Фан Клуб: Интер

Море за Снајди има да измислува нова формација ако треба. Снајди > Гаспарини.​

голман​
десен_бек - централен - лев_бек​
десно_крило - средина - средина - лево_крило​
Снајдер
напаѓач1 - напаѓач2​

Назад со 3-ца централни се игра а не со десен и лев бек
 
Назад со 3-ца централни се игра а не со десен и лев бек
Не ми е верно со тројца назад да играме.
Ние со четворица многу лесно примавме голови ланска сезона, ами со тројца има да бидиме „ти ли ме гурна или сам паднав“
 
Баш го прочитав ова негде на нет и многу ми е мило што од Италија Интер е претставникот, ми влева надеж дека ќе вадат што повеќе играчи од младинската школа. Боље тоа него Мунтаровци и Харѓовци да ми играат.
 
Море за Снајди има да измислува нова формација ако треба. Снајди > Гаспарини.​

голман​
десен_бек - централен - лев_бек​
десно_крило - средина - средина - лево_крило​
Снајдер
напаѓач1 - напаѓач2​
Цезар
Мајкон Самуел Нагатомо
Санчез Монтоливо Занети Роси
Снајдер
Пацини Ето
Роси како лево Крило,Санчез денесо,Весли плеј и напад Ето и Пацини,само за одбраната не сум сигирен и за Занети дали би останал во средина !
 
Цезар
Мајкон Самуел Нагатомо
Санчез Монтоливо Занети Роси
Снајдер
Пацини Ето
Роси како лево Крило,Санчез денесо,Весли плеј и напад Ето и Пацини,само за одбраната не сум сигирен и за Занети дали би останал во средина !
јас колку шо знам со тројца централни дефанзивци се игра! значи лусио - самуел- ранокија ...
 
Ако играат со 3 дефанзивци Самуел,Лусио Ранокија,мора да зима Морати јаки Крила,Санчез,Агуеро,Роси,пошто ако иде Мајкон а башка и без бекови,нема да има никаква офанзива спрема гоот,мислам од страните.
 
Pa dobro e ako se igra so 3 centralni defanzivci, barem ke imame stabilna odbrana a ne kako ovaa sezona ekipa kako Shallke da ni prai petarda sred Meaca.​
Inaku jas bi sakal vaka da bide formacijata za ovaa godina :​

Cezar​
Lucio - Ranocchia - Samuel​
Zanetti - Montolivo​
Sanchez - Vucinic (ili alvarez)​
Shnajder​
Pazzini - Eto'o​
 
Гасперини не игра со плеј.Поради Снајдер можеби ќе заигра.Напред има двајца крилни напаѓачи и централен.
Интер според мене ќе сака и да заработи од трансверите.Мајкон најверојатно си оди џабе Морати лаже и Снајдер според мене ќе го шитнат само чекат понуда.Со овие ќе ги финансират Алварез,Бенега не знам зошто не тргнат по Насри еве Милан слушам нешто денес.
А на Џенова да се дава Марига(го земаа 10 милиони од Парма а и млад е)ако направат трампа за Паласио тоа си е мафијашка работа расчистуват стари долгови Гасперини не го играше прва постава во Џенова резерва му беше во Интер ќе го игра чудно.
Вучинич е 100 пати подобро решение 27 е има уште некоја година добар фудбал во него.
Еве читам нешто трампа Вучинич-Пандев.За ова бил Сабатини порано директор во Лацио сега во Рома велат и тој го донел Пандев во Лацио.
 
Имаше и некој шпекулации за Насри нели,ако успеат во тоа каков Вучинич на местото горе на Вучинич Насри и чича мича завршена прича.Само како би се снашол во Италија,него му одговара игра по земја,и во Тандем со Снајдер ке ораат по терен.
 
Ааа Пандев во Рома, мало сутра :)
 
Назад со 3-ца централни се игра а не со десен и лев бек

Доколку Гасперини игра со 4-3-3 формација нема многу место за Санјдер(тоа мислев да го пишам тука, но викам ај да не се правам паметен), ма да може да биде оној третиот средњак кој покрај деструктивецот и плејот ќе има малко поофанзивни задачи и ќе треба да трча повеќе :)
 
Пупоне добредојден си да пишуваш во овој фан клуб секогаш во секое време без разлика што си фан на Рома...настрана тоа што сте најголеми местачи во Италија а ти главниот диригент..:D...

Инаку што се однесува до можната формација од моја гледан точка претпоставувам дека Гасперини нема да користи некои безвезни системи во пракса односно ќе користи формации што се прилагодуваат на играчите а не какви што користел во Џенова..да бидиме реални ако случајно Морати се осмели да го продаде Снајдер тогаш дефинитивно ќе падниме на ниво со Јувентус а можи и подолу какви што бевме пред калчополи..зарем не гледавте лани и оломнани кога со Снајдер во тимот имавме игра и нижевме победи..а вие очекувате некојси таму недокажани Алварез и Банега да заменат класа поединец како Снајдер кој кога ретко откако сме фанови на Интер сме имале во тимот таков играч..значи на една екипа која има изиграно лоша сезона за наредната сезона се чисти ѓубрето од тимот а не златото..во превод значи Ето и Снајдер мора да останат во тимот или ако бидат заминат да бидат заменети со класа поединци(иако не верувам дека некој воопшто би го заменил ѓуптинот Ето)!
 
Гасперини лани со Џенова ја почна сезоната 3-4-3 со Рафиња и Кришито како истурени бекови, а Место и Паласио како крила и Тони како централен напаѓач. Карја, Велосо и Милането беа централни играчи од среден ред. Ова е прилично дефанзивна формација, која се базираше на течна игра и посед на топката.
Ако ова би се пресликало во Интер, формацијата би требало да изгледа вака:

formacija.jpg

Е сега овде веднаш се појавуваат неколку проблеми.
Прв и најважен е што Снајдер нема место во ваква формација. Гасперини може да го форсира како лево крило, но Снајдер веќе неколку пати има изјавено дека не му одговара таа позиција и дека попрво би сакал да игра како централен плејмејкер.
Втор проблем со оваа формација е што средниот ред, ваков каков што е нема никаква креативност и луцидност. Двоецот Камбјасо/Мота (или Станковиќ) неможе да разигрува, ниту квалитетно да ја задржи топката во своите нозе.
Трето, Зенети не е коректно решение за истурен лев бек. Додуша такво нешто не беше ниту Кришито во Џенова. Опции тука се и Чиву, кој исто така е бесполезен во нападот и Нагатомо кој мислам дека може добро да ја игра таа улога.
Четврто, Интер нема природни крила. Ето веќе трета година по ред ќе биде принуден да игра на таа позиција, која рака на срце добро ја усоврши. Пандев и Кутињо се добри засилувања од клупата но дефинитивно не се квалитет за првиот тим.
Петто, Милито и Пацини, еден од нив ќе биде на клупата. Гасперини сака крупни шпицеви, плус има историја со Милито - така што нема да ме зачуди Пацини да ја загрее клупата на почеток од следната сезона.
Уште еден дополнителен проблем ќе биде гломазната одбранбена тројка, која не верувам дека ќе може да го издржи високиот пресинг кој го обожава Гасперини. Се сеќавате на Шалке и Милан од лани???

Со вистински засилувања формацијата може да добие интересен импулс. Едно екстра-квалитетно крило е неопходно, кој ќе мора да биде способен да игра на двете страни и да биде способен да ги завршува акциите на Интер, а многу потребен е и еден квалитетен играч од средниот ред со креативност и техника, кој ќе може да разигрува во нападот - што би се вклопило во замислата на Гасперини кој форсира игра со додавања и со течност во средниот ред. Одбраната може да се засили со понизок и побрз дефанзивец кој ќе може да ја покрива бавноста на Лусио, Самуел или Ранокија.

Неизбежно е дека Гасперини ќе биде критикуван за дефанзивната ориентираност на тимот. Гасперини беше фален како тренер кој тешко може тактички да се скрши и пробие, но за жал никогаш не важеше како тренер кој може да го стисне противникот и да му наметне доминација.
Џенова постигна само еднаш повеќе од еден гол на десетте натпревари лани на кои Гасперини беше на клупата. 10 натпревари - 8 гола.
Гасперини беше упорен во инсистирањето на Тони како централен напаѓач, иако тој беше далеку од идеална форма и ефетивност.
Беше напорен со играњето на Кришито надвор од позиција.
Упорно го форсираше Чико како еден од тројката дефанзивци, кога ја смени одлуката веќе беше премногу доцна.
Со овие (грешни) одлуки Гасперини покажува дека знае да биде тврдоглав тренер, кој инсистира на некои решенија, дури кога истите се покажуваат како неуспешни или најпосле - лоши.
Ланскиот биланс на Гасперини со Џенова (3 победи 2 нерешени и 5 порази)
Џенова во просек имаше 14,2 удари на гол, од кои 5,1 во рамките на голот.
Џенова имаше 52,3% посед на топка, што говори за инсистирањето на Гасперини да се игра со топката во нозе во течен стил на фудбал.
 
^Е ова се вика одлична анализа на Џенова и Гасперини.
Браво
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom