Фан Клуб: Интер

Не е до Мурињо до Перишиќ е, сака да си оди...
 
Лошо е во целата ситуација што само Јунајтед се заинтересирани
 
фејк њуз е ова за перишич, потврдено е, тоа не значи дека нема да си замине ама веста од вечерва е фејк, наседнаа неколку медиуми на тоа.
Кеита Балте за 22м евра е супер зделка ако се реализира, еден од оние млади играчи во калчото што ја лично сакав да бидат дел од Интер, така да за неговиот можен ангажман (y)(y)
Иначе нема врска балде со перишич и неговиот моќен трансфер у јунајтед, нит е негова замена нит ништо, ако си замине перишич ке се носи уште еден играч за тој дел од теренот, а може и двајца, ќе видиме ...

Ја ако би се прашувал, десен бек би играл Кандрева, во формација со тројца назад веќе стандард игра таму за Италија, така да таа условно речено, импровизација, добро би поминала и у систем со 4ца назад, ко Маикон што играше апла офанзивно кај нас а десно покриваше занети, со тоа се отвара простор за носење на плус играчи во нападот, а и мислам дека Кандрева би бил идеално решение за таа десна бековска позиција, поготово у системот на спалети.
 
Хандановиќ​
Муриљо-Миранда-Шкринијар​
Кандрева-Гаљардини-Валеро-Далберт
Марио​
Икарди-Марсијал :icon_lol:
Ова лесно може да се трансформира во 4-2-3-1, Мурџо на десен бек, лево Далберт, Кандрева и Марсијал :icon_lol: крила, Икарди шпиц. Вакво нешто и Спалети планира па од таму и тие експерименти со Муриљо десен бек. Искрено не изгледа лошо ама ај да видиме до крај на летово како ќе изгледа тимот.

Ова со Марсијал нема шанси да се деси, не се луди до толку овие од Манчестер иако ќе искешираат 50 милиони за Перишиќ. Кеита Балде истово го има играно и во Лацио така да не ме чуди овој избор на кељавиот иако ќе се пазари уште еден таков играч, Берарди рецимо. Не би било лошо парите од Грозниот да се потрошат на Балде и Берарди а со бонус парите од кинезите да се иде по некоја јака ѕверка Наинголан рецимо или Видал, не мора ништо да значи тоа што Раџа ќе продолжи договор, може да го земат за 70 милиони штакурац. Плус одбраната да се појача со десен бек и штопер, рачунајќи дека Далберт е скоро готов трансфер.
 
Супер би било Интер да го купи и Бернадески ;)
 
Спалети игра 4-2-3-1, што значи ако си иде Перишич, доаѓа Кеита на негово место и тоа е ок, башка ако го земат Дармиан како дел од Перишич.

Ханданович
Дамбросио Скриниар Миранда Далберт/Ансалди
Валеро Гаљадрини
Кандрева Кеита
Ж.Марио
Икарди
 
Шпекулации ... Видал , Кеита , Наинголан - 50 милиона , 60 милиона , 70 милиона
Реалност ... Данкан од Сасуоло , БАМ 12 милиони
Борха и Данкан се доволони за да го повториме фантастичното 7 место од лани ...
Овие за ориз не даваат пари а не па за фудбалери
 
Да се надеваме дека е само уште една шпекулација ова со Данкан :)

21 јули Шалке
24 Лион
27 Баерн
29 Челзи

6 август Виљареал
12 Бетис

Ке беше добро да бевме скоро комплетни на овие подготовки...
 
Ако не донесат еден од Ди Мариа и Видал, сите вие што јадете гомна дека управава разумно работи шуд кил јорселф !
 
Ако играчот не сака да дојде тука не гледам како е тоа вина на управата. Можеш да му дадеш пари и ветувања но на крај пак он бира дали сака да игра во ЛШ или во клуб што тек сега гради тим за ЛШ.
 
20067984_736708009866130_2092946663_n.gif
 
Ако играчот не сака да дојде тука не гледам како е тоа вина на управата. Можеш да му дадеш пари и ветувања но на крај пак он бира дали сака да игра во ЛШ или во клуб што тек сега гради тим за ЛШ.
Ди Мариа и Видал уште да беа единствени кои што не можат да подобрат.... и ќе ти држеше вода муабетот.

И отсега повторно милион песмислени оправдувања доколку не мрдниме од просекот и оваа сезона.

Ауу да, како можев да го заборавам примерот со Лавеци и еден тон други фудбалери кои заминаа во Кина поради љубов и приврзаност кон тамошните клубови.

Абе боса работа...:tapp:
 
Последно уредено:
Еве чисто за дискусија Берзеркер ти си спортски директор, како ќе го убедиш Видал да го напушти Баерн (кој нема конкуренција од други екипи, значи по дифолт ќе игра ЛШ секоја година) да дојде во 7мо пласирана екипа во Италија? Значи треба да го убедиш да прифати и десеткување на плата.

Нудење висока плата не е опција пошто ќе предизвика верижна реакција. Икарди ќе каже јас ви гарантирам 15+ гола по сезона, сакам да бидам најплатен во тимот или си одам. Перишиќ ќе каже ако на Икарди му ја покачите платата, мора и мене. Кондогбија ќе каже "Што сум ја, црнец? И јас сакам покачување" итн итн. Интелигентен си ваљда можеш да видиш каков раздор и чувство на нижа вредност ќе предизвикаш во екипата ако му дадеш 8 мил плата (харикирам).

Значи што имаш да му понудиш да го примамиш да дојде? Проект? Минутажа ќе му ветиш? Шанса да се докаже и да зграби место во националниот тим?

Ќе му ветиш пари, пошто него тоа го интересира, нели. Ама пошто е ѕвезда има уште други 5 клуба кои ќе му ја ветат истата сума плус учество во ЛШ, плус плата со која ќе платиме тројца Икардовци.
 
Прво, не смеам да очекувам да се разбереме кога не ме цитираш.
Али ќе продолжам со дискусија.

Примеров твој, вака со сите овие хипотези и претпоставки држи место да, не во реални услови не. Зошто? Затоа што еве пример Перишич си оди, Кондо можда и тој, кој би се бунел на тројно поголемата плата на соиграчот кој е трипати подобар од сите други во тимот.
Па види еве прв тим од (еве на пример до пред некоја година) ПСЖ, колку земаше плата ибра колку последнорангираниот... :)

Ако некој мисли дека баш тој заслужува висока плата, бујрум, направи драстична разлика, биди моторот, али се' досега што имаме изгледа као да им треба "месија" меѓу нив.

Не знам точно која цифра ја имаме на располагање за трошење моментално, но доколку тоа е пр. до 100, секако можеме да направине нешто.

А кога сме кај Икарди, не сме приморани да му бараме конкуренција која би го принудила на реакции кои ти ги спомена, туку фидер, фудбалер кој ќе го храни, фудбалер кој ќе ора и ќе гради игра.

Мое гледиште!
 
Да се прашам јас би го задржил Перишиќ, па и ќе се сложам со Син, Кандрева би го играл бек, би го купил тој брзиот бразилец од Нице, Далберт за лев бек, така што еден од ДиМариа/Кеита и тоа како би легнал десно крило на местото на Кандрева, и после ова би одел Аll in за еден од Наинголан или Видал... и нормално еден централен дефанзивец low-cost некој надежен подобар од овој Скинар кој не ми дава многу надеж од тоа што видов на првиот пријателски натпревар а и воопшто од youtube...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom