Еве хипотетички да го направиш тоа. Сега, треба да покриеш 40 милиони од двајца играчи за кои сите заинтересирани клубови знаат дека, во ограничен временски период од месец дена, ти мораш да ги продадеш за да ги собереш тие 40 милиони. Што значи, им отвораш можност со low-balling да ти го земат играчот за многу под вистинската вредност, затоа што се свесни дека ти мораш да продаваш под било какви услови. Дополнително и двајцата играчи немаат некој голем пазар, а од одолговлекувањето губиш ти како продавач, затоа што со секој поминат ден ризикот да не го продадеш се зголемува, што значи дека се зголемува и твојата подготвеност да го продадеш по услови на купувачот. Изнуда е, ама најголем дел од преговарањата во секој бизнис на тоа се сведуваат.

Плус, што не можеш да ја скриеш информацијата дека излезните и влезните трансфери треба да ти се нула, сите го знаат тоа.
На крај можно е, а и веројатно е дека ќе завршиш со една од двете опции:
1. Со продал двајца играчи под реалната вредност за играч за кој, ако не собереш доволно пари, нема да бидеш во позиција да го пријавиш да игра за тебе во ЛШ (незадоволен играч, не верувам дека би потпишал ако знае дека нема да игра ЛШ), плус треба да пополнуваш позиција на средина на терен за која немаш пари.
2. Решаваш дека нема да дозволиш да те заебаваат рандом англиски/шпански/германски клубови и не им ги продаваш играчите за семки, па остануваш со 40 милиони во минус и играч кој не можеш да го пријавиш во ЛШ до следната година, со дополнително финансиско оптоварување кое ќе ти прави проблеми со ФФП.
Или можеш да речеш, кој к*р е па УЕФА, да го пријавиш во листата за ЛШ и да ризикуваш санкции од следната сезона.
Според мене сите опции од погоре се полоши од тоа да не го купиш Малком за 40 милиони. Не е толку плукни-залепи работата.
Ако не можат да го купат Малком по овие услови, платена позајмица со право на откуп, нека не го купуваат воопшто. Полошо е да влегуваат во непланирани финансиски гимнастики и да мора да импровизираат и следните години, само ради паника од засилувањата на конкурентите. Попаметно би било да раскрстат со таа спогодба која ја имаат потпишано со УЕФА, која ако добро разбрав им важи уште една година, па од следната сезона да почнат со нов свеж тригодишен циклус по ФФП, во кој ќе може посериозно да се инвестира. Подобро уште една година да им биде цел местата за ЛШ и стабилна иднина, отколку ризични купувања кои можат да ги вратат пак на почетна позиција. Интер и заврши со овие проблеми со УЕФА, баш ради такви панични, некогаш и нелогични, купувања на играчи кои ги правеше во минатото.
Јас дури и би бил позитивно изненаден, ако се воздржат од купување на некоја брзоплета замена за овој Малком, ако Рома сега им го собере пред нос.
Само, мораат да купат десен бек и уште еден играч во средина, зошто според мене тие две позиции можат да направат разлика, помеѓу стабилно 3-4 место и ЛШ на крај, и пропадната сезона, надвор од топ-4 место.
Ако успеаја со Кандрева и Едер на напаѓачките позиции да фатат ЛШ место, би требало да успеат и со Мартинез, Политано, Кандрева и една година поискусен Карамо да го направат истото.
.