Фан Клуб: Интер

Од 8 утакмици ни требаат само 4 победи под претпоставка дека другите 4 ќе ги изгубиме а Јувентус ќе ги добие сите.....5 од тие натпревари се против Специја,Верона,Кротоне,Сампдорија и Удинезе.....од овие ако успеат 2 да кикснат и воедно да изгубат против Наполи,Јувентус и Рома тогаш не заслужва да постои клубот.

Од другите вести 1618144900918.png после 11 години постење време беше да си дојди значката каде што припаѓа и најубаво прилега....forza
 
Знаев дека ќе се затворат Каљари, мило ми е што најдоја начин да дојдат до гол.
Првата етапа е остварена успешно, не изгубивме бодови до натпреварот со Наполи, сега имаат една недела да се фокусираат на Наполи, ќе напаѓаат тие што значи ќе има повеќе простор за Лукаку и Лаутаро, бодови од сан паоло и ќе биди ок, а ако тепаме веќе патот е отворен до скудетото.
 
Чек и јас да пробам еднаш - Санчез јакиот, според Џонтра Заморано. :icon_lol:
Ни ти ни јас не можеме да го изведеме овој џонтрастековски хумор.

Let it go :D
 
Добро беше тоа за Санчез бе, на место. Инаку Хакими што не знаел да центрира и што носел ужасни одлуки во завршната фаза од нападите според Урко Вентура.
 
Иначе колку лајна изедовме за Дармиан од почетокот на сезоната срам ми е да помислам а камоли да видам....досега се покажа одличен играч за клубот...признавам дека бев скептик ама ме изненади неговиот квалитет и смиреност во играта....моментално чоекот ги покрива двете бековски позиции во зависност кој е отсутен од Хакими-Перишич/Јанг и плус ако фали некој од Шкринијар-Бастони по страничните дефанзивни позиции.....не за џабе играл во Манчестер Јунајтед.

Браво за Марота/Аулисио/Конте кој и да бил заслужен за неговото доаѓање во Интер...злато вреден играч.
 
+1 за јадењето гомна за Дармијан. Илјада тажни реакции и хехенца им ставав на Фејсбук кога го потврдија трансферот, мислев дека Конте пролупал и заглавил во негде во 2015та кога Дармијан можда играше најдобри партии во кариерата, а овој им беше тренер на Жабарите.

Али свака част, стварно треба да се признае дека Матео е цар, прав професионалец и доста солиден како фудбалер. Едноставно е пример како треба да се понаша фудбалер што го носи дресот на Интер. За мене оваа сезона баш Дармијан е златната резерва, стално кога има некаков проблем тој е тука да закрпи и стално тоа го прави како што треба. Браво и за него и за Конте.
 
На тема пацери што ги донесоа летово, наидов на статија дека КОЛАРОВ бил клучна карика у соблекувална, делел искуство, совети... :D Него излеа за психолог го имаат донесено, не за играч.
 
Kaj Дармиан ме бендисва тоа што е премногу стабилен, не прави глупи потези и не пробва нешто што е невозможно односно надвор од неговиот домен...кога е топката кај него или кај дефанзивците најсигурно е...знајш дека 99% нема да згрешат.


Иначе колку се израдва Конте за голот искрено се изненадив...не дека не е дивјак и не го има праено тоа порано ама ова беше посебно..знае и тој дека уште малце треба...штета што нема публика иначе којзнае што ќе праеше ненормалниот :D
 
Погодија со Дармијан дефинитивно. Алал им вера за процената.
Ама, да го пофалиме и Конте. Човекот поштено си ја заработува платата. Го добиваме тоа за што е донесен и тоа за што е платен. Ништо повеќе и не треба да бараме од него. Иако, од следната сезона (ако остане) ќе мора и подобри резултати во ЛШ.
Точно е дека сезонава ги има сите услови за резултат, ама човекот delivers за сега. Срушиле некој рекорд на Милан на Ариго Саки, за 11 од 11 во втор дел од сезоната. Импресивно.

На крај на сезона ќе можеме пообјективно да ја оцениме неговата работа. И иако со ваков нестабилен Јувентус би требало да се очекува титула без проблеми, треба да се честита што е на пат да ја освои на убедлив начин. Мило ми е и што се вразуми со Ериксен. Откако е закован во прва постава почна оваа серија од 11 победи по ред. Не дека игра како Де Брујне, ама дава димензија на играта, што генерално им фалеше.
Слично е и со Хакими, неверојатно е каков ефект има врз потентноста (да вистина е, барав причина да го употребам зборов во реченица) на офанзивата. Ако најдат сличен профил и на левата страна, ќе биде многу тешко да се игра против Интер.
Кога ќе ми текне дека сите сакавме да го смениме во декември.
Само @Syn си остана верен тогаш и додржа до подобри денови. :)

Сега само нека ја довршат работата со стил. Идеме на победа и во Неапол, зошто да не. Да се осигура титулата во следните 4 кола и да идеме во Торино во 37 коло да ги исфрлиме педерите од лш места. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom