Не го сваќаш, Сунинг и Тохир ветиле вложувања и пристојно работење и средување на финансиските сметки, па затоа не сте на дереџето на Милан(да треба да бидете исфрлени од Европски натпревари). Еве сега Милан веќе има сопственици со пари кои гарантираат финансиски, па затоа ќе им се даде можност, под строги околности да се се држат до правилата и да ги исполнат сите задачи, за да на сметка на тоа останат во Европа. На некој начин и е прегледано низ прсти, али затоа наредните 3-4 години ќе бидат под строг надзор. Тоа значи дека прво ќе се ослободат од повеќето играчи со големи плати, ќе добијат обештетувања за нив за да ја покријат финансиски годината(која помина) и плус да направат план и да имаат на ум дека до 30ти јуни наредната повторно ќе треба со некој излезен трансфер да ги порамнат финансиските папирологии. Значи тука има мала одстапка, највеќе ради тоа што веќе се во рацете на банка која се нафатила на орото, сметјќи дека за 3-4 години ќе го доведе тимот на ниво како што е Рома, односно на ниво како што Интер ќе биде наредната година(ако не се лажам) а потоа вајда ќе следи продажба со заработка, нормално, не се исклучува можноста да ги купи богаташ порано, во текот на овој процес со веќе спремни банкарски гаранции(не некој анонимен кинез) кој ќе продолжи да го реализира планот.
Сега веќе фановите на Милан знаат на што се. Имаат 'сопстевник' кој ако не друго ќе се грижи тимот да почне финансиски да стои на здрави нозе. Сега веќе ако не друго ќе знаат што ги чека секое лето, нема да бидат напалени по некој си јаки трнасфери, туку ќе си рачунаат која ѕвезда ќе ги напушти и дали ќе биде еден или повеќе играчи.
Лошо е тоа што банката не се гледа како сопственик на долги стази, точно дека ќе го држи клубот, ама знаејќи дека ќе дојде ден да го продава, нема толку детално да се замара, ќе одбере генерален директор, спортски директор, ќе формира управа на која ќе има зададе услови и финансиски одбровуња за основните работи за да функционира тимот, а тие ќе си ја кцаат главата и ќе им принасаат што се се сработило и завршило во очигледно тешките услови.
Ипак ќе повторам, ова сега е барем нешто и поарно од анонимен кинез што зима 200мил за трансфери, а потоа нема 32мил евра. Поарно и за фановите, знаат на што се и што можат да очекуваат. По лошо лето од ова неможеа да имат.