Фан Клуб: Интер

Платата ќе му биде покачена до 22 милиони евра годишно, и прееска тој типот на CNN ова го потврди а и скоро сите медиуми во Италија а и Русија дадоа потврда за тоа.
Прашање е сумата која ќе ја добие Интер но ако веруваме на она што го налагаат медиумите истата ќе биде над 30 милиони евра односно Анжи ќе одговорат на барањата на Интер, тоа всушност е и проблемот у моментов инаку личните услови за Ето скоро и да се договорени.

До некаде ист е и проблемот со Тевез, веќе протекоа информации во јавноста за неговиот договор, 5 години, 7 милиони евра по сезона ( самиот играч наводно се согласил за намалување на плата ), останува Сити и Интер да се договорат но за ова треба да се чека официјализирање на трансферот на Ето.
Аха ок.А со Марига и Мунтарчо до каде е трансфер-бизнисот со нив?Ќе ги шитнеме некаде?
 
40 милиони е одлична зделка! Факт е дека Ето е еден од најдобрите напаѓачи ама размислете малку и за иднината. По 2 сезони Ето нема да може да се продаде ни за 10 милиони, ќе ја загуби формата и тогаш ке треба да се инвестира во ново засилување. За таков играч, односно достојна замена за Ето ќе треба да се издвојат најмалку 30-40 милиони. Платата на Ето е над 10 а бара уште повеќе, значи Интер заштедува и уште 40 милиони само за платата на Ето.
Замена за Ето треба да биде Тевез. Играчот е на трансфер пазарот и ако може да се позајми, па и да се инвестираат во него парите од Ето јас ке бидам презадоволен.

Денес гледам Пандев го поврзуваат со Челзи :) Најдобро би било да се искористи во трансферот на Лавеци..
Ако се реализира трансферот на Лавеци, нападот ке биде многу посилен од оној од минатата сезона.
 
Aj сите да ги продајме.
Најпаметно.
Не бе сите пријателе.Јас спомнав само за Мунтарчо и Марига,а верувам дека повеќето од нашиот фан клуб се согласуваат со тоа.
Ќе заборавев само за Иосоно и СИН-ЗАТОПЛИВА ВО МИЛАНО или НЕ?
 
За нив ич не се замарам, Бранка кажа дека имаат 4 играчи за продавање што значи што е до тимот, они сакаат продавање на Мунтари и Марига, еден од останатите 2ца е најверојатно Пандев ( Наполи ), четвртиот поим неам, а и прашање е дали има некој таков. ( т.е. кога ќе видиш, еве го и Ето али мислам дека во изјавата не алудираше на Снајди, Ето и компанија, пред Се истото се однесуваше на оние на кои тимот не планира да смета наредна сезона а се играчи кои до сега не дале многу за истиот )

И лани сакаа Мунтари да го дадат ама не беа во можност за такво нешто, нивната продажба најмногу зависи од тоа дали некој сака да ги купи ( а според медиумиве, има такви тимови ) и истовремено дали Мунтари и Марига ќе прифатат да играат за тие клубови. Марига не е проблем мислам, ама Мунтари заебава иако и самиот е свесен дека не е пожелен во Интер, поготово не во ситуација кога и на Оби ќе почне сериозно да се смета од наредна сезона.

п.с. сеуште е доумерено облачно и дува умерен северен ветер но ако се реализираат прогнозите на синоптичарите, најверојатно ќе затопли.
 
Епа тогаш би требало да станеш фан на Арсенал.Венгер ќе се восхитува на твоите способности.Ќе му биде многу мило што ти ќе му бидеш помошник,скаут и ловец на таленти!
Па гледам колку се восшитуваш ти ан старлоциве кои што лани се шетаа по терен ко на модан писта бетер од реал мадрид бевме
 
Ова не сум го видел, Lifenews.ru: 40mln for Inter and 15mln a yr for Etoo!, значи сепак не се 22 милиони евра годишно, очигледно се работи на тоа да му се намали неговата плата со што Интер би инкасирале повеќе пари.
 
Ова не сум го видел, Lifenews.ru: 40mln for Inter and 15mln a yr for Etoo!, значи сепак не се 22 милиони евра годишно, очигледно се работи на тоа да му се намали неговата плата со што Интер би инкасирале повеќе пари.

Само што го прочитав ова.

Нас не треба да не интересира колку ЕТО ќе зима годишна плата, туку колку Интер од него ќе успее да инкасира...

Но некако многу факе ми изгледа статијава, мислам дека сепак ќе биде 18-20М за ето годишна плата, а Интер ќе добие 36-38М.
 
А како би било коа веке си оди Ето за 40 мил. еура,тие пари да се искористат за 2 класа играчи од средина на теренот,а Мајкон + парите што ни ги должат Сити за безмозочникот да ни го донесат Тевез во Интер.Нешто читав дека Манчини го сакал Мајкон зш нејкел да се ослони на ричардс на таа позиција за лш.Ова секако ако барем Снајдер остане,како што имаше некои најави деновиве.А со парите од Марига и Мунтарчо плус Пандев,да се донесе Лавеци од Наполи.Знам дека е малку Футбал Менаџер постов,ама само вака ако се одвиваат работите може да се оцени како позитивен овој трансфер период за Интер.Само Тевез како замена на Ето е рамно на самоубиство.Тие двајца мидфилдери би сакал да бидат Лас од Реал и Гуарин од Порто.Тимот би бил тип-топ.Има да мелеме низ италија:)
 
Нас не треба да не интересира колку ЕТО ќе зима годишна плата, туку колку Интер од него ќе успее да инкасира...
Па да де, затоа и не приметив за годишната плата, само го видов насловот на fcinternews и пишав тука, а потоа укапирав дека платата нема да му биде над 20 милиони евра.
 
Со парите од Ето,јас одма давам понуди за Монтоливо и Ласана Диара:)! Еден од овие да дојде,и плус еден од Тевез или Лавеци ние сме на коњ!
 
Прашање на време е Тотенхем кога ќе објават за Лас.
 
Со парите од Ето,јас одма давам понуди за Монтоливо и Ласана Диара:)! Еден од овие да дојде,и плус еден од Тевез или Лавеци ние сме на коњ!
Без размислување....
Ем Бранка ќе се прошета до Шпанија и Англија :)
--- надополнето: Aug 11, 2011 3:42 PM ---
Прашање на време е Тотенхем кога ќе објават за Лас.
Moviebreaker :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom