Со овој пораз патот до Скудетото е уште подалечен и поневозможен...
Слаба игра..После нерешениот резултат на Интер со Палермо, ни се пружи шанса да се доближиме колку толку, но Јуве и тоа го прокоцка, така да самите си се криви..На неколку пати годинава ни се пружи ваква шанса, но штета е Јувентус што не ги искористи, и тоа губејќи ДРАГОЦЕНИ бодови од тимови како Киево и Каљари..
Јакинта заедно со Молинаро се единствените светли точки во последните натпревари, вклучувајќи го и овој..Молинаро стварно напредува и искрено се надевам и му посакувам само вака да продолжи..Секоја чест за Јакинта...Капа симнувам..
Другите сите изиграа слабо без исклучок..
А околу Раниери...
Да не се залажуваме..Колку и да го плукаме ,знаеме дека Раниери останува и вгодина, и се надевам дека ќе успее да учи од грешките кои ги направивме оваа година во Сериа А..Пред се се надевам дека ќе научи ДЕКА ТИТУЛА НЕ СЕ ДОБИВА САМО СО ПОБЕДИ ВО ДЕРБИ СРЕДБИТЕ, ДЕКА ТИТУЛА СЕ ДОБИВА ПРОТИВ МАЛИТЕ ЕКИПИ!!! Ако не донесе важна титула вгодина Раниери, веројатно ќе добие билет во еден правец, и на негово место ќе седне Марчело Липи...Тоа е реалноста, Раниери сакале или нејќеле останува и вгодина тренер на Јувентус..
Морам да прокоментирам и за судењето на овој натпревар..Ниту најмалку не сакам да кривам некој друг за поразот..Најмногу крив си е самиот Јувентус, но судењето на овој натпревар беше исто како Општинска Македонска Лига..Прво, има акција, досудува (свири) фаул судијата, играчите на Џенова продолжуваат да играат, даваат гол и судијата им го призна голот, ова ни во општинско го нема..Второ, пеналот што го изведе Дел Пиеро рака на срце не беше пенал, ама кога си имаме работа со општински судија, тоа е...Трето, на Недвед не му суди фаул во негова корист кога беше турнат со сета сила од Бокети пред 16тикот, за да биде иронијата поголема тука, човек и да не сакаше да го види тој фаул ќе го видеше, а камоли да е поставен токму за тоа ДА ГЛЕДА...Четврто суди офсајд непостоечка ситуација, кога Јакинта излезе 1 на 1 со голманот...
Искрено, гледано според играта Џенова наполно си го заслужи денешниот плен, а тоа се 3те бода, кои му се и те како важни за зацврстување на 4тото место...
А Јувентус, ако сака титула, треба сериозно да седне и сериозно да се ангажира на трансфер пазарот...