Покрај навивачите, проблем за доаѓањето на Ибра во Јуве би била и платата.Јуве во никој случај нема да му даде 10-12 милиони плата колку што земаше во Интер и Барселона.Од друга страна реално, се работи за играч од врвна класа, и тоа што оваа сезона не ја игра во форма од минатите,а мора да се извршат промени во нападот на Јуве,бидејќи оваа сезона нападот на Јуве потфрли.Веќе сигурно е дека Амаури ќе биде продаден (како што се најавува трампа со Кјаер),Трезеге веројатно ќе се враќа во Франција и Аргентина, со што се отвара простор за засилувања во нападот, и од огромна важност ќе биде доаѓање на еден класа напаѓач.Од друга страна подобро да се дадат 40 милиони за Ибра, отколку да се трошат 25 мил. за Пацини.