Фан Клуб: Интер

Роми не можевте уште еден гол да дадете бе ? што слушнав трепнало 1:2 па вратиле од офсјад гол да не дадовте ?
Освен коефициентот и имињата можеше и некои други работи да ги изанализираш пред да ја ставиш 2ка, ко на пример да чекаше да завршат Лил, сигурно дека Интер нема да одат на победа ко да нема утре кога веќе се квалификувани во наредната фаза, реми им беше доволно само за да си го зациментираат првото место кое ќе го имаа на крај и со пораз зашто турците ќе го лапнеа како и да е од Лил.

Најважно за Интер у мечов беше да не се повреди некој, добро, и да не доживеат некој дебакл, и на темава пред натпревар имав напишано, Раниери одеше по реми и истото си го доби. Бев убеден пред неколку недели дека Трабзон ќе паднат али не и во ситуација кога Интер веќе обезбедија пласман даље а и во ситуација кога видов какви состави се најавуваат иако тинкеров изненади со Алварез.
 
Станковиќ пак прва постава вечерва а ? :cool:
Ах бе Ранко пичот мајчин да ти го ебам !
--- надополнето: Nov 22, 2011 10:12 PM ---
Сеа сигурно сме први така?

jeсте.
 
Освен коефициентот и имињата можеше и некои други работи да ги изанализираш пред да ја ставиш 2ка, ко на пример да чекаше да завршат Лил, сигурно дека Интер нема да одат на победа ко да нема утре кога веќе се квалификувани во наредната фаза, реми им беше доволно само за да си го зациментираат првото место кое ќе го имаа на крај и со пораз зашто турците ќе го лапнеа како и да е од Лил.

Најважно за Интер у мечов беше да не се повреди некој, добро, и да не доживеат некој дебакл, и на темава пред натпревар имав напишано, Раниери одеше по реми и истото си го доби. Бев убеден пред неколку недели дека Трабзон ќе паднат али не и во ситуација кога Интер веќе обезбедија пласман даље а и во ситуација кога видов какви состави се најавуваат иако тинкеров изненади со Алварез.

Знам знам, и мислев да не ја играм откако видов дека веќе е 0-2 во кладилница сепак коефициентот и многу подобар тим за разлика од Трабзон ме натера да ја пишам. Сепак ко што реков малку излив на нервоза со постот после натпреварот не ми замерувајте :D
 
Раниери, 2 саата после натпреварот во 38 коло Серија А, да лета.
Како може некој да те сфати сериозно како тренер, кога со таква игра Станкович си одигра комотно два натпревари по 90 минути. Да беше нормален тренер уште на првиот натпревар во 30 минута ќе го извадеше од игра. За Киву не ми се ни зборува.
Уствари коа ќе размислам подобро изглеа не го ни прашуваат кој ќе игра. Ваљда си прават список пред натпревар кој ќе игра, а кој кога ќе влезе од клупа, играчите. После само го известуваат Раниери колку да не изглеа изненадено.:)
Самоуправување. Раниери као Тито........
Нагатомо е циркузнт. Не сум видел поизгубен играч долго време. Како да не знае што прави. Само трчка наваму натаму без ориентација. Ниеднаш не беше добро позициониран во одбрана и да не беше Занети ќе не растуреа по таа страна. Го бранев претходно, ама денес ме изнервира.
Алварез добар. Прилично добар, ако земеме дека сам играше напред. Само не е за крило.

И за крај, треба да се размислува малце и во бизнис смисла, да се проба да се подбри брендот на клубот, да се мисли на навивачите. Ја разбирам дека на прво место се резултатите ама никој неќе да гледа вакво мачење на терен од еден so called фаворит. Против вакви екипи треба да се игра не само резултатски, туку и да пробаат да ја забавуваат својата публика. Со ваква игра на 10 деца шо сакаат фудбал, да им дадеш избор да го гледаат Интер или да гледаат кошарка, 10 од 10 ќе изберат кошарка .
 
Као беше оноа на Ико, beware, Syn's post is coming, кој сака нека чита, кој не ... :pipi:

Во Италија ретко кој ја забавувал публиката, Рома на времето тоа го правеа со Спалети, 7-0 дома со Катанија, Спалети по утакмица отиде у соблекувалната на Катанија да им се извини ( true story :pos:) и на клоци сакале да го избркаат ( и ова, true story :pos: ) али затоа подоцна беа понижени од Јунајтед ...

Италијанска екипа без одлична игра во одбраната тешко до успехот, едноставно у гени им е тоа, поготово на Интер, сеуште се единствени у последниве 2 години што изиграле таква страшна одбрана против моменталнава Барса, и кои го оставија Чави без идеја, да шири раце на терен ...

Да дадам едно мое стандард, долго мислење за она што сметам дека е проблем во моменталниов тим.
Она што треба екипава да го разбере е фактот дека веќе сме влезени у 11та година од 21ви век и истава привршува а тренери кои се едуцирале у 80тите и 90тите ко Раниери, имаат 4 бајпаса направено и преферираат фудбал неадекватен за денешницава едноставно не смеат да бидат во клубот. Бојан, дечкото што пишуваше на времето на темава а инаку е еден од момците што го водат 24фудбал, убаво пиша. Темпото на игра, значи она офанзивното, се знае, го диктира средината, не значи дека ако на терен имаш 3 напаѓачи, или 4, дека под дифолт, ќе играш офанзивен фудбал ( муабетот му се однесуваше на периодот кога Интер со Мур се мачеа а типот ќе ставеше 4 напаѓачи напред а Интер нит напаѓаа нит ништо, но со неговата среќа некако доаѓаа до посакуваниот погодок ).
Со Каљари гледав инсерти на фудбал Италија, у прво мачење со тој тим, во второ по влегувањето на Алварез и променаа на тактика, 4321, со Коутињо и Алварез ко везни играчи, нештата се променија.

Според мене, Зарате треба да има фиксна позиција на терен со големи ограничувања без поголема слобода, а тоа е лево напред, на остатокот од теренот од него тимов нема апсолутно никаква корист, декор е. Алварез исто, да биде користен десно во нападот. Снајди незаменлив централно и напред 1 од Пацини и Милито.Форлан кога ќе се врати, или најистурен, или да се менува со Зарате, Кутињо стандард, замена за Снајди и по потреба замена за Зарате, за десно малиов не е.

Во средината Мота и Камби, замени Оби, Дејо и Поли.

Ова е моментално најсилната постава на Интер, постава која може да се трансформира многу лесно од обрана во напад ( нешто што воопшто го нема со Раниери ) и обратно, и постава која е кадарна ако ништо друго, лесно да се справува со екипи ко Катанија, Новара, Аталанта. Затоа и беа лесен залак за нив, едниот тренер користеше 343 формација, моменалтиов користи формација која е аналогна само за чување на резултат, не и за напад, па тоа им остава на противниците поголем простор да го нападнат Интер без некаков страв од против напад кој пример со Мурињо беше многу силно оружје ( вториот гол против Барса дома, голот на Балотели со Јуве, првата година на Мур, и тн и тн ), сум кажал 100 пати ќе кажам и пак, ретко кој тим во денешно време брка победи со само тројца фудбалери кои имаат офанзивни карактеристики и 7 останати ( плус голманот ) кои имаат дефанзивни карактеристики и се губат во нападот.

И ова што го имам напишано во постов е всушност и причина зашто го бојкотирам лузерот, не дека нешто тоа значи, гледач помалце за Телма, повеќе лимит на PC, и нервоза нула во мене. Но не можам да најдам здрава логика како еден менаџер во 21ви век на терен, прво, не го вади најсилниот состав на располагање ( каков апсурд ! ), второ, преферира формација и играчи кои се класично контрирање на она што го бара денешниот модерен фудбал. Одговорот за ова ваљда лежи погоре, кај бајпасите ...

п.с. И Тевез МОРА да дојде, реков пред некој ден потребен е напаѓач напред, не статикус ко Пацини, Тевез е одлична прилика која мора да ја искористат, и истиот е солуција за наредни 3-4 сезони. Гадно ќе се заебат ако дозволат во Милан да отиде, нивниот наводен интерес е причина плус зашто треба да направат СЕ за да го земат, ем е преадекватен за Интер, ем на овој нивни јак напад уште он им фали и ќе може да му мафтаат на Скудетото и у наредни 2-3 сезони. И ем :), милион посто се сигурни за играње во ЛШ ( наредна година ) со него од Јануари па нагоре.

п.м.с. То је то.
 
Можам да претпоставам каква игра имавме..сигурно Трабзон играл викторија пред нашиот гол и наликувале на Барселона на некои моменти но добро е што си заминав на студенска да не се нервирам со ботојте Станкович и Киву кои Раниери без нив не излегува воопшто на теренот..да беше тој претседател кога ќе му лупнеше договори по 5 години на двата заедно со Камбиасо и Занети и тогаш дури ќе видевме силен Интер!
 
302505_187408458013259_146269118793860_400993_244704310_n.jpg
 
Некои шпекулации :
►Kako izvješćije Goal.com Inter je zainteresiran i prati Alejanda Faurlina,QPR-ovog veznjaka.Faurlin je inace argentinac(naravno :)) sa talijanskom putovnicom.Cijena mu se kreće malo više od 5 milijuna eura.


Iako je Galiani dogovorio sve uslove sa Argentincem iz Engleske stižu vijesti da City ne želi da pusti Teveza.Jedini nacin da ga puste je taj da za njega plate 30mil.Kako stvari stoje Branca nije imao sastanak sa njegovim menadzerom sto znaci da nismo zainteresovani za Teveza.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom