Од кај ви се овие информации дека Сарас била една од компаниите кои што добро се справувала со кризата, па уште и заработувачка имала голема.
Ја колку што знам, а прилично сум сигурен дека е така, Сарас од 2007-8 па навака има баајаги проблеми. Имаа еден период голем пад во работењето, а и константно од тогаш имаат лоши резултати на крај на година (мислам релативно лоши не ептен катастрофа), најмногу ради тоа што тогаш нагло се зголеми цената на нафтата и ради сите проблеми таму во Блискиот Исток.
Тогаш и ептен им се намали профитот, што и беше причина зашто во тој период и посебно од тогаш па до сега, Интер е многу поконзервативен во расфрлање на пари (не ради ФФП МФП и слични глупости), зш Сарас му е основен извор на средства на Морати а преку тоа и на Интер. Знам лани земаа и тешки кредити од банка. Исто вредноста на акциите цело време им е во опаѓање, неколку години.
Е сеа за ова дека ќе влезат Руси во Сарас, тоа е претпоставувам ради крајот на либиската криза (која исто го досреди Сарас), па сите сеа се тепаат да земат дел од колачот. Посебно што сеа искористувањето на нафтата таму ќе се либерализира крајно, а има простор за многу пунење на џепови. Па сеа стратешки се договараат заеднички да настапат, а и плус свеж капитал за сарас и некој вид на сигурност. Не верувам дека е во толкави гомна за да продаваат да опстанат, мада ќе видиме. Како и да е ова се големи игри за кои обични смртници ко нас многу малку дознаваат.
А како би се одразило тоа на Интер ? Е тоа е многу неизвесно. Може да се расфрлат пари како и другите богаташи што сакаат да си играат, ама исто веројатно е уште повеќе да го стегнат ременот. Кој би знаел што стратегија имаат такви тајкуни и за какви се причини влагаат во некој бизнис. Без оглед на тоа кој го има контролниот пакет и од Сарас и од неговите филијали ( и Интер), сигурно сите одлуки ќе се носат по договор и консензус на сите крупни акционери. Не мора да значи дека ако доаѓа богат Русин во клубот дека, тоа неминовно ќе значи тони пари и купување како кај Челзи, Сити, ПСЖ. А и тоа не секогаш носи успех и се големи промени за еден клуб.
Она што мене би ме израдувало, без разлика кој ќе биде "газдата", е поставување на чисто професионален менаџмент во клубот (никој да не си игра фудбал менаџер со клубот) и уште побизнис, попазарно ориентирано да биде севкупното работење на клубот. Да би се доближиле до другите гиганти во фудбалот