби и најдобар поединец, Кришито исто добар, Киелини како и секогаш, само судијата мамката му, не беше ни фаул тоа, он жолт му даде...за Буфон се надевам не е ништо лошо, и ќе може да брани ако не порано, барем во 1/8 финале. затоа шо без него, не е тоа тоа.
 
Пепе пријатно ме изненади, немав некое особено мислење за него, но после овој натпревар (се разбира да продолжи да игра во исто темпо) ги има моите симпатии. Со оваква пожртвуваност и желба за надигрување мислам дека ќе се снајде во Јуве. Тоа е она што според мене највеќе му треба на Јуве, фудбалери „работници“ кои ќе гинат на теренот наместо цел натпревар да ја местат фризурата и да мафтаат со раце кон судијата!
 
....тоа е она што според мене највеќе му треба на Јуве, фудбалери „работници“ кои ќе гинат на теренот наместо цел натпревар да ја местат фризурата и да мафтаат со раце кон судијата!

На Јуве му требаат фудбалери без фризура, за да нема што да местат - како Пепе! :pos:

Јас како најголем противник на трансферот на Пепе, признавам дека сум многу пријатно изненаден од момаков. Да се надеваме дека ќе продолжи со таа форма и мотивација и во Јуве! :)
 
Дечки ја гледавте италија пепе ви изигра маестрално иако италија не победи...искоментирајте нешто!:toe:

Испадна дека Пепе изигра многу подобро од Красич,мада ја го имам гледано Пепе во Удинезе и не ме изненади само бев скептик дали ќе може да игра под притисок за репрезентација на едно светско првенство а иначе не се сомневам во неговиот квалитет,брз е и има техника,и не го викам ова само ради тоа што изигра добро,го пратам Пепе како играше во Удинезе,ма Липи е класа тренер од секој играч знае да го извади максимумот,дури и Замброта играше добро,Липи знае како да ги спреми ментално.
 
Јас како најголем противник на трансферот на Пепе, признавам дека сум многу пријатно изненаден од момаков. Да се надеваме дека ќе продолжи со таа форма и мотивација и во Јуве! :)
Пепе секогаш го дава максимумот на теренот, а токму такви играчи во моментов му се најпотребни на Јувентус,работници. Против Парагвај, подеднакво добро изигра и лево и десно и се надевам дека во таква форма ќе продолжи и во наредните натпревари со Италија и со Јувентус. Во сите медиуми има највисока оцена од сите играчи на Италија. Браво за Пепе.
 
Sky викаат дека Бонучи секој ден е се поблиску до Јуве и дека работите се одвиваат во добар правец.

Моментално играчи кои се најблиску до трансфер во Јуве:
-Красич
-Бонучи
-Галас

А се преговара и за:
-Џеко
-Мартинез

Вака гледано не е лошо :)
 
Галас мислам дека е поблизу до Рома отколку до Јуве.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom