Никогаш и не било муабет за да се донесе до нешто

Само бајат хумор и ретардираност од обете страни, до тоа се сведува со тие хехе муабети.
За квалитетна дискусија , треба и да читаш туѓо мислење. А не да се држиш само за своето, макар и сам си го побивал истото .
Као Реал со истите бекови годинава ништо не освоиле, ама уствари истите биле повредени и не играле.
Па ставање Виљареал, Манчестер , Интер лански у шампионска клапа.
Така да извинење друже за понашање и се али тие победи и бајат хумор што ги имате донесено со другарчето твое на форумов, само со вакви "муабети" резултираат.
Види вака, ти прв почна со муабетот дека бековите се најбитни у еден тим и дека у добар систем и било каков напаѓач би функционирал, па се дрзна да го оспориш Милито. А во истиот тој тим - ајде пак ќе ти повторам, играше Кристијан Киву со отворен череп и играч чија примарна позиција е штопер. Негова замена беше 37 годишниот Хавиер Занети - дефанзивен десен бек и по потреба заден везен.
Ај сеа пак ќе ти повторам, ама овојпат ти треба да читаш пошто очигледно не го правиш истото и се фаќаш на ситници и да го однесеш муабетот на хехенце откако се избламира со Интер и Милито.
Во современ фудбал, офанзивни бекови се многу побитни и повредни за еден шампионски тим од напаѓачи.
На ова изреагирав највеќе и ти набројав неколку екипи со дефанзивни или не толку добри бекови кои успеваат да освојуваат титули и покрај тоа. Или да стигнат до граница на освојување, ко лани ПСЖ со Колин Дагба, Флоренци, Бакер, Курзава у состав.
СК-92 горе статистички со бројки со све ти укажа дека нападот е побитен.
Сите тие тимови што јас ти ги набројав имале подобар и поспремен напад кој ги влечел напред у победи. Бројките со Атлетико Мадрид ти се одличен показател.
Јас не викам дека бековите не се битни за еден шампионски тим. Битни се, нормално, ко и секој друг играч. Ама во ниеден случај не се побитни од напаѓачи. Каков е овој муабет. Па фудбал се игра за да дадеш гол. А ако немаш добар напаѓач, кој ќе дае гол.
Еве ти глуп пример. Ти игра Хакими бек, знаеме каков е, брз, пробивен, добар центаршут, една-две-три-пет акции ќе пробие, ќе сервира зицери за, да речеме, Симоне Заза и овој ќе ги утне сите 5. 0 голови за Интер на таа утакмица.
Од друга страна, ти игра бек Флоренци, ќе пробие 3 пати, еве не ни мора да пробие, ништо нека не праи, ќе стигне топката до Лаутаро, ќе ја прими, дриблинг у место, шут - гол. 1 гол за Интер на таа утакмица.
Да скратам, имај ти колку сакаш добри бекови ако нема кој да дае гол џабе е.
Имај ти и просечни бекови ако имаш врвен шпиц кој сам знае да си намести гол.
На Атлетико сезонава Суарез му ја донесе титулата а не Трипиер или тој Хермосо.