Фан Клуб: Интер

Затоа секоја година бековите зимаат златни топки и награди за најдобри играчи, зашо се побитни од напаѓачите изгледа.

Иначе Чалета Цар, па Кандрева имаше двоцифрен број асистенции у првата сезона на Спалети, сосема коректно изигра, ама у напад ги немавме Лаутаро и Лукаку него само Икарди и ништо повеќе.

Не знам зошто се прават муабетиве кога никој нејќе да си оди Хакими, топ играч е и дај боже да го задржиме. Ама евентуално шиткање на Лаутаро ќе значи голем чекор назад зашо таков играч не наоѓаш на пазарот, уникат е, не дека го праам на ниво на Мбапе ама има огромен потенцијал и простор за напредок а веќе има топ бројки во Интер како ВТОРА виолина. Лаутаро е комплетен играч, има шут, дриблинг, игра со глава, ПРЕМНОГУ трча и покрива во дефанзива, и најбитно од се многу е јак на топка, совршенство му е играта со грб, односно кога прима топка. И сеа таков играч да дадеме за да зееме некој си Кореа? Ај немојте ве молам, по секоја цена мора да го задржат Лаутаро.
 
Конте и управата треба сериозно да се насочат летово кон купување на крилести бекови што би рекол Џони, ете Мение е слободен играч и треба да тргнат по него затоа што за нашиве е Роберто Карлос. И лево треба еден квалитетен, затоа што за формацијата на Конте бековите играат можеби клучна улога во целиот тој систем.

Доста често сезонава гледаме како Лукаку и Лаутаро гледаат како ги прелетува некоја цигла упатена од Кандрева или Бираги
, или пак гледаме како се мачат да упатат и центаршут од што се неписмени.
Чекај, како тоа сега играле клучна улога бековите?

Не замарај бе вол. Ќе ја одереме Барса за Лаутаро овој или следниот преоден рок, уживај си и не се замарај. Си газат Кинезите, нема да биде погоден Интер толку од кризава,
И како тоа да се продавал Лаутаро? Ќе ни се смее некој.

Лаутаро друже, ако ти се иде у Барса молим те фаќај патот и не се срами безвезно пред народот. Абе топка не допре еј, никаква корист од него денес.
:shook:


КОЛКУ Е ЈАК ХАКИМИ АШРАФ АУУУУ МАТЕР МУ ЕБАМ НЕ Е РЕАЛНО ОВА ДЕЦА МОИ

:jeeee:

Ок Иосоно не замарај нервозен сум.
Добро...:kafence:
 
По секоја цена мора да го задржат Лаутаро дека после 60 години имаме ваков тандем во Интер од друга страна пак десен бек ко Хакими не наогаме наредни 10 години.

Ја стварно неможам да одговорам на анкетава туку би ја пренасочил кој би биле замените доколку Лаутаро односно Хакими би го напуштиле Интер, ај за Лаутаро може 2-3 да се најбројат ама за Хакими?

Ио дај смени анкета да не се испоракаме тука ко свекрви некој ... :(
 
Ио дај смени анкета да не се испоракаме тука ко свекрви некој ...
Не не, чекај да се преброиме прво. Ќе се смират свекрвите.

Ок еве јас ќе престанам. Вие само продолжете да се глупирате со смешниве муабети ДЕКА МУРИЕЛ И КОРЕА ќе го мењале Лаутаро. Па нека ни се смее цел форум после. Слободно.
Прв проблем во дискусиите ти е што не дочитуваш. Вториот е што извртуваш и преувеличуваш. Не реплицираш на тоа што е кажано туку на тоа што си го преувеличил или извадил од контекст. Цитатов ти е добар пример. Никој не вика дека Муриел или некој друг е подобар од Лаутаро. Како што нема ни подобар од Хакими да го замени. И во двете варијанти правиме даунгрејд, ништо тука не е спорно и не треба да го дискутираме. Дискусијата е кој е подобро да се продаде, од економска гледна точка, од капитал гејнс, од играчки аспект, од импакт на играта итн. Тоа се точките на дискусија, а не ти да се смееш дека некој од нас ги спомнал Муриел или Кореа или ние да се смееме дека ти си го спомнал Флоренци.

Друга работа е што многу се палите, дискусија е, на крајот на денот има добри и лоши работи и во двата случаи, никој не е 100% во право и никој нема мозочен удар или пак некој некому треба да му се смее затоа што мислел вака или онака.

Во меѓувреме, губите 26-10.
 
Па не е дека тогаш примиле 20 а дале 50 и дека одбраната била пресудна како што Дујета сака да презентира.
Напротив, последен пат помалку од 70 голови имаат постигнато 2011-12 (68 постигнати)
Ние со Икарди само една сезона имаме постигнато повеќе од 70. Имало сезони и по 50-55...
Да не се разбереме погрешно, и одбрана и напад е важно за еден тим. Ама ако не дадеш гол, не можеш да победиш.


Btw : Ми текна на најдобриот пример за ова. Барнли. Лани примија помалку голови од Челзи, ама Челзи завршија 4ти а Барнли 10ти.
Јас чисто да си пишам, и ти си прав, не е дека не си.
Теоретски со 38 гола во сезоната можеш да имаш максимум учинок, а Аталанта со 98 гола да завршат четврти. Сакам да ти кажам примери колку сакаш имаш и вакви такви.

Битен е нападот се слагам, ама нашиот на моменти не беше сјаен, и тука одбраната/бековите ги извади.
 
Никој нема да даде многу пари за Лаутаро. Што се расправате за џабе
Како тоа, кога е многу поважен од Хакими? Напаѓач е напаѓач, нели?
 
Јас реално кога ќе ме изнервира некој одма го продавам у друг тим, тоа е секако додека трае утакмицата и додека сум нервозен. Цитативе не да ти се извртени и без поента..., али ај нема везе не ми се објаснува, реков дека немам против некој да мисли дека треба Лаутаро прв да се продаде пред Хакими ако треба да се деси некоја продажба. Проблем е мислењето дека Лаутаро е лесно заменлив, што е грешно и неточно, особено со мртовци како Муриел и Кореа. Не е ни Хакими лесно заменлив зашо е уникатен бек/крило, ама уз формациски прилагодувања може да покрие и друг играч таму и да не се осети премногу. Кај Лаутаро тоа ќе се осети зашо инстант ќе изгубиш играч со карактеристиките што ги набројав погоре, а такви ретко кој има, особено Кореа и Муриел не.

И ај не кур замарајте за продажби зашо никој нема да си иде, добро е што гомното Конте на време си замина да му ебам крвта.
Автоматски споено мислење:

Како тоа, кога е многу поважен од Хакими? Напаѓач е напаѓач, нели?
Не, него корона криза е и тешко да паѓаат 100+ милионски трансфери.
 
Цитативе не да ти се извртени и без поента...
Шитпост беше тоа бе, се зезам. Ти ги ѕирнав постовите, имаш 1000 во кои си заљубен во Лаутаро, да имаш 100 милиони ќе платиш да си го земеш дома ебате чоекот :pos:
 
Јас мислам дека таборот кој тежнее кон продажба за Хакими сериозно го потценува напаѓачкото десеткување кое ќе ни се случи доколку наредна сезона играме со играчи од типот на Емерсон и Флоренци на бековските позиции.
Не дека нема Лаутаро и Лукаку со поддршка на Барела, Ериксен да се изнадаваат голови, само опциите во напаѓачка фаза вака ќе се далеку попредвидливи и многу полесни за неутрализација.

Искрено мене Хакими - Барела - Лукаку пајплајнот ми беше една од омилените работи за гледање сезонава шо помина, имавме страаашна транзиција, дур трепниш 3-4 играчи напред, сите опасни по гол, сите тешки за маркирање/пратење и во било кој дел од натпреварот знаев дека ако се отвори милиметар простор за некој од тркачиве, ќе имаме сериозна шанса.

Инаку јас некако сум (тотално неосновано) оптимист околу цела ситуација и мислам дека има мааала шанса и да ги задржиме сите првотимци за наредна сезона.
Реално имаме мноооогу dead weight играчи за давање, а шо е до мене слободно нека топат и то Пинамонтовци, Еспозитовци и слични надежи шо од Балотели па досега, минус Заниоло, завршиле максимум до Фиорентина.

Заебаното е шо мора успат да се откачат и од некои гомна со високи плати и соодветно да ги заменат и цела операција е прекомплексна да можи да се предвиди било шо, ама мислам дека во секој случај најлошото сценарио е продажба на еден битен играч и толку, далеку од катастрофите шо ни се вртеја ко даде отказ Конте.

Реално неговото заминвање е само и само пошто типот очигледно се пали на from zero to hero приказни, кај шо нема ризик и кај шо тој ќе биди *најзаслужен* за секој успех, а лесно ќе можи да префрли кривица за евентуален неуспех, и зато порадо би се закренал во факинг Тотенхем, отколку да остани тука.
Јас разбирам дека Кинезите сигурно не му дале гаранции, ама никој не можи да ме убеди дека овај Интер минус еден првотимец не е подобар/поќе по мерка клуб на Конте од моменталниов Тотенхем.

Само работата е шо со Интер ќе требаше да помини групи ЛШ наредна година. :oops::oops::oops:

Напнато лето ќе биди како и да е, ама ако на некој му вервам можи да не извај магично од гомнава со минимален зијан, то се Марота и Аусилио, првиов пошта е можда најдобар спортски директор во фудбалов денес, другиов пошто мислам дека и баба му можи да му ја продај на Џенова за 3-4 милиони ако запни.
 
Јас мислам дека таборот кој тежнее кон продажба за Хакими сериозно го потценува напаѓачкото десеткување кое ќе ни се случи доколку наредна сезона играме со играчи од типот на Емерсон и Флоренци на бековските позиции.
Не дека нема Лаутаро и Лукаку со поддршка на Барела, Ериксен да се изнадаваат голови, само опциите во напаѓачка фаза вака ќе се далеку попредвидливи и многу полесни за неутрализација
А од кај знаеш како ќе напаѓа Инзаги и каква ќе биде тактиката во напад?
 
Јас мислам дека таборот кој тежнее кон продажба за Хакими сериозно го потценува напаѓачкото десеткување кое ќе ни се случи доколку наредна сезона играме со играчи од типот на Емерсон и Флоренци на бековските позиции.
Не дека нема Лаутаро и Лукаку со поддршка на Барела, Ериксен да се изнадаваат голови, само опциите во напаѓачка фаза вака ќе се далеку попредвидливи и многу полесни за неутрализација.
Ти ставив лајк зашо имаш поента и ок ти е постот. Ќе се задржам на цитираново, зашо треба да имаме на ум дека Конте форсираше игра на контранапади каде ударни игли беа Хакими, Барела и двајцава напред. Затоа и во неколку наврати спомнувам дека Хакими беше лош против згуснати одбрани и екипи што добро бранат транзиција. Но, никој да напомене дека нашиот доскорашен тренер не знаеше да искористи играч на позиција број 10, Ериксен во нашиот случај. Што ако Инзаги знае? Што ако ја смени формацијата? Тоа што и Инзаги игра со тројка назад не значи дека скроз исто ќе игра како Конте, милијарда варијанти со тројка назад има. Хипотетички, ако се разигра Ериксен како 10ка можда многу поинаков Интер ќе гледаме следната сезона, нема стрикно од бековите да зависиме. Да не биде дека се праам фраер откако Конте си отиде ама и на Урко му зборев на фб уште на незавршена сезона дека вака на долг рок ништо не праиме, премногу стерилни во напад, мачење против густи одбрани, а главен акцент ставав на ЛШ каде посраната тактика на Конте НЕ ПРОАЃА, впрочем затоа и групи не може да пројде.

Така да мислам дека не треба премногу да мудруваме додека не видиме прво каков ќе е тимот за следната сезона а потоа како ќе се покаже Симоне како тренер. Јас искрено верувам во него, со Лацио играше добар фудбал, еве му голем клуб и шанса да покаже дека е топ тренер, односно да прејде на тоа ниво.

Поздрав брату, идам да удрам еден ладен, освежителен, безалкохолен врз база на природни екстракти туш.
 
А од кај знаеш како ќе напаѓа Инзаги и каква ќе биде тактиката во напад?
Зборам за опциите во напад, дека не е иста закана Хакими и Флоренци/Емерсон и дека поинакво внимание противнички тренер би му посветил на Ашраф отколку на просеци ко другиве. Начелно ми е муабетот дека сметам дека помалку би трпеле така, отколку да се ограничиме на напаѓање стриктно централно, шо би било неминовно ако има голем диспаритет во квалитет меѓу средниот ред и крилните бекови.

Како и да е, ќе се сложам дека генерално нема некоја поента ова шо мудруваме освен шо си тепаме време, факт е дека ова е далеку од clear cut прашање со точен одговор, и дефинитивно најмногу зависи како ќе се покажи Инзаги, а ние до утре можиме да се расправаме дали е поголем проблем то шо Хакими не знај баш против густи одбрани или то шо Лаутаро знај да го нема по 5-6 утакмици со ред некогаш, најмногу пошто на сите ни е криво шо не можат двата да останат. :)))
 
Конте нема да биде тренер на Тотенхем. Не му се свиѓал проектот, им барал играчи, да доведе свои луѓе во стручен штаб а и за платата се натегале, 3 милиони разлика помеѓу понудата и тоа што им го бара. Човеков ќе остане без екипа на крајот, што секако е подобро отколку да го тренира факинг Тотенхем :D
 
Конте нема да биде тренер на Тотенхем. Не му се свиѓал проектот, им барал играчи, да доведе свои луѓе во стручен штаб а и за платата се натегале, 3 милиони разлика помеѓу понудата и тоа што им го бара. Човеков ќе остане без екипа на крајот, што секако е подобро отколку да го тренира факинг Тотенхем :D
Гарант ги барал со 100 постотна сигурност да му ги донесат Лукаку, Канте и Шкрињар за да гарантира топ 4. Ако не му ги донесат да напушти во Август ама со 34 милиони оштета.

Му рекол на Леви стави ги парите кај што ти е устата, донеси ми ги тие 3 играчи и ти гарантирам топ 4.

Леви го гледал у очи и му рекол аиии сине па ти се бодеш...

Гарант Конте му барал 2 милиони плата зашто биле у преговори само...

Си отишол насолзен у очите, мрмлајки ќе видиш ти, ќе ме бараш...

На кратко тоа се случило...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom