Недоволно. Со еден збор тоа е мојот опис за денешниот натпревар. Имавме далеку поголем посед на топката ама какво фајде од тоа кога нема завршница!? Не знам дали свесно или несвесно али Наполи цело време ни ја оставаше средината и пробуваше нешто преку контри, нешто слично како и Каглиари... Лесно противниците ни го пробиваат средниот ред во пакет со одбраната и влегуваат во контра со 100% шанса за гол. Ја имавме таа среќа на овие да не им иде денска па да не оплодат ни една шанса.
Молинарото освен кондицијата (капа му спуштам за таа кондиција) нема ништо друго фудбалско во него. Левото ноџе максимално му закржлавело...гревови. Недвед изгубил осет на пас, шут, штоп на груда, удар од 11 метри... Летоска под итно чекам негова замена за на долги патеки.
Не знам дали некој приметува ама кога брани Манингер
поретко примаме гол. Патрав, патрав ама не примаме гол. Против Каљари ги имавме и Буфон и Киелини и дома игравме и пак ни закачија солидни три комада. Во првиот дел од сезоната (кога бранеше Манингер) ни еднаш не примивме 3 гола и ниеднаш одбраната не ни изигра толку слабо, без разлика дали бил Киелини или Мелберг..
И Дел Пиеро изигра слабо. Имаше неколку солидни шанси за гол ама некако аматерски реагираше. При крајот на натпреварот се виде и нервозата во неговите очи, нетипично за него. 34 години има и не може од него да очекуваме да не вади од гомна на секоја утакмица. Човекот игра нон стоп без пауза. Причината за ваквите бледи игри кај него ја гледам во заморот. Не треба ништо друго освен 1-2 натпревара
одмор и ке го гледаме стариот Пинтурикио против Челзи

...
Трезеге е човек на одлука. Постигна регуларен гол кој беше поништен. Како што реков, Трезе е бериќет така да со него во тим нема шанси да имаме посни игри. Со него во тим 100% ќе има гол(ови). За овие 60-ина минути (не беа ни толку) во игра имаше повеќе шанси отколку останатите напаѓачи заедно на претходниве 3 натпревара вклучувајки го и вечерашниов. Убеден сум дека Трезе сеуште има капацитет за првотимец. Неговиот осет и тоа како ни фали, поготово на вакви тешки натпревари каде што една шанса го одлучува натпреварот. За со Челзи ќе ни биде и те како потребен... Честитам за влезот во полуфиналето и се надевам на подобри игри на двомечот со Лацио.:smir: