Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Раниери мислам дека заслужува да добие шанса за наредната година(но да не се залажуваме, и управата треба да донеси јаки засилувања, не да го остават со истиве играчи, и да очекуваат од него чудо.Ете му го донесоа Сисоко(Раниери доста беше загреан за овој играч), исто е загреан и за Диего..За ВДВаарт не знам дали е уште ама беше едно време, па изјави дека се пишмани(гоал.ком)ако е за вервање:)..Еден класа одбранбен играч...И мислам дека вгодина ако е вака скудетото нема шанси да го промашиме...:cuc:
 
Jas mislam Ranieri da si napravi come-back u Parma najubavo ke bide i za nego i za Juve.Ne ide veke vaka posle vakov sram se podnesuva neotpovikliva ostavka.Kupot ni bil prioritet taka vikase Ranieri sega ispadnavme i od kupot.Moe mislenje e ako ostane na klupa tesko dogodina vo Liga na sampoini (ne daj boze).:toe:

I jas istoto go mislam.
Da si odi. Za kur ne go biva.
Nie sme Gigant, i treba "Gigant" da ne vodi, a ne desetoklasen trenjer shto vecna ambicija mu bila da igra Kup na Uefa preku osvojuvanje na Kup na prvenstvo.
Gluposti.
 
Definitivno treba da se mu se pokaze vratata. Iako e dobar trener sepak juve e prvoklasen tim i zasluzuva ekstra menadzer!!!
 
Искоментирав за ова на темата на Интер (таму прво го видов)

Нема шо да се плачи сезонава од месечина се гледа дека судиите му подаруваат титула на Интер а нема никакви санкции :( Задоволен сум од првенството шо го гледам Јувентус дека се врати од мртвите и дека е способен да се бори против монопол.

ммм и уште една работа за весниците во Италија
Тутоспорт - Торино
Кориере - Рим
Газета - Миљано // погодете за кој навива?

Мислам дека неможе да ја усере оваа сезона да го оставиме нека ја доврши па како ке се покаже ако е добар да го оставиме ако не да го смениеме...:toe:
 
Нема шо да се плачи сезонава од месечина се гледа дека судиите му подаруваат титула на Интер а нема никакви санкции :( Задоволен сум од првенството шо го гледам Јувентус дека се врати од мртвите и дека е способен да се бори против монопол.

Не, тоа ти е начин да се помириш со фактот дека Интер е прв и доста надмоќен над другите, вклучувајќи го и Јувентус. Тоа се гледа од месечина а за другите работи може да се дискутира. Гледам како едвај чекате некој весник да напише нешто што ќе ве смири и ќе направи да се чувствувате подобро. А и тие си ја знаат работата па ве подхрануваат со тоа што сакате да го прочитате (нормално се мисли на оние кои купуваат весник и од кои дотичните новинари имаат некаков аир).

Инаку само малоумен новинар може да направи онаква табела. Да ви кажам и зошто:

Пример, на Интер му свирнале непостоечки пенал да речеме во 20 минута. Интер победил. Веднаш му се кинат 3 бода на замислената табела. Интер ќе загубел ако не му бил свирнат пеналот? Почнаа и со гатање да се бават.

Пример, мечот Интер-Емполи: На Интер му беше досуден пенал кој го искористи. Потоа му беше досуден и црвен картон и на крајот и пенал за Емполи кој не го искористи. Гостите добија огромна компензација и шанса да го изедначат резултатот во финишот. Во мечот имаше штетни одлуки за двете страни. Претпоставувам дека и од овде има бодови во табелата?

Во табелата во секој случај можат да влезат два бода за оној фамозен пенал со Парма (без да отвараме стари дискусии) затоа што беше свирнат на крајот од натпреварот па ете директно влијаел на резултатот. Останатото се бисери на мудроста. Исто како на Милан да му ги одземеш бодовите со Фиорентина зошто Неста не добил црвен па тоа влијаело на резултатот. А можеби му ги одземале кој да ги знае колку се улави...

Кога се местеа првенствата во Италија симптоматично беше што се форсира една екипа (ептен, ептен повеќе од она за што му се приговара на Интер), а во исто време се оштетува екипата која го брка тој тим на табелата. Во случајов, не гледам некој да ја оштетил Рома, која по сите критериуми е единствена екипа во Италија која годинава може да го загрози Интер.

Ви ја разбирам потребата да го поистоветите Интер со времето на Јуве и во тоа да најдете оправдание, ете ќе бидете “жртви“ некое време. Факт е дека Морати никогаш и со ништо не покажал дека сака да се плетка со работите со кои се занимаваа Моџи и Галијани, едноставно тоа не е негов стил а тие двајца се обични Мафиози какви што имало и ќе има низ Италија. Не очекувам ова да го прифатите, нормално е дека сме фанови на различни екипи, и јас можеби би барал оправдување за лошите резултати во други работи и би чекал помош од квази-новинари и гатачки. Искрено, поубаво ми беше кога Интер не освојуваше ништо, раат си бев :vozbud:.

Очигледно има многу луѓе во Италија на кои ваквата ситуација во која Интер владее не им се совпаѓа со нивните интереси па ќе сторат се што е во нивна моќ ако не оваа, од идната година да го тргнат од тронот. Притисокот кој се врши над судиите кои ионака се неискусни и по малку изгубени за брзо време ќе даде резултати со свирење се и сешто на теренот. Еве веќе не се двоумат да се фатат за џебот и за црвените картони (иако оправдани, ама нели, се фаворизира Интер па малку е чудно), пенали како оној за Емполи (досудија еден и за Интер да не бидам разбран погрешно), ама верувајте, допрва ќе гледаме чуда...
 
Кажав и јас пред некоја недела треба да му се дај уште една година. Ајде една година (во која скоро никој ништо не очекува) за билдање на тим и уште една да покажи шо направил.

Па тоа се две „изгубени„ години !!!!
 
Ranieri definitivno treba da si odi, kako sto kazav vrska nema od zivotot, LIPI ili MURINJO se daleku podobri od nego. SECO zaedno so nego, asljakot potrosi milioni na TIAGO, ALMIRON, BOUMSONG koj se pokazaa kako vistinsko razoracuenje. Ni nedostasuva LUCIANO MOGI, sekogas znaese da odbere pravilni igraci bez pritoa da gi trosi zaludno parete.
 
Не, тоа ти е начин да се помириш со фактот дека Интер е прв и доста надмоќен над другите, вклучувајќи го и Јувентус. Тоа се гледа од месечина а за другите работи може да се дискутира. Гледам како едвај чекате некој весник да напише нешто што ќе ве смири и ќе направи да се чувствувате подобро. А и тие си ја знаат работата па ве подхрануваат со тоа што сакате да го прочитате (нормално се мисли на оние кои купуваат весник и од кои дотичните новинари имаат некаков аир).

Инаку само малоумен новинар може да направи онаква табела. Да ви кажам и зошто:

Пример, на Интер му свирнале непостоечки пенал да речеме во 20 минута. Интер победил. Веднаш му се кинат 3 бода на замислената табела. Интер ќе загубел ако не му бил свирнат пеналот? Почнаа и со гатање да се бават.

Пример, мечот Интер-Емполи: На Интер му беше досуден пенал кој го искористи. Потоа му беше досуден и црвен картон и на крајот и пенал за Емполи кој не го искористи. Гостите добија огромна компензација и шанса да го изедначат резултатот во финишот. Во мечот имаше штетни одлуки за двете страни. Претпоставувам дека и од овде има бодови во табелата?

Во табелата во секој случај можат да влезат два бода за оној фамозен пенал со Парма (без да отвараме стари дискусии) затоа што беше свирнат на крајот од натпреварот па ете директно влијаел на резултатот. Останатото се бисери на мудроста. Исто како на Милан да му ги одземеш бодовите со Фиорентина зошто Неста не добил црвен па тоа влијаело на резултатот. А можеби му ги одземале кој да ги знае колку се улави...

Кога се местеа првенствата во Италија симптоматично беше што се форсира една екипа (ептен, ептен повеќе од она за што му се приговара на Интер), а во исто време се оштетува екипата која го брка тој тим на табелата. Во случајов, не гледам некој да ја оштетил Рома, која по сите критериуми е единствена екипа во Италија која годинава може да го загрози Интер.

Ви ја разбирам потребата да го поистоветите Интер со времето на Јуве и во тоа да најдете оправдание, ете ќе бидете “жртви“ некое време. Факт е дека Морати никогаш и со ништо не покажал дека сака да се плетка со работите со кои се занимаваа Моџи и Галијани, едноставно тоа не е негов стил а тие двајца се обични Мафиози какви што имало и ќе има низ Италија. Не очекувам ова да го прифатите, нормално е дека сме фанови на различни екипи, и јас можеби би барал оправдување за лошите резултати во други работи и би чекал помош од квази-новинари и гатачки. Искрено, поубаво ми беше кога Интер не освојуваше ништо, раат си бев :vozbud:.

Очигледно има многу луѓе во Италија на кои ваквата ситуација во која Интер владее не им се совпаѓа со нивните интереси па ќе сторат се што е во нивна моќ ако не оваа, од идната година да го тргнат од тронот. Притисокот кој се врши над судиите кои ионака се неискусни и по малку изгубени за брзо време ќе даде резултати со свирење се и сешто на теренот. Еве веќе не се двоумат да се фатат за џебот и за црвените картони (иако оправдани, ама нели, се фаворизира Интер па малку е чудно), пенали како оној за Емполи (досудија еден и за Интер да не бидам разбран погрешно), ама верувајте, допрва ќе гледаме чуда...

Колку е интер надмоќен видов уште во првите кола кога интер се мачеше со противниците. И за истото доволно коментирав тогаш. Остатокот од сезоната се одвиваше онака како шо диктира диригентот.

Никој не вика дека газета во случајов се потполно во право, туку е добро шо иницираат сомнеж кај луѓето и вршат притисок врз фигц околу квалитетот на судењето со надеж дека ќе се подобри. (барем јас гледам од ваков аспект на ситуацијата)

Примерите за 20та минута ти се донегде во ред шо ги спомнуваш оти можам да кажам дека се сложвам со то шо го напиша и никој не знај како е се одвивал мечот.

Исто се сложвам со то шо го тврдиш упорно дека и судиите се луѓе и чоечки е да се греши. Само ете гледаме дека упорно се греши на нечија страна и гледаме отприлика колку коштале тие судиски грешки.
Точно добро е да се види од каде потекнувале тие поени ама шо се однесва до јувентус еве ти кратка листа која сигурно е ставена во пресметката и во тие поени нема никаков сомнеж (Парма, Наполи, Катанија).

И за крај немој да правиш споредба од ситуацијата тогаш и сега. Зошто? Затоа што (е овде ќе размислувам во стилот на итар пејо) ако ги споредим тогашниот Јувентус и интер јасна е разликата и по успесите во ЛШ каде и ние и вие учествувавте скоро секоја година. Со мала разлика јувентус имаше 1титула,3финалиња,1полу и 2-3четврт, за Интер пак 1полу, и 2-3 четврти. Не се навраќам на историјата за да се фалам колку бил поуспешен тогашниот Јувентус од Интер, туку ти наведвам примери кои се настрана од италијанското првенство со цел да видиш мала споредба дека јувентус бил далеку подобар од интер и на други терени каде личностите шо ги наведи горе и немаат толкаво влијание.
 
Во ред е, со повеќето работи се согласувам, ај по ред:

За првата не се разбравме најдобро: Интер е надмоќен како екипа, со тоа што има инзвонредни поединци кои можат самите да решат меч. Со играта и јас не сум презадоволен, иако е факт дека и со 10 на терен не можат да не надиграат. Сепак, барем со помалите екипи во првенството, и без некоја доминантна игра се победува. Со конкурентите играат доста подобро.

За Газета: нормално е еден спортски весник да пишува за судењето и да критикува судиски грешки. Ама онакви S.F. табели се за чудење. Лошо е тоа што има медиуми кои во сите судиски грешки гледаат тенденција да се помогне/оштети, иако на повеќето натпревари не се гледа тенденција, се греши и на двете страни итн... Вакво организирање на хајки прво е лошо за судиите кои не се искусни и кои под притисокот ќе прават уште поголеми грешки.

За примерите се согласивме.

За Јувентус исто се согласувам, не викам дека не беше оштетен во неколку натпревари. Сепак, екипата која го брка Интер е Рома, и уште пред првенството се знаеше дека ќе биде главен конкурент, ама добива супер-судење. Сакам да кажам дека можеби постои доза на реваншизам кон Јувентус од луѓето во црно (која не ја оправдувам), но тоа никако не значи дека има врска со Интер и со скудетото.

И за успесите на Јувентус: никогаш не сум спорел дека Јувентус имал одлична екипа и дека успесите во Европа биле незаслужени. Исто така сигурен сум дека и во многу сезони од калчото заслужено ќе ја освоеше титулата без никаква помош од судиите. Меѓутоа имаше и години во кои судиската помош директно ја одлучуваше титулата и судиите доаѓаа на помош во последните кола. За тоа виновник е Моџи а не Јувентус, и кога пишувам под “Јувентус“ мислам на управата а не на играчите. Моџи направи од Јувентус тим кој е зависен од судиите иако немаше потреба од тоа. Ја посакуваше титулата по секоја цена, а тоа не е одлика на Морати на пример.

Се надевам дека Јувентус ќе биде многу посилен во иднина но и дека нема да го предводат луѓе со сомнителна позадина. Најважно е да нема мешање во судиската организација од ниеден клуб, а судиските грешки да си бидат грешки со кои фудбалот одсекогаш живеел.
 
Na juve mu treba samo bufon i andrade da se vratat i plus uste eden kreativec(ama dobar) vo sredinata.Toa moze ili VDvart ili diego.I da, ovoj Molinaro mnogu me nervira kako konj e vo napad, eden salam centarsut ne znae da nafrli.
 
Во ред е, со повеќето работи се согласувам, ај по ред:

За првата не се разбравме најдобро: Интер е надмоќен како екипа, со тоа што има инзвонредни поединци кои можат самите да решат меч. Со играта и јас не сум презадоволен, иако е факт дека и со 10 на терен не можат да не надиграат. Сепак, барем со помалите екипи во првенството, и без некоја доминантна игра се победува. Со конкурентите играат доста подобро.

За Газета: нормално е еден спортски весник да пишува за судењето и да критикува судиски грешки. Ама онакви S.F. табели се за чудење. Лошо е тоа што има медиуми кои во сите судиски грешки гледаат тенденција да се помогне/оштети, иако на повеќето натпревари не се гледа тенденција, се греши и на двете страни итн... Вакво организирање на хајки прво е лошо за судиите кои не се искусни и кои под притисокот ќе прават уште поголеми грешки.

За примерите се согласивме.

За Јувентус исто се согласувам, не викам дека не беше оштетен во неколку натпревари. Сепак, екипата која го брка Интер е Рома, и уште пред првенството се знаеше дека ќе биде главен конкурент, ама добива супер-судење. Сакам да кажам дека можеби постои доза на реваншизам кон Јувентус од луѓето во црно (која не ја оправдувам), но тоа никако не значи дека има врска со Интер и со скудетото.

И за успесите на Јувентус: никогаш не сум спорел дека Јувентус имал одлична екипа и дека успесите во Европа биле незаслужени. Исто така сигурен сум дека и во многу сезони од калчото заслужено ќе ја освоеше титулата без никаква помош од судиите. Меѓутоа имаше и години во кои судиската помош директно ја одлучуваше титулата и судиите доаѓаа на помош во последните кола. За тоа виновник е Моџи а не Јувентус, и кога пишувам под “Јувентус“ мислам на управата а не на играчите. Моџи направи од Јувентус тим кој е зависен од судиите иако немаше потреба од тоа. Ја посакуваше титулата по секоја цена, а тоа не е одлика на Морати на пример.

Се надевам дека Јувентус ќе биде многу посилен во иднина но и дека нема да го предводат луѓе со сомнителна позадина. Најважно е да нема мешање во судиската организација од ниеден клуб, а судиските грешки да си бидат грешки со кои фудбалот одсекогаш живеел.

Арно тераме кон исто ама за некои работи за кои неможиме да се согласиме нема да удирам со глата в ѕид. Еве ти неколку работи кои морам да ги потенцирам (болдираните):
1. Нормално е да неможиш да надиграш екипа со 10 играчи ако упорно се брани како да се работи за екипа од дното на табелата и упорно се чека на контра. Примери ќе ти ги кажам последните неколку мечој (2*Јувентус,Удинезе,Емполи) Интер во наведните мечој беше во тотална дефанзива. Во овај случај и не се чувствува отсуството на фудбалер.
2. Табелата дека е СФ е. Точно се сложвам. Само е многу добар пример за последиците од суудиските грешки. Според ова судиските грешки се фатални.
3. За ова вака. Според табелава на интер сезонава му се поклонати 15 поени разлика и ти за скоро сите ситуации досега тврдеше дека се судиски грешки. За јувентус збораш во утакмици во кои директно се одлучваше титулата значи се работи за малку утакмици во кои се работи за една или две грешки (нормална доза на грешки - според тебе нормално е да се греши). Значи кога тебе ти одговара и да се работи за многу греши човечки е да се згреши а кога се работи за грешка на страна на јувентус тогаш е подарување на титула. :smir: Те молам размисли малку понесубјективно пред да пишиш ваква работа.
4. За ова само ќе ти кажам дека не се сложвам дека не е одлика на Морати. Во интерес на време ти кажвам дека нема да почнам да се раправам на оваа тема и ќе застанам само со то шо ти го кажав мојот став.
5. Истото се надевам ќе важи и за интер.
 
3. За ова вака. Според табелава на интер сезонава му се поклонати 15 поени разлика и ти за скоро сите ситуации досега тврдеше дека се судиски грешки. За јувентус збораш во утакмици во кои директно се одлучваше титулата значи се работи за малку утакмици во кои се работи за една или две грешки (нормална доза на грешки - според тебе нормално е да се греши). Значи кога тебе ти одговара и да се работи за многу греши човечки е да се згреши а кога се работи за грешка на страна на јувентус тогаш е подарување на титула. :smir: Те молам размисли малку понесубјективно пред да пишиш ваква работа.

Вака, само за точка 3 :smir: мало појаснување, не се разбравме најдобро:

Не реков дека му се помогнало само во малку утакмици. Тврдев и сега тврдам дека многу му се помагаше во времето на Моџи, тоа и се докажа на крајот. Само потенцирав дека во некои првенства му се помогна во клучни утакмици при крајот на сезоната, без која помош титулата можеше лесно да им избега. Инаку без разлика што долго време имаа голема поддршка од судиите, факт е дека имаше години во кои доминираа и без таа помош ќе беа први, тоа го напишав и предходно.

Се обидувам да бидам објективен секогаш, не само кога се работи за фудбалот. Не видов тенденција во оние неколку судиски грешки на мечевите со Интер, објаснив зошто и за мечот со Парма и посебно со Емполи, да не отвараме стари теми. Ако видам во следниве натпревари биди сигурен дека ќе го признаам тоа. Пишував еднаш предходно што е (според мене) тенденциозно судење, да не се повторувам. Се обидувам секогаш по завршувањето на мечот (откако ќе го изгледам во целост) да донесам заклучок за судењето, а не на првата погрешна одлука веднаш да викам “наместено е“.

Понатаму, не верувам дека ни Интер ни било кој друг клуб за толку кратко време по аферата може да воспостави контрола врз судиската организација, исто како што сум убеден дека ни Моџи тоа не го направил преку ноќ. За такво нешто сигурно е потребно подолго време на прислушување, информирање, селектирање, корумпирање и сите други гадости што можат да му текнат на човека... Во спротивно би ризикувале брзо да завршат со лисици на рацете. На времето имаше одлични судии кои и тоа како знаеа да судат. Сега има млади и неискусни судии фрлени во оган. Затоа и заради предходното што го кажав, имам повеќе причини да верувам дека грешките им се ненамерни.

Во секој случај, тоа се само моите размислувања околу фудбалот и судењето, не мора да сум во право...
 
Трезеге се повредил на денешниот тренинг...утре ке се направат дополнителни анализи и ке се знае колку долго ке отсуствува.

Уште ова ни требаше...:uvo:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom