Не, тоа ти е начин да се помириш со фактот дека Интер е прв и доста надмоќен над другите, вклучувајќи го и Јувентус. Тоа се гледа од месечина а за другите работи може да се дискутира. Гледам како едвај чекате некој весник да напише нешто што ќе ве смири и ќе направи да се чувствувате подобро. А и тие си ја знаат работата па ве подхрануваат со тоа што сакате да го прочитате (нормално се мисли на оние кои купуваат весник и од кои дотичните новинари имаат некаков аир).
Инаку само малоумен новинар може да направи онаква табела. Да ви кажам и зошто:
Пример, на Интер му свирнале непостоечки пенал да речеме во 20 минута. Интер победил. Веднаш му се кинат 3 бода на замислената табела. Интер ќе загубел ако не му бил свирнат пеналот? Почнаа и со гатање да се бават.
Пример, мечот Интер-Емполи: На Интер му беше досуден пенал кој го искористи. Потоа му беше досуден и црвен картон и на крајот и пенал за Емполи кој не го искористи. Гостите добија огромна компензација и шанса да го изедначат резултатот во финишот. Во мечот имаше штетни одлуки за двете страни. Претпоставувам дека и од овде има бодови во табелата?
Во табелата во секој случај можат да влезат два бода за оној фамозен пенал со Парма (без да отвараме стари дискусии) затоа што беше свирнат на крајот од натпреварот па ете директно влијаел на резултатот. Останатото се бисери на мудроста. Исто како на Милан да му ги одземеш бодовите со Фиорентина зошто Неста не добил црвен па тоа влијаело на резултатот. А можеби му ги одземале кој да ги знае колку се улави...
Кога се местеа првенствата во Италија симптоматично беше што се форсира една екипа (ептен, ептен повеќе од она за што му се приговара на Интер), а во исто време се оштетува екипата која го брка тој тим на табелата. Во случајов, не гледам некој да ја оштетил Рома, која по сите критериуми е единствена екипа во Италија која годинава може да го загрози Интер.
Ви ја разбирам потребата да го поистоветите Интер со времето на Јуве и во тоа да најдете оправдание, ете ќе бидете “жртви“ некое време. Факт е дека Морати никогаш и со ништо не покажал дека сака да се плетка со работите со кои се занимаваа Моџи и Галијани, едноставно тоа не е негов стил а тие двајца се обични Мафиози какви што имало и ќе има низ Италија. Не очекувам ова да го прифатите, нормално е дека сме фанови на различни екипи, и јас можеби би барал оправдување за лошите резултати во други работи и би чекал помош од квази-новинари и гатачки. Искрено, поубаво ми беше кога Интер не освојуваше ништо, раат си бев

.
Очигледно има многу луѓе во Италија на кои ваквата ситуација во која Интер владее не им се совпаѓа со нивните интереси па ќе сторат се што е во нивна моќ ако не оваа, од идната година да го тргнат од тронот. Притисокот кој се врши над судиите кои ионака се неискусни и по малку изгубени за брзо време ќе даде резултати со свирење се и сешто на теренот. Еве веќе не се двоумат да се фатат за џебот и за црвените картони (иако оправдани, ама нели, се фаворизира Интер па малку е чудно), пенали како оној за Емполи (досудија еден и за Интер да не бидам разбран погрешно), ама верувајте, допрва ќе гледаме чуда...