Ја типував дека против Лацио ќе биде првиот пораз, али ете, статива.
Имаат некоја мала криза резултатска што е нормална за сите тимови во овој дел од сезоната. Ме интересира денес Наполи како ќе изигра, зошто и они се во мал пад со формата.
Вината е веројатно во оние 120 минути со третолигашите во текот на неделата. Иако, главната вина за овој пад, според мене, е во онаа недела пред натпреварот со Јувентус кога почнаа оние муабети по медиумите со изјави на ликови ко Морати дека Интер е во трката за Скудето годинава, што и некои официјални лица околу клубот ги прифатија. Интер не е и не треба да биде во борбата за Скудето годинава. Тоа не значи дека, доколку во Април се блиску до прво место, не треба да се потрудат и да пробаат за тоа прво место, туку дека не треба тоа да им се става како цел за годинава. На почеток на сезона самите играчи викаа дека клубот како цел за сезонава го поставил пласманот во ЛШ, така да треба и резултатите од тој аспект да се гледаат. Претпоставував дека е можен ваков период после тој натпревар со Јувентус, затоа сега треба сите да се потрудат играчите да го вратат менталниот баланс.
Нема ова да им ја посере сезоната, резултатите ќе се вратат, сигурен сум у тоа, прашање е само кога ќе се вратат во колосек и колку бода ќе испуштат по пат.
Мада, од аспект на играчите, оваа утакмица целосно ја заеба Сантон. Два гола се по негова директна грешка. Треба да седне на клупа следните натпревари, нека игра дури и Нагатомо, ако веќе тој Бразилецот не е спремен.
Пеналот за мене не е спорен, исто како што не е спорно дека и на натпреварот со Јувентус имаше чист пенал за Интер. И двата требаше да се судат, нема тука простор за толкување .