Се ќе беше ова убаво што го збориш ама проблемот е што веќе 7 и кусур години ние се тешиме со наредната ќе биде.
У меѓувреме на добри 80% од нас навивачите ни пукна курот и косата почна да ни белее.
Ако интер сака да се врати во кремот на европскиот фудбал мора да инвестира!Како - тоа нека му го мислат оризарите.
Сакале пари му дале на некој да си откупи договор,сакале у гз се ебеле,нас навивачите воопшто не треба да не интересира!Тоа е така зашто баајги време инвалиди од рангот на дамбо,кандрева,сантон и другарчињата нивни не брукаа,ни уништуваа денови,правеа да се чуствуваме како мисири зашто сме поминале 1000км+ и сме поебале брдо пари за да ги гледаме и тн. и тн..
Да не го заборавиме и ебаниот хајп што го форсираат од лани со интерискаминг,а поготово со годинешниов интерисхиер со кој само дополнително ќе ја заострат негативната мисла кај навивачите коа на крај на преоден рок ќе ги домкнат гоче пандев,паредес и славчо ѓоргиевски - тупан.
Имам уште баајги за штракање ама ме здомрзи...
Абе види, мое мислење е дека проблемот на Интер е што 7 и повеќе години е клуб што нема план за повеќе од една година. Секоја година почнува од почеток, поставува ризични стратегии и после тоа импровизира. И така секоја година. Тоа имаше за последица, да ја пропушти оваа финансиска златна доба на клубскиот фудбал последните 15-ина години, што сега ФФП полека ја претвора во класен систем. А за мене лично, тоа беше причина за пратењето на клубот да го сведам на минимум, така да те разбирам.

Се ова погоре, нормално, е повеќе прашање на организација и менаџирање, отколку што е прашање на инвестирање на пари.
Granted, голем удел во тоа имаа промените во сопственоста после 2010, односно тоа што Морати во желбата книговодствено да го нашминка клубот го остави да биде права руина, и тоа што тој индонезиецот испадна класичен шпекулант. Тоа што го гледам кај овие Кинези и што ми се допаѓа е, што полека го трансформираат клубот во организација што одговара на времето во кое работи и, побитното, што е во нивен интерес да го направат тоа. Без разлика што мотивите им се во голема мера нефудбалски. Во секој случај, подобро е да те менаџира некој што не е фан, ама знае што прави, отколку некој што е фан ама нема поима што прави.
Тоа е предуслов во денешно време да бидеш голем клуб, денешниот крем на фудбалски клубови има подеднакво софистицирана организациска структура, како најголемите светски корпорации. Тоа е првиот бенчмарк кај што треба да се натпреваруваш со нив. А таму патот е малку подолг и помалку видлив од она што го гледаме на теренот, ама е најголем гарант за тоа каква иднина како клуб ќе имаш. Кога ќе се стигне до некое ниво, после е полесно да работиш на квалитетот на тимот, тренерот и трансферите. Тоа се работи што, потоа е прашање на време кога ќе ги погодиш.
Јас сум оптимист дека клубот е тргнат во тој правец, и тука судам по чекорите што ги прават, не по слоганите што ги кажуваат. И мислам дека ова е најдобрата опција која му се нуди на клубот во блиска иднина. Во спротивно, кој е тој што би инвестирал по 200+ милиони секоја сезона ради сатисфакција на група фанови? Има такви бизнисмени или компании? Што би ги привлекло?
Генерално, на Интер и не му треба многу за да дојде во тоа друштво, каде што сега е Јувентус (од аспект на финансии зборам). Му требаат само 3-4 стабилни години и релативно добри резултати. Они го немаат хендикепот на “мал“ клуб, кој Рома и Наполи го имаат, имаат релативно добри околности за италијански клуб, единствена закана е mismanagement. А влагање во непотребни ризици, се најчесто баш тоа. Плус бизнис културата на Кинезите е таква, секогаш работат на долги стази, на сигурно.
Моја скромна проценка е дека, коцките полека се местат, треба само малку трпение.
Ако па утнам, и пак следната сезона е year zero, имате од мене по едно пиво како репарација, што да ви кажам.
@loophole знсев дека тоа ќе го кажеш

Морав да скратам некаде многу изнапишав денес, вишок слободно време, ама се подразбира - потпишуваш и ќутиш додека не ги продадеш овците.
Целиот муабет денес беше малку непотребен, работата е што јас сум месец и кусур загреан за Малком а никој друг не е. Нема потреба да се дообјаснуваме, веројатно сте во право, ама ако не сте тогаш повеќе би сакал да ви јадам бурек како Малком бил одличен во Евертон, а не во Рома.
Исто така, изгледа само јас сум на форум што мисли дека сме најтенки на таа позиција, вие имате некоја надеж во Политано ама мислам ќе ви помине брзо тоа
Инаку можно е да го земеш само за Серие А ако му кажеш однапред. Секако ќе мора да им кажат на еден од Весино/Гаљардини, тоа е позезнато отколку да му кажеш на нов играч пред да го пазариш.
Па ти пиши следен пат, доле во една фуснота “loophole знам што ќе кажеш, не го поти“, таман да не се мачиме да куцаме двајцата, само ќе се поздравиме на кратко.
Ја ти ја разбирам маката, со Политано како десно крило, борбата за титула е најверојатно исклучена како опција, тоа верувам сите овде ќе се сложиме. Во таква ситуација, најверојатно, останува пак борба за 3-4 место.
Ја не го ценам нешто посебно Политано, ок играч е, не е лош, ќе биде корисен во некои ситуации, ама долгорочна квалитетна опција за таа позиција не е. Меѓутоа, кога спортскиот директор го направил изборот, мораме да живееме со него. Посебно кога имаат две позиции кои им се приоритетни за покривање. Особено десен бек, каде е останат само Дамбросио.
Мене не ми беа јасни кога го направија трансферот ама очигледно е поврзано со тие сметководствени трикови кои ги правеа со трансферите на младите играчи. Очигледно и се сериозно врзани со таа Спогодба со УЕФА за оваа сезона, што ги става во практично невозможна ситуација да купуваат квалитетни играчи.
Како и да е, на крај на трансфер периодот ќе видиме каков тим ќе состават. И ја ќе критикувам ако тимот остане со иста длабочина и квалитет како лани.