Подолски потврдува интерес од Јуве за неговите услуги Најдобриот германски стрелец на ЕВРО 2008, Лукас Подолски потврди дека Јувентус се интересира за неговите услуги.
Подолски со одличните игри на Европското првенство го навлече своето внимание на големит клубови, тој го потврди интересот на Јуве за неговите услуги. "Јувентус се интересираше за мене" - открива фудбалерот на Баерн Минхен за Gazzetta dello Sport.
"И покрај тоа што јас лично со никого не сум разговарал во клубот, ова се само некои информации кој доаѓаат до мене".
"Не сум имал контакти со ниту еден друг клуб, ниту со Баерн за време на ЕВРО 2008. Јас сум тука да го освојам трофејот".
Подолски вели дека неговите одлични игри на Европското првенство се резултат на неговата напорна работа.
"Јас тренирав напорно за да биде подготвен за овој турнир. Со многу желба играм за националниот тим" - вели Подолски.
Подолски во Берн Минхен е во сенка на Лука Тони кој сеуште нема постигнато погодок за својата репрезентација на Европското првенство.
"Тешко е да се заклучи што е подобро за натпреварувањата како што е ова, дали да седиш на клупата во текот на сезоната и во финишот да влезеш во форма или обратно" - вели Подолски.