Ова не ми наликува на Интер ! Нема да зборам кој треба да дојде туку напротив ќе дадам мое резиме за тоа на кој не му е местото во Интер. Заради тоа прво ќе ги набројам играчите кои заслужуваат шанса за игра во тим како што е Интер. Цезар, Мајкон, Лусио, Самуел, Ранокиа, Занети (гледам дека некои го критикуваат, но јас кај него не гледам пад на формата како кај некои други играчи), Снајдер, Тиаго Мота, Рики Алварез, Камбијасо (само за да ја грее клупата, и максимум игра од 75 до 90, уште го има квалитетот но паѓа на кондиционен план како Македонски репрезентативец во второ полувреме), Форлан од онаа постара Фела, и секако сериозно треба да се смета на Вивијано (репрезентативен голман на Италија), Поли (играч со потенцијали да биде подобар од Монтоливо и Маркисио), Оби (Иако за него сметам дека не е дозреан за да игра, добро би му дошла една позајмица во Џенова на пример), Фараони (одлично прво полувреме против Удинезе одигра малиот) Калдирола (газеше лани во Холандија), и секако Кутињо и Кастаигњос треба да играат секој натпревар бидејќи се идни фудбалски ѕвезди и лидери на Интер.
Сега следува црниот список :
1. Станковиќ-за него само едно чао и праќање во Ѕвезда да си биде пак капитен, освен шутот веќе нема ништо друго од тебе.
2.Кордоба, не е веќе брз ко што беше а ни енергичен, заменик капитену имаш 35 години, со толку години може само капитенот да игра, збогум и фала ти за се што направи за тимот.
3.Ривас, не треба да се збори
4.Киву, откога го лупна Pellissier не е ни бледа сенка на она што беше
5.Нагатомо, кој виде нешто фудбалско во тебе, незнам, стварно незнам
6. Мунтари, подобро да си пробал со атлетика веруј ми, оти освен кондиција и цврстина немаш ништо друго
7.Милито, Принцу барај друго Кралство бидејќи нашето е преголемо за твоите моментални способности
8.Пацини, оди во Англија и секоја сезона ќе имаш по минимум 25 гола, но во Интер не одговара твојот стил на игра.
9. Зарате, ти си најголемата грешка на овој трансфер преоден рок, себичен си до толку што сите те научија дека секогаш одиш на дриблинг и лесно се справуваат со тебе, мора да си одиш, Интер е тим кој треба да се базира на колективната игра !