Треба да ги одигра од старт до финиш Занети овие две преостанати натпревари. Требаше и дербито да го игра, али целосно се посра Мацари со тој потег. Тоа е минимум што човекот го заслужува.
Не сум некој љубител на такви емоционални збогувања и слични глупости со играчи, ама кога станува збор за Занети мислам дека заслужува да одиграме десет натпревари по ред во негова чест. Занети не е само играч, туку е дел од брендот на Интер. Најголем симбол на клубот за било кој фан што е денеска жив. Имало многу добри играчи во последните 20 години кои што имале и добри и долги кариери во клубот, ама околностите во кои се одвиваше кариерата на Занети и особено неговата личност го прават посебен, не само за клубот туку и општо во светот на фудбалот. Не верувам дека ќе имаме сличен играч на него, со слична кариера и во слични околности како неговата, така што дури и од бизнис перспектива е паметно да се направи спектакл од неговото пензионирање и максимално да се употреби тоа што неговата играчка кариера го симболизира. Треба и на идните генерации на фанови и оние не многу лојални фанови на клубот до максимум да им се презентира приказната за капитенот Занети и уште на првото запознавање со клубот одма да можат да разберат за него. Буквално да го направат дел од имиџот на клубот, нешто што може да не одвои од останатите клубови и преку него дополнително да се промовираме. Мислам и дека ќе се случи тоа и нема да ја направиме грешката која, пример Милан ја направија со Малдини.
Веројатно право време му е да се пензионира. Нема што повеќе да му понуди на тимот играчки и баш ми е мило што и самиот сосема професионално и одговорно го виде тоа. На страна што некогаш играше кога не требаше, на страна неговото влијание во тимот, се тоа е сосема човечко, разбирливо и нормално за било кој на работното место, ипак кај овие луѓе станува збор за нивната кариера и очекувано е да се борат за неа. Човечките квалитети, личноста на Занети е тоа што го прави особено вреден за фудбалот. Веројатно лик со кој обичниот гледач најмногу може да се идентификува. Прав role-model за било кое дете кое утре сака чесно да биде дел од професијата. Професионален, значи неверојатно професионален, во време кога и спортистите тргнаа по патот на актерите и музичарите и својот јавен имиџ го ставаат во функција на маркетинг индустријата. Надвор од таа целата медиумска култура во која е влезен и фудбалот. Страшна дисциплина, работна етика и посветеност, што е за пример и за луѓе од други дејности. Човек со ретки квалитети, стварно.
Треба да играат и Самуел и Милито и Камбијасо вечер. Не дека има некаква битна цел што ја бркаме и што резултатски ни зависи. Европа лига не е такво нешто, не знам што се запнале толку по неа. Се што не е Лш е неуспех за нас и не ни влијае позитивно на престижот. Сезоната одамна ја уништи Мацари, така да глупо е сега да глумиме дека имаме некаква цел, што ќе опрада прагматичност, посебно што он сам потенцираше, секогаш кога ќе усереше работа, дека ова било сезона за градење и дека лани сме биле 9ти и да не се занесуваме многу.