Фан Клуб: Интер

Искусно чуваме резултат со овие... како се викаа?
 
2-0, добро е, задоволен сум од играта и залагањето на некои од играчите, се гледа дека имаме квалитетни играчи.
 
Переира за разлика од лани игра многу подобро. Исто и Кампањаро е прав погодок.
 
Добри ни се играчите против овие клубови(?), ќе ги видиме на турнеата во САД, а и на мечот со Хамбургер.
Переира беше солиден и на мечот против Виченца.
 
Mацари изглеа ќе е прв тренер до сеа што ќе му ја погоди позицијата на Алварез.


Две страни подоле пишав дека Алварез и Ковачиќ ќе треба да го носат оваа сеозна цел товар.
Против Винченца Алварез имаше голема слобода во играта, цело време правеше вишок на играч, за разлика од денес ја немаше таа слобода.
Баш сакам да видам како Кова ќе се снајде во таа формација т.е каде Мацари ќе го постави да игра.
И да видиме како ќе изиграат против Хамбургер и Челзи, зошто овие не се некое мерило.
Добро би било да се тргне по Наиголан, во случај да се ангажира, би требало да го седне Камбиасо на клупа, ни треба таков тип на играч како Наиголан, брз кој би можел одма да се врати назад и да покрие.
 
Овие утакмици против вакви боси екипи воопшто не треба да ве загрижува колку голови сме им дале и каква ни била играта.
Ова е прв дел од припремите каде играчите се подготвуваат на физички план. Останатиот дел од припремите се базира на техничко-тактички уигравања на екипата.

А што се однесува на Алварез мислам дека заедно со Переира ќе ``експлодираат`` под водство на Мацари. Тренерот ќе знае што и како со нив, што не беше случај со Раниери и Страма..
Видете го Гуарин како игра на неговата природна позиција а не полушпиц што го играше Страма.

Мацари знае што сака од играчите.
 
Што правиме со Белфодил и Икарди? Ќе ги биде? Не сум ги гледал скоро ич...

п.с. На клупа ни дреме Лонго... Io Sono Interista
 
Што правиме со Белфодил и Икарди? Ќе ги биде? Не сум ги гледал скоро ич...

п.с. На клупа ни дреме Лонго... Io Sono Interista
Од Лонго може и ништо да не испадне, Капело и Мира кинат, првиов летово дојде од Болоња, платија над милион евра за детето, не ми текнува точно колку кошташе, овој Мира незнам од кај испадна али го има потенцијалот, сега прашање е како ќе се развие во иднина. Вакви секое лето испаѓаат и ништо ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom