^Добро, може и втор жолт оти веќе имаше еден, крајната цел беше исклучување.Види го посигањето со рака по половината на маџо, не доле контактот со нозете како што е ставена зумирана слика, има среќа што овој се додржа на нозе, да го кутнеше таму на носилки ке го изнесеа.
Киву е крив што го проиграа таму, ама Маџо го претрча оби иако беше 1 метро позади него, одпозади му испадна така да тежината е повеќе на грешката на оби.
Првиот беше компензација, оти пред да му го дадат првиот жолт на Оби, маџо пак го претрча овој го фаулираше, не му даде картон, му даде опомена.
Проблемот е што Киву минут време пред голот го покажаа како се жали на повреда и стоеше у место со рацете ставени на препони и гледаше у земја, Самуел ја фати топката и ја исфрли напред а овој уште беше у таква состојба, наместо да се исфрли топката во аут или поадекватно во ситуацијава, Киву да падне, зашто сепак не е он центар пажња за да го гледаат останатите, Киву си остана во игра стоејќи и делејќи инструкции ко Камбијасо со рацете, он е тој кој во дефанзива треба да го покрива Маџо, Оби е вториот кој помага у одбрана али очигледно беше дека никој не очекуваше Киву во таа акција да остане зациментиран на онаа позиција на која беше и минут време претходно кога Интер ја имаа топката во посед, со што се создаде огромна дупка назад а тоа беше искористено од Маџо.
Доколку си паднеше на земја и бараше измена која уствари и веќе беше подготвена, Интер ќе останеа со 11 на терен и немаше да примат гол во тие моменти од мечот, пред крај на прво полувреме, иако не беше пенал, старт за втор жолт имаше така да како и да е Интер ќе останеа со играч помалку.
А инаку Оби феноменално одзема топка на нивна половина и обезбеди брз против напад за Интер а доби смешен жолт во 9та минута, а инаку Оби е таков играч да има таква функција на теренот, да ги сече противничките акции а он у 9та минута веќе мораше да внимава на својата игра и да не биде агресивен во дуелите.
Не можеме да судиме за вчерашното издание и на Оби а и на цел тим зашто ко што рече и Морати, поради судењето и нема за што друго да се говори така да ја ќе ги поштедам од критики овој пат зашто не го заслужуваат тоа, имам разбирање за Се од вчера, веќе 2 меча по ред ги оштетуваат судиите само ете за нивна жал со Болоња Интер беа кадарни да одговорат на тоа али тогаш немаа играч помалку.
--- надополнето: Oct 2, 2011 2:40 PM ---
Ние ќе се бориме за титула само нз вие дали за тоа ќе се борите .. Кажа некој претходно дека интер имал и претходните сезони лош старт па на крај се борел за титула али сезонава ОЧАЕН старт има по 5 кола .. 2 победи од вкупно 8 утакмици сезонава (вклучувајќи ги ЛШ и суперкуп)
Ако судиме по стартот на некоја сезона, види каков старт имаа Јуве со Чиро ака Роки.
Интер лани беа во далеку помизерна ситуација во Јануари, па се вратија во игра, а Јуве од друга страна иако ги победија и Милан на гостински терен знаеш како завршија ...
Така да незнам од каде си толку убеден дека работите ќе се одвиваат баш така, во фудбалот никогаш ништо не се знае, сеуште е рано да се делат претпоставки за остатокот од сезоната, точно е дека Интер имаа лош старт но и точно е дека со Раниери се консолидираа колку толку, вчера можност да покажат што знаат немаа, не е возможно да се игра против таков тим ко Наполи кој имаше 12ти играч на терен.