Vartolu
The Infamous Mobb
Моџи можеби беше трансфер гуру, ама факт е дека поради него Јуве си прелета во Сериа Б.. Не викам дека другите не местеа (Галијани, Де Ла Вале, Морати)...Јувентус ке му понудат нов договор на Алесио Секо. Тука
Никогаш нема да можам да сватам...Имавме тим, кој што беше уигран, квалитетен, и на хартија и на терен подобар и од Интер, и од Милан, и од секоја Италијанска екипа, секогаш најдобар тренер (Марчело Липи и Фабио Капело), и зошто мораше да мести?
За трансфер потези му симнувам капа..Едноставно немаше како него во Италија, а можам да речам дека е во првите двајца и на светско ниво...Колку ли само беше критикуван за тоа што го продаде Зинедин Зидан на Реал Мадрид, топ вест за секој медиум ширум Европа..Но со парите што ги зеде од Зидан, ги купи Буфон, Турам и Недвед...Трио кое беше темел и конструкција на Јувентус во наредните години, Турам си замина, а Буфон и Недвед и ден денес играат во Јувентус...
Но никогаш нема да му простам, што си поигра со реномето на Јувентус, и тоа што поради негова вина замина Јуве да игра во една лига понизок ранг.. Со тој човек се гордеам, зошто сакале или не, тој многу направи за Јуве, донесе многу добри фудбалери, но и се срамам, бидејќи направи голема глупост, па заради него цел тим губеше...
Беше исто и во Наполи..Во Наполи, го доведе Диего Марадона (но за тоа доби добра пара од клубот Наполи, дури и од Градоначалникот на Неапол)..Но подоцна Наполи го здрма финансиска криза, и замина во понизок ранг...Дури го заработи и прекарот „Лаки Лучано“ , озлогласен гангстер на Италијанската мафија...
Но, едноставно не можам да го мразам...
Да се навратам на младиот Алесио Секо..Алесио Секо, како прво е млада фигура во Италијанскиот фудбал..Чирак на Моџи..Сега ќе се осврнам од личен аспект за неговите „сомнителни“ трансфери:
1.Тиаго Мендез - Кога дојде во Јуве, никој не плукаше врз Секо за овој трансфер..Сите го сметаа за супер ангажман, бидејќи Тиаго беше двигател на играта на Лион кој дрмаше во Лигата на Шампиони..И, на Тиаго му тргна лошо во црно-белиот дрес, и сега ќе фрламе со дрва и со камења по Секо а? Секо не е видовит, па да знае дека на Тиаго нема да му тргне во Италија, а во Лион беше прејак играч..Така да јас лично не го обвинувам него за лошиот настап на Португалецот во дресот на Јуве...Или ајде сега , Секо нека влези и нека игра наместо Тиаго...
2. Бумсонг - Бумсонг, беше земен да се најде за во Сериа Б, и се најде...Кога дојдоа Јуве во Сериа А, Бумсонг беше планиран за замена, зошто за играч од клупата е добар играч...И го ангажираа Јорге Андраде...
3.Јорге Андраде - Андраде беше баран од доста екипи (ако ме служи памтењето) тој беше баран и од Милан и од Баерн Минхен..Дојде во Јувентус, според првите натпревари изиграни во дресот на Јуве изигра преубаво, но ете го снајде несреќа, се повреди..И повредата му е од хроничен карактер и се надевам дека ќе заигра фудбал..Што е крив Секо тука? Нема волшебни прсти да го излекува..Како што нема Галијани да го излекува Кака во моментов...
4. Кристијан Поулсен - Како прво Поулсен нема изиграно доволно натпревари за Јуве па да го оцениме како промашен трансфер.. А мене лично ми се допадна неговата игра во тие натпревари што влезе, освен на еден...
Единствено на Секо му замерувам што го ангажираше Књежевич...
Григера е земен како free transfer...
И не можеме да му замеруваме на Секо, бидејќи Секо не го добива истиот трансфер буџет кој го добиваше своевремено Моџи..Така да јас сум за да му го продолжат договорот на Алесио Секо...
А за Амаури, Сисоко, Јакинта, Мелберг и Манингер не треба да се чујат лоши зборови!