Го спомна Киву ко ротационен играч,завршуваме тука.
Добро бе,толку ли не разбирате дека со издишана роба ко Киву,Скелото,Џонатан па и до некаде Самуел,не се освојува второ место и не се парира на еден Јувентус кој што е за три класи појак од нас.
Па со Киву назад бе,НЕ ДАЈ БОЖЕ,ќе ги примаме по 4 комада од Рома како од шала.
Тоа ми е муабетот мене,подобро Драговиќ од Киву и Самуел.Киву ко што знам,зема голема плата,за Самуел не сум сигурен.Време е од корен да се мења се,но штета што нема Интер моментално кадарни луѓе за сето тоа,ќе си го трпиме Бранка се додека не дојде Леонардо.
Абе едно си ти, друго е Мацари, последно што се спомна е дека он сакал да остане тука и да го има ко ротационен играч, со оглед дека Мацари е во прашање, и со оглед дека бара искуство, тоа е ...
Киву беше стартер и у финале во ЛШ кога пола мозок му истече и беше на тапет на секој фан на Интер, за трета замена од клупа е таман, сигурно третата замена од клупа не кошта 10 милки.
Сеа за Драговичовци и мучачовци до утре можеме да збориме, такви со лопата имаш да ги ринеш, Драгович кој е у фудбалот ? До спомнувањето на Интер у неговиот живот, ништо не значеше, сеа цена му се крена и на крај најверојатно ќе заврши у, кхм, втората украинска екипа каде до вчера Попов беше стартер. Со среќа нека му е, у моментов, со Ранокија во тим ( условот за да дојде Драгович, а кога би бирале, се знае кого би избрале ), со Хуан, Кампањаро, Самуел, Андреоли и Киву, факт е дека клубот НЕ ТРЕБА да фрли 10м евра на уште еден играч за тој дел од теренот ( со оглед дека ете, се нема многу пари ), ова му доаѓа исто ко непотребниот трансфер маневар наречен Ханданович во ситуација кога Цезар беше тука, беа дадени 10м евра и за него.
Треба да се инвестира во средина и напад, може утре Драгович стварно ќе стане ѕвер, али у моментов стварно не треба да се троши време за тој дел од теренот, џабе е, освен ако утре не стигнат 20 милки за Ранокија, па да се дискутира и за засилување у одбраната.
И пак ќе кажам, втората по квалитет украинска екипа им украла играч на Интер, no can do, Драгович да е у ситација да е стварно пред портите на Интер, ќе чека до 30ти август па тек тогаш би прифатил понуда од Динамо Киев, реални да бидеме.
п.с. Самуел е бедно да го ставаме во иста реченица со некојси Драгович, со една нога да игра бољи е од него у моментов. Самуел проблем е што е склон на повреди, иначе ќе си дозволам да кажам дека повеќе верувам у него отколку во Хуан и Ранокија, и на двајцата позиционирањето им е убијбоже и има уште да учат.