Syn, вака како искусен форумџија и реален познавач на работиве во Интер, искрено веруваш дека Тевез би бил адекватна замена на Ето ?
Познавајќи го Тевез, мислам дека првиот месец ќе се испокара со Гасперсон и ќе создаде катастрофална атмосфера во тимот. Плус 45м за Тевез се премногуууу.
Да, убеден сум, зашто ако му ја видиш кариерата на Тевез ќе видиш дека секаде давал огромен удел за екипата, башка менталитетот тука е поинаков, полесно ќе се привикне на животот во Италија и во тим каде му се Занети, Самуел, Камбијасо, Милито па и Алварез.
Во Сити две сезони по ред им е најдобар фудбалер, во Вест Хем беше еден од најдобрите фудбалери кога обезбедија едвај опстанок па потоа прејде во Јунајтед каде на крајот од престојот таму имаше проблеми со Ферги ама не памтам кога он внел некаков немир во екипите каде играл и со тоа влијаел деструктивно врз истите.
Со Манчестер има освоено еднаш Лига на Шампиони каде беше чинам и стрелец во финалето, имаше уште едно финале и освои Премиер Лига во 2 наврати, со Сити конечно дојде до она посакувано за нив место за ЛШ ама со таков тренер тешко нешто повеќе очигледно, башка Манчини ако добро памтиш очајно лошо спроведуваше мир во Интер, Виера шишиња му шутираше со Сампдорија а Ибра го опцу што јасно се виде од тв камерите.
Во Италија не верувам дека ќе го има оној '' носталгичен '' проблем поради неговите сонародници а и стилот на живот во таа земја, истото важи и за адаптирањето во тимот, нема аргентинец што се пожалил на животот во Италија, обично тоа е и дестинацијата на аргентинците, мал милион аргентинци продефилирале тука, вклучувајќи го и Марадона.
Да бидеме реални, станува збор за класа напаѓач кој има уште добри 4 до 5 години у неговите нозе, супер прилика е за Интер ова со оглед на тоа дека е евидентно заминувањето на Ето.
п.с. Моето познавање на работиве во Интер не се разликува од твоето

, ставовите може да ни бидат различни, тоа дали ти ќе бидеш во право или јас ќе биде одговорено од старт на сезона па се до Мај некаде. Во врска со Тевез конкретно, не гледам основа зашто би сметал дека не би бил одлично засилување за Интер гледајќи што направил во сите тимови каде што играл претходно.