Фан Клуб: Интер

Факт е дека Морати и Ето се во најголема добивка ако се реализира овој трансфер.
Јас како фан на Интер и не ме радува толку многу тоа дека Ето веќе нема да игра за Интер, и дека на негово место ќе дојди Тевез.
Кој знае на крај што ќе бидни.
Па да дојдат Тевез и Лавеци, тогаш во најголема добивка ќе се Интер, за останатите не ме интересира ...
И незнам што толку ви е проблемот со Тевез, го гледал некој како играл низ кариерава ? Незнам што губат ако го дадат Ето а дојде Тевез, плус Тевез 27 години има, Ето 30.
Да се жртвуваат Ето и Пандев за Лавеци и Тевез, феноменално сценарио и каде-каде посилен Интер.
 
Нез колку е паметно да задржиме старец во никаква форма кој зима 4.5м за да седи на клупа.
Или уште се надевате дека ќе го гледате "стариот" Милито? :ROFLMAO:
 
А како мислиме да го добиеме Тевез кога бараат 45 милиони за него,Морати повеќе од 20 милиони не дава за играч како што знам!
 
Нез колку е паметно да задржиме старец во никаква форма кој зима 4.5м за да седи на клупа.
Или уште се надевате дека ќе го гледате "стариот" Милито? :ROFLMAO:
Де бе, од кога годините биле репер за нешто, Гигс што е ? Младинец ?
Тој старец ни донесе непроценлива радост минатата година, нит Ибра младиот, нит Роналдо феноменот тоа ни го пружиле, поседува квалитети Милито сеуште и може да изгура сезона со 10плус голови.
 
Па да дојдат Тевез и Лавеци, тогаш во најголема добивка ќе се Интер, за останатите не ме интересира ...
И незнам што толку ви е проблемот со Тевез, го гледал некој како играл низ кариерава ? Незнам што губат ако го дадат Ето а дојде Тевез, плус Тевез 27 години има, Ето 30.
Да се жртвуваат Ето и Пандев за Лавеци и Тевез, феноменално сценарио и каде-каде посилен Интер.
Ето е веќе воигран во Интер и во концептот, без разлика дали е тренер Мур или Гасперини. Проблемот со Тевез ќе биди тоа што иди во сосем нова средина, во сосем различен фудбал од тој во Англија што се игра, плус сите знаеме дека кенка и се нешто нему му смета, а веќе имавме таков и го продадовме. Но да не збориме пред време, се поизвесно е дека Ето ќе игра во Анжи, а дали Тевез или Лавеци ќе играат во Интер е знак ? и уште сме далеку од реализацијата на тие трансфери, да не испадни на крајот да си играме со истите играчи од лани...па да се надеваме дека на Пацини некој ќе му нафрли топка, па да постигне гол.
 
+Тевез трча едно 800 пати повеќе од Ето ...нонстоп пресинг пука :D

Ето си е Ето ....Џабе ќе збориме ....Типот освои се што може на клупско ниво по повеќе пати со повеќе екипи ... Уште малку потимски играч да беше (да подаваше повеќе) ќе беше топ 3 најбоље играчи што играле фудбал според мене =)
 
Тевез сменил 100 различни средини и пак бил одличен фудбалер, играл под водство на Ферги и освоил Се што може да освои еден фудбалер така да он е веќе класа, вистински шампион, не гледам зашто не би се адаптирал во новава средина, за фубал правиме муабет, не за премин од фудбал у карлинг.
Ето првата сезона реални да бидеме, не покажа многу во Интер, цел прв дел од сезоната трпеше критики, не можеше топка да смири, лани јесда се утепа од голови давање, ама во клучните мечеви во Серија А, против Јуве и Милан промаши празни голови ако добро памтиш, и тоа во убер клучни моменти од натпреварите, кога губеа 1-0, и во никој случај не смее да се стави на истото ниво на кое беше Милито лани на пример.

И Ето и Тевез важат за играчи што можат да дадат над 20 гола во една сезона, Тевез е играч кој може да реши меч во 1 потег, помлад е од Ето, поадекватна замена за Ето у моментов Интер и не можеа да најдат.

За Тевез убеден сум дека ќе дојде во Интер, за Лавеци останува да видиме дали Интер и Наполи ќе се договорат што верувам ќе биде случај до крајов на летово, ама и да не дојде Лавеци, со давањето на Ето и доаѓањето на Тевез Интер буквално ништо не губат, напротив, добиваат бидејќи Тевез многу подолго може да игра на ова негово врвно ниво за разлика од Ето кој од наредна година очекувај да има дигресија во својата форма.
 
Се плашам дека ќе останеме само со Лавеци, а тоа е многу лоша работа. Јас сум да го земеме Тевез макар и на позајмица, Лавеци да го купиме, и со парите од ЛШ што ќе го освоиме:pos: да му платиме на Сити останатите пари за Тевез, следната година:D.
 
Тавез се снашол во англија па да не правиме во италија тој ќе пука опте првата сезона над 30+ голови и 30+ асистенции ;)
 
Леле Тевез Лавези човече,да дојдат и двајцата,мислам лудница ке биде.Каков само тим може да направи Гасперини,ама ете сеа да дојдат они двајца,Ето е едниот... ама измегу Пандев и Милито мора да кидне некој,тоа нека си решат во клубот,јас мислам Милито + 20 ете ни го Лавеци...
 
Де бе, од кога годините биле репер за нешто, Гигс што е ? Младинец ?
Тој старец ни донесе непроценлива радост минатата година, нит Ибра младиот, нит Роналдо феноменот тоа ни го пружиле, поседува квалитети Милито сеуште и може да изгура сезона со 10плус голови.
"Старец" не е репер за ништо, "никаква форма" е. Тоа е разликата меѓу него и Гигс.
Ни донесе, минато време.. и од тогаш ни трага ни глас од формата во која беше, веќе 1 година и still counting...
Ама ајде, не го хејтам ја :D.. нека остане и нека му биде резерва на Пацини, ама да ја намали платата.. 4.5м за резерва, тоа го нема никаде.
 
"Старец" не е репер за ништо, "никаква форма" е. Тоа е разликата меѓу него и Гигс.
.
А во кои услови лани играше Милито за да има врвна форма, 5 пати се повреди, 5 пати истата повреда, мускулот ...
Ето да имаше минимум 3 повреди и проблеми со мускулите прашање е дали 15 гола во сезоната ќе дадеше, едноставно Милито немаше никаков простор лани за да го покаже она што го правеше само 3 месеци претходно, туку така сигурно не заборавил да игра фудбал.
Не мора сега да се правиме наудрени и да глумиме лудило, знаеме кој беше проблемот со Милито лани многу добро, на крај краева ако одиме по таа логика и Камбијасо мора да се продаде зашто лани беше дупе, исто и Маикон, Цезар ништо поарен не беше, Снајдер исто, пишуваше Мите пред неколку недели каква статистика лани Снајди имаше.

И Милито сеуште го нема статусот на резерва во тимов, ќе игра гарант под водство на Гасперини, ќе се ротираат со Пацини и така ќе се изгура оваа сезона, од наредната ќе видиме, ја стојам на тоа дека доколку се среди со повредите Милито може уште многу да дава за тимов и да е од корист за истиот.
 
Добро бе, дали Ето и официјално премина во Анжи???
 
Па и тие што ги спомна (Камби, Цезар, Маикон) не верувам дека ќе бидат нешто многу подобри од минатата сезона... ама какви и да бидат, од нив боље немаме. А од Милито имаме, Пацини. И затоа верувам дека Милито ќе биде резерва, зашто Пацини ќе го натера на тоа. (ultrasbalistet style :pos:)
Само мое мислење, а како ќе биде ќе видиме... дај Боже Милито да се врати во форма ама ја мислам дека нема.
 
А како мислиме да го добиеме Тевез кога бараат 45 милиони за него,Морати повеќе од 20 милиони не дава за играч како што знам!

Се збореше нешто како позајмен играч ќе дошол со право на откуп (Сити сака да се отараси од платата на Тевез)... плус дел од парите ќе се компензираат со ратите кои Сити им ги должи на Интер за трансферот на Балотели.

Во секој случај 40 милиони евра топтан нема Интер да плати. Можда 25 + многу бонуси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom