Диего:Ниту еден клуб не е како Јуве
Бразилскиот интернационалец, Диего вели дека Јувентус е многу голем клуб и цели кон враќање на терените на дуелот со Болоња.
Диего ова лето пристигна во Јувентус од редовите на Вердер Бремен во трансфер вреден околу 25 милиони евра.
Бразилецот имаше одличен старт на својата кариера во Калчото постигнувајќи два погодоци на првите три натпревари и важи за една од новите ѕвезди во Серија А.
Во интервју за Tuttosport, плејмејкерот проговори за неговите први месеци во Торино.
“Она од што сум најмногу изненаден е големината на Јувентус, а потоа наклонетоста што сите ја чувствуваат кон мене, пред се фановите на Јувентус, но исто така сум приметил голема доза на почит и од фановите на нашите противници.” – рече Диего.
За тајната на својот успех во Италија уште од самиот старт, Диего рече: “Мислам дека е покажувањето на почит кон сите, можеби она е тоа што се важи. Што се однесува до фановите на Јувентус, многу е јасно дека тие ме прават да се чувствувам важен.”
“Тие ми даваат сила.”
“Со победата на Олимпико добив самодоверба дека овој тим може да се натпреварува со секој противник во светот. Нашиот предизвик е да победуваме, и иако имаме некои слабости како секој тим, можеме да оствариме одлични резултати.”
Околу неговата повреда, Бразилецот рече: “Се чувствувам добро, започнав со тренинзи и најверојатно утре ќе му се приклучам на тимот.”
“Но не верувам дека ќе настапам на дуелот со Џенова, следниот натпревар кој се игра викендов е пореална цел.”
Диего исто така советува управата на Јуве да ангажира уште неколку играчи од Бразил.
“Одлична идеа е да се ангажира талентиран скаут од Бразил. Трансфер пазарот во Бразил е уникатен, во квалитет и квантите на талентирани играчи. Многу е добро Јуве да биде присутен таму.”
Диего не крие ниту дека италијанскиот стил на живот повеќе му одговара:“Мислам дека на сите им е јасно дека нас бразилците италијанскиот стил на живот ни е многу поблизок во споредба со германскиот.“