Нема полошо место за избор на играч од Светско/Европско/Младинско/Олимпијада. Ако некаде налеташ на превара, таму ќе налеташ. Нема врска што бил Европски шампион, кажи ми ти мене каде гледаш дека човекот корне во среден ред, дека има прецизен удар, шутира слободни, повлекува на себе, презема одговорност, завршува акции... тоа се бара, а не да биде Европски шампион, Грција беше Европски, Стриниќ и Вида за малку ќе беа светски. Ние земавме играч на клучна позиција во тимот, таму каде што ни беше потребна очигледна класа, и се чудиме зошто флопнал? Флопна заради сите оние работи што треба да ги има играч на таа позиција, а тој ги нема.
Габигол „блесна“ на Олимпијада и под блесок подразбирам што играше до Нејмар. Во екипа што беше многу појака од сите други. Така се продаде.
Никој не знае кој играч ќе флопне, си постои ризик во бизнисот кој мора да се преземе. Но секој лажен играч ќе флопне, секогаш и секаде.
Велиш дека исто ти изгедаат Далберт и Малком, јас постирав неколку страни наназад видеа за споредба, најди ги за да не барам пак. Кажи ми во кој универзум исто изгледаат?
На страна видеата, еве ти уште еден показател: За Малком беше заинтересиран Тотенхем, Интер, Евертон, Рома... читав дека лани и МанУ нешто покажал интерес не знам дали е точно. Тоа барем треба да ти покаже дека квалитет има.[DOUBLEPOST=1532006482][/DOUBLEPOST]
@_BerzerkeR_ јас имам поедноставно гледање на работите, не ги гледам колку се млади или стари или од која лига се. Гледам дали имаат во нозете (некогаш и во главата). Според мене, секој може да флопне, без исклучок, и секогаш постои ризик. И Малком, за кој мислам дека е одличен играч, може да флопне. Нема бегање од тоа.
Проблемот е кога купуваш играч без никаква видлива техника поради некаков (можеби) инцидентен успех. Такви се овие двајца што ги збориме.
Иначе имаше време кога гледав 4 топ лиги, се што може да се изгледа. Сега морам на јутјуб, тоа е. Ќе дојдете и вие на моето
