Рома ја разгледувале опцијата да го ангажираат Молинаро, но само на позајмица.
линк
Mислам дека Јуве не треба да го дава на позајмица. Или перманентен трансфер или нема трансфер, така е подобро . А мислам дека тешко дека и Секо и Блан ќе прифатат позајмица на Молинаро.
Последната најавена шпекулација на Газета Дела Спорт е 4-4-2 формацијата со Амаури и Јакинта во нападот, а Каморанези, Маркизио, Мело и Де Чеље во средината. Чиро се двоумел дали да го стави Де Чеље или Поулсен како стартер, бидејќи во случај да треба да се смени формацијата во 4-3-1-2, Поулсен би бил подобро решение бидејќи е подобар во одбрана.
Ако би играл Де Чеље во ваква формација:
Маркизио--Мело--Де Чеље
Каморанези
Мислам дека подобро е во ваква формација Поулсен да има предност пред Де Чеље поради тоа што е подобар во дефанзивата од Де Чеље, а во 4-4-2 формација, таа позиција е идеална за Де Чеље со оглед на тоа дека Де Чеље е одличен во нападот, дава одлични нафрлени топки за високите и одличните со глава Јакинта и Амаури, но е послаб во одбраната..
A Maрко Тардели изјави дека во Маркизио се гледа самиот себеси.
линк