Хакими не се снаоѓа добро у задња фаза од напад, ова го спомнав пред неколку недели и го имам приметено нарочито задњи неколку месеци кога затаји у форма, асистенции слабо, голови исто, односно изгуби на константност бајаги.
И ова му е проблем, ама доброто е што е решлив, нешто слично ко Маикон кој инстантно не беше страва напред па со Мурињо стана еден од најдобри десни бекови у свет.
Нема врска тоа со Лукаку, он дека се дере се дере, голем ташак, такви дискусии на терен има секоја утакмица и условно речено, кавги, ама тренерот тука се прашува не Лукаку, небитен е тука црниот, никаков страв нема кај хакими едноставно има неодлучност, ништо повеќе. Му избегаа доста голови и аситенции ради фактот што многу лоши одлуки влечеше у последата фаза у напад, или кога не шутирал или кога додавал очајно лошо и на памет, и нема ова никаква врска со тоа што Лукаку се дерел, не ти е ова маалски фудбал па да ти се курчи најакиот од улица и ти да се усеруеш, си има овде тренер и он ги влече тука конците.
Следни 4 утакмици треба да заверат титула, нереално ми е да си закомпликуваат нешто, не би требало, башка што Милан кои и онака не се у некоја сјајна форма имаат доста сјебани гостувања до крај на сезона.
Има огромна врска. Гледај ги на терен и види ги реакциите на Лукаку секогаш кога топката не иде накај него, од еден од бековите. Не е малски фудбал, ама има психолошки ефект ако "алфата" во тимот, каков што Лукаку се портретира, константно ти се дере за секоја топка што не иде накај него. Психологија е во прашање, па било малски или некаков друг фудбал. Само различни играчи различно реагираат. Барела исто ги добива истите реакции, ама најчесто не го ебава и му враќа со дерење. Иста ситуација имаше утакмицава, кога Ериксен еднаш шутна место да иде топката кон Лукаку, кој беше целосно маркиран, и нормално си доби урлање за возврат.
Ако беше до неговото носење одлуки, Хакими ќе ги носеше истите одлуки и во првиот дел од сезоната, кога секогаш шутираше во такви ситуации. Не е прашање на неодлучност, ако имаш само една одлука во главата, тоа да подадеш на напаѓач. А Хакими само тоа го прави неколку утакмици наназад. Тренерот му е ист цела сезона. Не може сега да му дава различни инструкции, за разлика од првиот дел кога даде неколку голови, баш од шутеви во такви ситуации.
Треба да се заузда малку Лукаку зошто иде на живци. И он игра само улога во тимов, ни сам игра пресинг, ни сам создава шанси. Сега е се во ред кога тимот победува, ама не можеш да се качуваш на глава постојано, посебно во ситуации каде он е маркиран и не се ни помрднува за да се ослободи од чуварот.
Што и да е причината, Хакими треба почесто да шутира, особено во такви ситуации. Дали има стравопочит, дали му е другарче, дали е лош во носење одлуки, небитно.
Он е играчот што донесе нова димензија во нападот сезонава и што го прави тимот волку ефикасен напаѓачки. Ако го немаш како опција, противникот нема причина да се грижи за други напаѓачки опции, освен ЛуЛа, што значи нападот ти е целосно стерилен.
Би сакал да имаме и лево еден таков играч. Ќе врне голови секоја утакмица.