Фан Клуб: Интер

Нека ни е честита титулата, памет во глава за наредна година и лесно ке земеме и нова...

Имаме над 30 играчи на позајмица и уште 5-6 непотребни во тимот.
Нека успеат да ги продадат по 3 милиони играч, тоа над 100 м евра.

Чао криза
 
Само Гери Бастони нема даено гол сезонава од играчите со посериозна минутажа. :D Има 4 асистенции, 4 поише од Ериксен.
Сенси ни гол ни асистенција.
Праам муабет за сите такмичења.

Интер изиграл 48 утакмици.
На сите 48 утакмици играл Лаутаро Мартинез, меѓутоа е играч што е највеќе пати ваден од игра, 28. 19 гола и 11 асистенции. (Серија А, 17 со 10).
Сарма има 47 настапи. Заедно со Донарума има највеќе чисти мрежи, 14.
Николино Барела 47 настапи. 3 гола и 13 асистенции. (Серија А, 3 со 9).
Хакими 45 настапи. 7 гола и 10 асистенции. (Серија А, 7 со 9).
Ромелу Лукаку 44 настапи. 30 гола и 10 асистенции. (Серија А, 24 со 10).
Де Фрај 42 утакмици 1 гол.
Броз 42 настапи. 2 гола и 7 асистенции. (Серија А, 2 со 6).
Перишиќ 42 настапи. 5 гола и 5 асистенции. (Серија А, 4 со 5).
Гери Бастони 41 настап. 0 голови и 4 асистенции. (Серија А, 0 со 3).
Миланче 39 настапи. 3 голови и 0 асистенции. (Серија А, 3 со 0).
Санчез 37 настапи. 7 гола и 7 асистенции. (Серија А, 7 со 6). 22 пати влагал во игра, највеќе од сите.
Ериксен 34 настапи. 4 гола и 0 асистенции. (Серија А, 3 со 0).
Јанг 34 настапи. 1 гол и 4 асистенции. (Серија А, 1 со 4).
Гаљардини и Дармијан по 33 настапи. Првиот 3 со 3, вториот 4 со 4, учинок.
Видал 30 настапи, 2 со 2.
Дамбо 24 настапи, 3 гола.
Сенси 21 настап, 0 со 0.
Коларов 11 настапи, 1 асистенција.
Пинамонти 10 настапи, 1 гол.
Ранокија 9 настапи, 1 асистенција.
E TROPO FORTE VECINOOOOO, 8 настапи, 1 гол и 1 асистенција.

Топ 5 со највеќе минути:
Сарма, Барела, Де Фрај, Лукаку, Бастони.

Најнедисциплиниран Брозовиќ 11 жути. Он и Видал имаат добиено и втор жут картон.
Сенси има 1 црвен картон.

Топ 5 стрелци
Лукаку 30
Мартинез 19
Хакими 7
Санчез 7
Перишиќ 5

Топ 5 асистенти
Барела 13
Мартинез 11
Лукаку 10
Хакими 10
Броз/Санчез 7

Најдобар играч според мене, Ромелу Лукаку.
 
Лукаку фантастична сезона, а ради тоа малку е засенет Мартинез кој исто така има топ учинок. 19 гола и 11 асистенции, браво, догодина очекувам уште подобра сезона. Да ги шутираше сите пенали ќе беа израмнети со Лукаку.

Двајцата се машина за голови, вријат, најдобро напаѓачко дуо во Европа. Да играа кај криминалците секој ден на насловна ќе беа.
 
Се ќе биди за џабе ако се растури тимот и не продолжат пак заедно и наредната сезона...имаат одлична можност да наредат титули со ваква поставеност и лошата конкуренција.....штета што Наполи не победи вчера па да ги уназадеше малце Јувентус ама пак неможат преку ноќ екипа да направат.

Ако останат сите догодина очекувам уште подобри и покомпактни да се..тимот е веќе уигран и сите знаат што да прават на теренот.....штета што веројатно пак ќе ни се падни незгодна група во ЛШ со оглед на нашите потенцијални противници од вториот шешир( Реал,Барса,Ливерпул,Челзи?,Манчестер Јунајтед?,ПСЖ,Дортмунд)..ама на крај краева мора некогаш да покажиме заби и конечно да ја поминиме групата за клубот да свежни финансиски малце.

Во некој свет на бајките би било перфектно доколку би ги замениле Санчез со Мјуриел.
 
Или ќе ги уназадеше или ќе се фокусираа на домашното. Небитно е тоа во секој случај, битно е нашиве да не усерат нешто. Конте преку Стелини им порача дека ако му продадат некој од „недопирливите“ ќе пакува куфери. Имам и порано пишано, една работа што му е секогаш потребна на Интер е тренер што притиска, со сервилните тренери од типот на Спалети ништо не правиме. Таквите играат со било кој состав, лапаат плата и купуваат виноград. Само Конте може да спречи уназадување на составот.

8 души треба да се недопирливи: Лукаку, Лаутаро, Барела, Брозо, Хакими, Скринијар, Де Фрај и Бастони. Можеби и Ериксен ама не знам, мислам дека е заменлив.
 
Али јако е на собиранкава, Стекуларац и Џонтра Китиќ му се имаат обесено на Урко, нарачале виски демек има се може се, цело време си дотураат ракија од дома, направени се џган а тек е 58 минута...

A seee ne VAAAAAAA!!!
Требало лајф стрим од собиранкава :D

Или PPV барем, стотче за стрим :toe:
 
Според Газета, а тоа го пренесоа и дел од новинарите во Италија, Конте заминува од Интер во наредните 48 часа.
Причина е барањето на председателот за намалување на платите и воопшто трошоците за мин 20%, што би значело продажба на играчи и без простор за нови засилувања.

Ке добие 6м за предвремен раскин на договорот. Алегри, Сари, Инзаги и Гатузо се најсериозни имиња за наследник.

Уште поголем проблем е што може да заминат и дел од играчите кои се клучни во тимот а се премногу призрзани за Конте како Лукаку и Хакими.

Штета ако после толку голем напредок и титула повторно се вратиме 10 год назад...
 
Со Конте сум за ова 10000%, далеку е ова драмење од негова страна, она неговото, лани да, сеа у никој случај, без разлика што е криза и слично, ако е точно ова што пренесуваат медиумите се одбира полесен пат за да се реши финансискиот проблем а не потешкиот кој е исто така изводлив со оглед дека имаме многу играчи на продажба, 8-9 се на се зашо тука се и Марио и Лазаро кои беа позајмени во други тимови, па и Еспосито и оној Агуме, без разлика што се млади.
Голем удар ќе е ова за тимот ко одењето на Мурињо, идентично лош, дури и Алегри да дојде во што не верувам, на која основа он би дошол ако ова се дешава со Конте, ќе дојде некој ко Инзаги кој би се согласувал на мудингаи имиња у тим без проблем и ќе клима со глава на секој потег од управата и ќе свршиме работа.
Штета не се најде некој кој ќе го купи клубот периодов, Сунинг со ситуацијата во Кина не се во можност нормално да ја водат екипава факт, си имаа добри планови и све тоа, и добро им тргна али ова више е виша сила со која нит они можат да се справат а најмалце Интер.

Ова најверојатно ќе значи заминување и на Пинтус, можно е и Марота ако не сезонава, наредна, накај таму ми иде работава, да не навлагам за бондот што го имаше со сите играчи али нарочито Лукаку и Хакими, така да дури и доаѓање на Алегри не верувам дека ќе донесе некој посакуван импакт.
 
Чекај сега ќе дојде Џонтра ќе ни објасни зошто не треба да паничиме. Се е тоа медиумска хајка бајо мој.
 
Фала за све оризари,дабогда бел ден да не видите никад!
Останува уште надежта дека ултрасите ќе ги запалат канцелариите на сунинг заедно со жангдингдонг и она мрсулконо негово.
Кој има нерви нека се спреми за уште една мизерна декада,јас неам сили више, остарев :(
 
Убаво пишав дека ќе не чека борба за 4то место другата сезона. Ама разубедуваа, како тргнал возот и тоа дали ќе биде доставено.

Лагано ќе си гледате без нервози. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom