Фан Клуб: Интер

E добро де :) Toa и цело време беше дел од муабетот, само се чека веќе извесно време за официјализација да ја веќе и престанав да пратам, сега гледам истото, ништо ново, прашање на време е али ова прашање на време важи за нешто што ќе се деси деновиве, ова ќе се истера уште некој месец сигурно но до Јануари милион% Интер ќе го дочека со нов сопственик што ќе значи и комплетирање на трансфер пазарот оваа година, ова е најважно у целиов муабет во моментов зашто летово Мацари беше со врзани раце, и самиот изрази незадоволство по крајот на трансфер летото што значи Интер мора да стори Се за да издржи на врвот до зимскиот преоден рок.

И у таква ситуација се донесе Таидер кој од старт покажа дека е достојно име за овој дрес, се надева исто ќе е и со Белфодил. Све е полесно кога однапред имаш дефинирана формула за успех и тимот го градиш аналогно на истата, затоа и Џони почна да наликува на фудбалер, можете само да замислите Маикон у најбољи денови како би функционирал кај Мацари, па и сега, на овие години.

Саусуло треба да ги изгазат, Икарди едноставно мора да стартува а у второ да добие шанса и Белфодил, само има некои најави дека и Милито може да стартува али тешко дека би се десило тоа сега, исто и постои простор да одмори малце Паласио, мада ја би ги стартувал Икарди и Паласио а во второ Паласио би го заменил со Белфодил, евентуално и Милито да осети некоја минута фудбал после 75та. Све зависи и од тоа како ќе се одвива мечот кој бај д веј, почнува у 12 ипол, Све да им ебам.

Не би го брзал Милито полека полека голем + е во тимот ваш здрав милито
 
Леле тапа термин, нема да можам да го гледам дека не сум дома. :mad:

Мислите може да се најде торент за со Сасуоло?
 
Леле тапа термин, нема да можам да го гледам дека не сум дома. :mad:

Мислите може да се најде торент за со Сасуоло?

Имаше една страна каде што даваја цели утакмици сејвнати ако ја најдам ќе ти ја пуштам
 
нека ви е со среќа новиот претседател и очекувам истиот да биде барем дупло потрофеен од чичко морати. посакувам интер повторно да се врати во врвот на италија, онаму каде припаѓа и уште годинава да го освои скудетото.
позз
 
Најавите за Тохир се дека Бранка сигурно заминува, најверојатно ќе дојде Леонардо, једини е кој се споменува во комбинација, и дека човекот ќе инсистира на подмладување на екипата, Мацари не е под никаква закана иако е избор стриктно на Морати, Тохир имал доверба во него и планирал со Мацари да составува тим за долгорочни патеки.
Ништо чудно ова да е последна сезона на сите ветерани, једино Занети ако одлучи да игра уште година плус, но можно е и за него ова да е последна година воопшто, во фудбалот :( , останатите ќе бараат други ангажмани. Једини кој според мене би имал шанса да остане е Милито, ако сезонава ги задоволи потребите на Мацари и ако се согласи да потпише нов, финансиски бајаги послаб договор од овој сега што го има.

п.с. Аусилио може да остане од оние кои сега се дел од трансфер функционирањето зашто одлично работи со младите фудбалери, па би одговарал на новиот проект кој го зацртал Тохир.
 
Леле тапа термин, нема да можам да го гледам дека не сум дома. :mad:

Мислите може да се најде торент за со Сасуоло?


Чим заврши натпреварот со Сасуоло, пиши ми во приватна порака и ќе ти дадам линк од кај можеш да симнеш :)
 
Ако дојде Тохир како нов газда сакам едно.
Морати да остане за прецедател. Ако несака Морати повеке да биде на тоа место, тогаш барем до крајов на сезонава да остане. Потоа се знае само кој може да го замени Занети.
 
3-5-2: Handanovic; Campagnaro, Ranocchia, Juan; Jonathan, Guarin, Cambiasso, Taider, Nagatomo; Ricky, Palacio
 
Најзезнатите натпревари се оние кои би требало да се добијат лесно. Ќе видиме.
 
па уште 1.85 ни дале у кладиона, гратис од куката е утакмицава.
 
Ептен сте ми интересни како фан-клуб, не некако му доаѓа како повеќе да ви одговара Интер да не победува.
Пред сезона се зборевте дека тапа ќе ви биде сезонава, а еве прво место сте :D
Башка сега водите во лигашки меч 0-2 и нигде ве нема.

Добри сте, добри, се надевам дека догодина ќе играте во ЛШ :)
 
Милина утакмица, театарска публика, овие немаат навивачи, се собираат поради противникот. Теренот одличен, време одлично, стадион полн и аматерска одбрана на домаќините. :)
--- надополнето: 22 септември 2013 во 13:01 ---
Пред сезона се зборевте дека тапа ќе ви биде сезонава, а еве прво место сте :D
Башка сега водите во лигашки меч 0-2 и нигде ве нема.
Кога ќе е изгориш на млеко и во јогурт ќе дуваш. Лани имавме серија, 10 победи во гости во раазни натпреварувања, се одеше како подмачкано и после се распаднавме. Рано е :cautious:
 
^ :pos:
Овие ептен утепани биле, како стигнале да играат во Сериа А.
Таидер 2 гола, еден Паласио. Добро ќе биде на полувреме да го извади Паласио и да влезе Икарди или Белфодил, треба малку да се одмори, а и треба да добијат шанса Кова и другите млади играчи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom