Фан Клуб: Интер

Вчера на тренингот биле форсирани Милито-Пацини па најверојатно Зарате ке седне на клупа...


Според Скај:
-------------------Цезар------------------
Занети--Самуел----Ранокиа--Киву
Фараони---Камбијасо---Мота---Алварез
--------Милито------Пацини-------------
--- надополнето: Dec 3, 2011 1:31 PM ---
 
Кај се Џонатан и Кутињо?

Фараони прв тим?? Џизиз.
 
Гледајте на светлата страна, нема да игра Станкович, идам да и ставам 1 000 000 евра чим не игра он. Тепаме 1000000000000000000000000% :D
 
Од кај ви се овие информации дека Сарас била една од компаниите кои што добро се справувала со кризата, па уште и заработувачка имала голема.
Ја колку што знам, а прилично сум сигурен дека е така, Сарас од 2007-8 па навака има баајаги проблеми. Имаа еден период голем пад во работењето, а и константно од тогаш имаат лоши резултати на крај на година (мислам релативно лоши не ептен катастрофа), најмногу ради тоа што тогаш нагло се зголеми цената на нафтата и ради сите проблеми таму во Блискиот Исток.
Тогаш и ептен им се намали профитот, што и беше причина зашто во тој период и посебно од тогаш па до сега, Интер е многу поконзервативен во расфрлање на пари (не ради ФФП МФП и слични глупости), зш Сарас му е основен извор на средства на Морати а преку тоа и на Интер. Знам лани земаа и тешки кредити од банка. Исто вредноста на акциите цело време им е во опаѓање, неколку години.

Е сеа за ова дека ќе влезат Руси во Сарас, тоа е претпоставувам ради крајот на либиската криза (која исто го досреди Сарас), па сите сеа се тепаат да земат дел од колачот. Посебно што сеа искористувањето на нафтата таму ќе се либерализира крајно, а има простор за многу пунење на џепови. Па сеа стратешки се договараат заеднички да настапат, а и плус свеж капитал за сарас и некој вид на сигурност. Не верувам дека е во толкави гомна за да продаваат да опстанат, мада ќе видиме. Како и да е ова се големи игри за кои обични смртници ко нас многу малку дознаваат.

А како би се одразило тоа на Интер ? Е тоа е многу неизвесно. Може да се расфрлат пари како и другите богаташи што сакаат да си играат, ама исто веројатно е уште повеќе да го стегнат ременот. Кој би знаел што стратегија имаат такви тајкуни и за какви се причини влагаат во некој бизнис. Без оглед на тоа кој го има контролниот пакет и од Сарас и од неговите филијали ( и Интер), сигурно сите одлуки ќе се носат по договор и консензус на сите крупни акционери. Не мора да значи дека ако доаѓа богат Русин во клубот дека, тоа неминовно ќе значи тони пари и купување како кај Челзи, Сити, ПСЖ. А и тоа не секогаш носи успех и се големи промени за еден клуб.
Она што мене би ме израдувало, без разлика кој ќе биде "газдата", е поставување на чисто професионален менаџмент во клубот (никој да не си игра фудбал менаџер со клубот) и уште побизнис, попазарно ориентирано да биде севкупното работење на клубот. Да би се доближиле до другите гиганти во фудбалот
 
Па кога ќе ми текне како се одразуваше врз Интер соработката Тронкети - Морати, верувам од ова клубот ќе има многу голем ќар.
Влегувањето на некој спонзор најверојатно ќе издејствува новиот стадион да биде крстен по тој спонзор, ко што направија Сити и Арсенал и ред други клубови. Не е мала работа нов модерен повеќенаменски стадион, во град ко Милано, да носи име на некој спонзор, поготово и зашто истиот тој стадион кат тад ќе биде и домаќин на едно финале во ЛШ.

Инаку Газпром и Сарас уште од лани започнаа соработка така да не е воопшто чудно ова што сега се наговестува дека истата ќе се продлабочи со тоа што и Интер е споменат во муабетот, јавна тајна е дека Керимов и Морати се во добри односи, поготово по продажбата на Ето во Анжи.
 
Баталете све него кој ќе ја отвори новата тема? Деко пак?:sneaky: Или некој посреќен. :D
 
Нема веќе отварање на нови теми, се тера и по 1000ка.
 
Абе може да има голема корист ама може и да биде сосема спротивното. Не знаеме дали овие информации се точни како прво, и што е причината за продавање на акции од фамилија Морати. Не ни знаеме во колкав обем би се случило се тоа. Многу работи би зависеле од тоа

Тронкети беше акционер (уште е изглеа) во Интернационале Фц, а не во Сарас. Таа соработка беше чисто за фудбалскиот клуб, во која и двајцата имаат занимација :D а и заедно ги користат придобивките од водење на клуб во Италија, а и такви излети се водени многу често не од баш бизнис причини. Овој влага во првичната дејност на Морати, не во негово релативно кажано хоби. Има можност човекот и да бара уште помало учество на капиталот на Сарас во Интер. Во таков случај мислам ќе се согласиш, дека сме во зезната ситуација, зошто реално Интер се темели на заеми од филијалите на Морати а не на свои приходи, барем до сега.

Ако им е чисто фудбалска соработка (по тоа што се пренесува не сум сигурен дека е така), тогаш супер за нас, за клубот, ама ја мислам дека ова е многу побизнис соработка. А и не е исто ручеци, продавање на играчи, и некои договори за соработка и да купиш акции од компанија со која сакаш да соработуваш. Како и да е ќе видиме
 
Tронкети одамна не е акционер во Интер, но тука е со Пирели. Инаку Керимов се споменува дека ќе купи акции од Интер, тргни ги Сарас на страна во случајов, они уште од лани соработуваат со Газпром, како и да е, и со Интер и со Сарас доминантен сопственик ќе си остане Морати. Керимов ако добро разбрав ќе купувал акции од Интер ( не од Сарас ), со Сарас ќе имаат заемна соработка ко и до сега.

Кажав и вчера мислам, Керимов сакаше да вложува и во Рома но се повлече од таа идеја, така да не е прв пат да пројави интерес за влез во некој италијански клуб.

Бар за финансиите, ако се земе во предвид целото владеење на Морати со Интер, верувам дека човекот знае што прави и ќе успее во намерата Интер повторно да биде и те како конкурентен на трансфер пазарот. Ова што сега се случува е сплет на повеќе околности, заминувањето на Мурињо кое не беше во план да биде по само 2 години, светската екомонска криза која ги погоди и Сарас, гледам и ти си информиран за тоа, ФФП ...и тн и тн.

Со стабилизирањето на Сарас, со партнерството со Газпром, со евентуалното влегување на Керимов во Интер, со изградбата на нов стадион, клубот е на добар пат да се врати на периодите кога беа кадарни да трошат многу, односно, да располагаат со бајаги пари за трансфери.
 
Интер од Пирели земе 8 милиони за спонзорство што не е многу Шалке на пример од Газпром зема 20 милиони годишно.Манчестер за тренинг дресовите зема повеќе.
183223large_I2003.png
 
Inter: 1 Julio Cesar; 4 Zanetti, 23 Ranocchia, 25 Samuel, 26 Chivu; 37 Faraoni, 8 Thiago Motta, 19 Cambiasso, 11 Alvarez; 7 Pazzini, 22 Milito.
A disposizione: 12 Castellazzi, 2 Cordoba, 5 Stankovic, 18 Poli, 28 Zarate, 30 Castaignos. 55 Ngatomo.
Allenatore: Claudio Ranieri.
 
Катастрофа состав, али барем ќе го гледам како Фараони ѓине на терен наспроти умрениот Станкович.
 
Ја ќе ја отворам новата тема само кажете кога,no problemos :D
--- надополнето: Dec 3, 2011 6:59 PM ---
Официјални состави за вечер:

Inter: 1 Julio Cesar; 4 Zanetti, 23 Ranocchia, 25 Samuel, 26 Chivu; 37 Faraoni, 8 Thiago Motta, 19 Cambiasso, 11 Alvarez; 7 Pazzini, 22 Milito.
A disposizione: 12 Castellazzi, 2 Cordoba, 5 Stankovic, 18 Poli, 28 Zarate, 30 Castaignos. 55 Ngatomo.
Allenatore: Claudio Ranieri.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom