Јас ете верувам дека може да се случи Модриќ да заврши во Интер.
На Реал му ги даде најубавите години за еден фудбалер,го достигна врвот во кариерата,освои се што можеше да се освои,ЛШ освои со Реал 4 пати.
Што да посака повеќе играч како Модриќ,најдобрата десетка моментално.
Се е можно,пак ви велам,откажувањето на Видал беше свесно откажано од страна на Аусилио со цел да се тргне со сите сили кон Модриќ,кој рака на срце е прекупотребен во Интер моментално,отколку Видал.
Како ќе прават,како ќе скројуваат за неговата плата и неговото доведување не ме интересира.
Може и цвеќиња пред Меаца да продаваат ако сакаат и кокаин да тргуваат по улица,ама воопшто не ме интересира.
Свесно тргнале кон Модриќ,сигурно добиле некое инсајдерско инфо дека Модриќ сака нов предизвик во кариерата за крај.
Можеби му понудиле некои поволности за да дојде во Интер,зошто сите се правите експерти и кажувате од ракав информации.
Ете IoSono погоре стави линк од сајт каде што се фатени агентот и застапникот на Модриќ.Сигурно не се во Милано за да им пренесат на челниците на Интер дека само се зафркаваат со нив и дека Модриќ не ни помислил на преселба во Интер.
Има реални шанси да дојде Модриќ во Интер,изјавите на Перез се само мачкање очи.Има кажувано и ветувано брда и планини,па не испаднало како што сакал и изјавувал.
Тоа е само медиумска фама за да покаже сила пред шпанскиот печат.
Модриќ ако му каже “Јас сакам да заминам во Интер и тоа е мојата последна желба“ Флорентино ќе прифати и оро ќе игра.
Интер ќе стори се што е нивна моќ за да ги задоволат барањата на Модриќ,дали тоа ќе биде преку спонзори и други разни придобивки.
Дресовите ќе се штампаат и ќе се продаваат како алва,рекламите исто така привлекуваат многу пари.
Сунинг не е заебанција,сигурно свесно и математички прецизно целат кон Модриќ,не удираат во празно,недозволиво би било тоа за нив.