Не е клучот ни во тактика ни во квалитетот на играчи, туку колку ќе бидат ментално спремни да изиграат ваков вид на утакмица вечер. Јувентус генерално ја има таа предност во сите дерби натпревари против други екипи во Сериа А последните години зошто редовно играат такви утакмици, особено во ЛШ. Посебно оваа група на играчи во Јувентус има многу искуство, стигаа до две финалиња на ЛШ, така да знаат како да насочат тежок натпревар во нивна полза. Добар пример е натпреварот со Наполи минатата недела.
Ја мислам дека тоа е најбитната подготовка што требаа да ја имаат неделава, да останат прибрани и да го гледаат натпреваров како уште едно обично коло. Ради тоа и мислам дека е интересен тест за тимот. Дерби натпреварите, а особено ова дерби, можат да бидат пресвртница за тимовите во овој дел од сезоната, зошто играчите ментално се трошат од интензитетот не само на играта туку и на се што се случува околу натпреварот. А со оглед на тоа што почнаа изјави за Скудето од сите страни, изјави од бивши играчи, новинари за како Интер е еден од фаворитите да циркулираат во медиумите, ова е особено ризичен период, особено ако изгубат на некој несреќен начин. Целта годинава им е ЛШ, и на тоа треба да се фокусираат, па на пролет можеби ќе се прават планови за повеќе. Така да улогата на фаворит и притисокот треба да го препуштат на Јувентус. Ако Интер изгуби сеуште се во рамките на целта што ја имаат за годинава, што не е случај за Јуве ако они изгубат. Мене тоа ме интересира да го видам вечер, како ќе се однесуваат на терен како тим. Мислам дека ќе бидат спремни и ќе изиграат добар натпревар, али сепак, оценки после 10:30 вечер.