Друже, знаеме дека имаш огромна желба гол да шеташ, во ред е.
Прв пат сезонава баш убаво си ја контролиравме играта. Си игравме на резултат. Момците се бореа, чудо беа екстра мотивирани. Шанси имавме и за петарда да им дадеме. Прва лагана победа без ич главоболка. Јас не знам што очекуваш ти лично и како сакаш тимот да игра, праиме муабет за Интер а не прајм барса или сити па 70-80% посед на топка да иаме и некаква си „тотална доминација“.
Паметно си изигравме и искористивме поголем дел од шансите. Секоја грешка на сасуоло беше гол шанса за нас. На крај краева што има на 2:0 ти да бркаш резултат? Диктирај темпо, чувај си играчи и земи си 3 бода.
Уствари тоа и го напраивме
Борба на терен и победа ни треба не убава игра! Камо секоја утакмица да влагаат борбено и мотивирани, па да користат грешки на противникот...