Фан Клуб: Јунајтед оф Манчестер

  • Креатор на темата Креатор на темата UnitedWeStand
  • Време на започнување Време на започнување
Иако не сум за Манчестер Јунајтед како што глеам има членови некои од фан клуб на Манчестер сепак од одамна знам за клубов односно прв пат се запознав коа еден другар од фан клуб Ман Утд ми покажа клипче од тимчиштево како тепа некои многу појаки од нив и тоа мислам дека 3-2 на крај...не ме земајте за збор можда и вие се сеќавате...ќе се вклучам повеќе во фан клубов иако матичен ми е фан клуб Јуве...така да позз до сите :)

Не ми текнува на кој натпревар мислиш, ама најголемиот успех го постигнаа оваа сезона, т.е. беа на прагот да го постигнат. Брајтон им израмни во 83-та минута на 1:1 и во реваншот ги декласираа so 4:0. Ги гледав и двата натпревари, за жал не успеаа да се пласираат во третото коло од ФА Купот, можеа да се паднат со Манчестер Јунајтед, ама тоа е, можеби наредната сезона. :)
Инаку на сите на кои што сум им кажувал за клубов, ми велат дека се супер и дека го почитуваат тоа што го прават, и покрај тоа што голем број од тие со кои сум зборувал го мразат Манчестер Јунајтед. :)
 
Како иди ова лига кај шо игра Јунајтед оф Манчестер?

Англија конференција блу сквер норт ? или уште подолу ?
 
Premier Division North

Ти си коцкар па знаеш, ги има ли по билтени? :)

Иначе 7 лига е, во билтени мислам дека до 5-та имаше. Одааамна не сум уплатил нешто. :)
 
0:0.
Не ми се верува дека овие не успеаја да ги победат, и тоа дома. -.-
 
2:1 против Ворксоп дома, пред малку заврши натпреварот. :ojea:
 
Premier Division North

Ти си коцкар па знаеш, ги има ли по билтени? :)

Иначе 7 лига е, во билтени мислам дека до 5-та имаше. Одааамна не сум уплатил нешто. :)
Во ЗЛатна копачка, има и 6-та лига (после конференција:)). Седма уште нема :pos:
 
По натпреварот со Ворскоп, следуваа две нерешени и 5 победи за Јунајтед. Се наоѓаат во фантастична серија од 16 натпревари без пораз и моментално се на 3 место, со огромни шанси тука и да останат. Од шестопласираниот имаат 6 бода повеќе и натпревар помалку, а од седмопласираниот имаат 7 бода повеќе со ист број натпревари, што значи дека шансите да завршат подолу од 5-тото место се сведени на минимум. Уште 4 натпревари има Јунајтед до крај, денеска игра со Чејстаун, на гости.

Come on United! :)
 
А колку бода имаат првиот и вториот?
 
А колку бода имаат првиот и вториот?

Првиот има 90, Јунајтед има 70, а вториот 73 со натпревар повеќе. Можат да завршат второ место, ама и така и така дефинитивно ќе играат плеј-оф, првото место е недостижно. :)

Со Чејстаун сеуште 0:0, 2-3 минути до крај на полувреме, пред малку пуштив ова од линкот на Hooligan. :)

Некој Дејвис даде гол, се да му ебам! :/
 
Победија прееска на заостанат натпревар со 2:1. Сега се на второ место на две кола пред крајот, сите екипи во лигата имаат одиграно ист број на натпревари. 6 бода имаат предност пред шестиот, што значи еден негов кикс е потребен или барем еден поен на Јунајтед во последните две кола за да завршат на едно од првите 5 места. Во превод, 99,9% ќе играат плеј-оф. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom