Еве едно клипче за Маркизо. Добро е што во тимот имаме ваков играч од младинската школа. Во Маркизо се крие голем потенцијал, само ке треба да дојде некој тренер што ке успее да го извади тој потенцијал од него.
:music3:
Иначе заборавив да шкртнам тука,
Многу голем впечаток ми остави Место против Интер. Постојано лево - десно играч со широк радиус на движење, плус одлични напаѓачки квалитети (шут, центаршут, дриблинг, соработка). Мислам дека во Италија е единствениот десен бек што барем малку се доближува до Маикон.
Ми се чини дека пред некое време бевме заинтересирани за него, но ништо сериозно. Можеби беше и само медиумска патка.
Статистиката вели 24 натпревари, 5 гола и 4 асистенции. Само за споредба, Диего има скор од 25 натпревари, 5 гола и 6 асистенции.
Фантастичен скор кога е во прашање десен бек.