Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Таман си кажува човекот бе ... толку беше од Каморанези мислам дека го нема веќе во него тоа што го имаше порано :toe:

Како да го има кога цело време е повреден бе човек,кога е фит е увек межу најдобрите играчи на јуве,без Камора ќе немаме ни малку креативност што имаме
 
За со Фулам нема да ни треба многу јака одбрана затоа што Фулам игра многу дефанзивно па одбрамбените ќе треба да пазат само на контри:toe:

Ах, ахх е за контри сме попара. Особено со оние шо мислиме дека ќе почнат во одбраната :tapp:.
 
Фулам е типична англиска екипа од втора/трета класа ... ако случајно се случи некое изненадување нема да биде поради тоа што Фулам е незгоден и силен противник , туку поради тоа што Јувентус сезонава е курац од екипа ...
 
Да да ..нишо не е до фулам убо вика стара дама ..Се е до јувентус и како ке се покажат. Come on Juve :-)
 
Фулам е типична англиска екипа од втора/трета класа ... ако случајно се случи некое изненадување нема да биде поради тоа што Фулам е незгоден и силен противник , туку поради тоа што Јувентус сезонава е курац од екипа ...

Па зошто уште навиваш за ваква екипа?
 
Никаде не реков да не навиваш. Те прашав.

Опет, зошто навиваш за ваква екипа?

Па затоа што од 6 години навивам за таа екипа... имаше периоди кога беше најдобра на светот , дури и во сезоните кога не освојуваше титули личеше на нешто ...

Сега дојдоја нови времиња каде што нашата драга екипа наликува на се само не на сериозен тим и фудбалски гигант , што не значи дека не треба да навиваме за нив или дека не треба да критикуваме ... јбг Јувентус има високи критериуми ...
 
Ок, можеби - ма да проблемот е што пристапот ти е како да си среќен за се ова што се случува. Секој пораз или секој грешен потег на клубот те мотивира тука иронично да ни го потиш на сите.
Пред некој ден делуваше како да си радосен за повредата на Киелини.
До сега не си честитал за ниту една победа на тимот. Опозитно од тоа, кога ке изгубиме тука си прв и најгласен!

Твој проблем е тоа што тебе не ти е по теркот оваа управа. Не викам дека се големи стручњаци за работава, ама тие беа единствените што се нафатија да работат со клубот после она што му се деси - ти текнува нели ? Можеби не ми се ни мене по кејф, али гледам реално на работите, кога се за критика ке ги критикуваме, кога се за пофалба ке ги пофалиме. Тоа е тоа. Ти си тука само кога треба да се дрнда вуна (да се критикува).

Не е работата да бидеме навивачи само кога клубот се шета до титули, а ниту пак да бидеме најгласни, полни со иронија и да се смееме со прст кога се губи.
Наше е да навиваме за клубот и да бидеме со него и во добро и во лошо. Тука се познаваат вистиските навивачи.

До тебе е, кој став ке си го заземеш:smir:
 
Не се секирајте, ќе ги тепаме Фулам. Верујте ми смешно е да се прави споредба на Јуве со Фулам, сепак Фулам е екипа која е неколку класи под Јуве иако годинава сме далеку од препознатливиот сјај. Палермо според мене беше само лош ден и показател за заморот т.е. слабата клупа која ја имаме.

Добро е што повредата на Киелини е мала. Ќе одмара со Фулам и Сиена (наша филијала е тоа, очекувам сигурни 3 бода:smir:) и ќе биде спремен за тешката серија на натпревари што ни следува. Него и на Диего им треба највеќе одмот.

П.С. Кога се игра реваншот со Фулам?
 
Пред некој ден делуваше како да си радосен за повредата на Киелини.
До сега не си честитал за ниту една победа на тимот. Опозитно од тоа, кога ке изгубиме тука си прв и најгласен!
Немам време да ти одговорам на цел пост бидејќи на излегување сум (после ко ќе се вратам ) :) ... управата не беше таа која се нафати да го превземе клубот во тешките моменти туку едвај дочека да го превземе :wink:

Не бев радосен за повредата на Киелини бидејќи тој е еден од ретките кои навистина заслужуваат да играат за Јувентус во споредба со останатите забавни танчери во екипата (едно 80%) ... само онака се нашалив на одбраната која ни е на располагање ...

А за тоа честитањето ... што има да честитам победа во најслабата сезона во историјата на клубот во која се срушија сите негативни рекорди шо постојат ... мислиш дека треба да се радуваме на секоја победа и да се молиме Јувентус да заврши 4ти? ... на клубот му треба промена од корен , а поголем мотив за тоа од сезона како оваа нема ... сепак проблемот е што некој е задоволен со 4тото место и во мај сезонава ќе ја прогласи за успешна и ќе му го продолжи договорот на Ѕакерони ...

така да го чекаме крајот на сезонава , па ќе ги видиме промените :wink: дотогаш нема што да се честита или пофали во оваа бедна сезона ...
 
Не е работата да бидеме навивачи само кога клубот се шета до титули, а ниту пак да бидеме најгласни, полни со иронија и да се смееме со прст кога се губи.
Наше е да навиваме за клубот и да бидеме со него и во добро и во лошо. Тука се познаваат вистиските навивачи.
Потполно си во право,навивачите и симпатизерите на клубот треба да го поддржуваат клубот и кога освојува титули, и кога тимот не освојува ништо.

Сепак проблемот е што некој е задоволен со 4тото место и во мај сезонава ќе ја прогласи за успешна и ќе му го продолжи договорот на Ѕакерони...
Никој не е задоволен од 4то место.Само за да можат да се остварат промените, минимално што мора да се направи е да се освои 4тото место. Бидејќи,ако Јуве не се пласира наредната сезона во ЛШ,ќе биде многу тешко да се убедат појаките играчи да дојдат во Јувентус.

Веќе е сигурно дека ќе има промени на крајот од сезоната. Бетега е само првиот чекор кон тие промени, сигурно доаѓа еден Генерален Директор, а можеби и Липи да биде назначен како Претседател на клубот на местото на Жан Клод Блан. А моменталниот Спортски Директор Алесио Секо за моменталната позиција беше предложен токму од Лучијано Моџи.
 
18.03.2010 .. 19:00 :)

European Cups - Europa League
March 11
19:00 Atletico Madrid ? - ? Sporting Lisbon
19:00 Hamburger SV ? - ? Anderlecht
19:00 Lille ? - ? Liverpool
19:00 Rubin Kazan ? - ? Wolfsburg
21:05 Benfica ? - ? Marseille
21:05 Juventus ? - ? Fulham
21:05 Panathinaikos ? - ? Standard Liege
21:05 Valencia ? - ? Werder Bremen
еве на ливескоре шо пишит :D а истото го пишит на трач.ком :D значи натпреваров се играт во 21 : 05
 
Брат ми за реваншот збориме :wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom