Глеам се растрчале нашиве по замени за Ето. Се надевам дека ќе го заменат со двајца играчи и ќе си искористат парите за добро закрпување на дупките во тимот. Прочитав шпекулација за James Rodriguez ( оној колумбиецот ), тој е страшен талент, би бил одличен за да игра на крило а може и ко плеј да игра. Сеа Порто мислам дека не би пуштиле, ама ако има нешто во тоа тогаш би бил одлична инвестиција. Исто и Касемиро ми се свиѓа, ако вистина сме толку сериозни за него и оној претседателот на СП не глуми со оние огромни цифри. Модерен вид на играч од средина, одличен во дефанзива а колку што видов и супер техника има и знае да се снаоѓа во напад.
Најдобра опција и натаму се Тевез и Лавеци нормално.
А иначе колку што разбрав сме го земале Кучка. Само не разбрав дали негова половина за половина од Вивијано и после можност за зима за откупување за 3 милиони, или половина од вивијано + 3 милиони за половина од неговиот договор?