Фан Клуб: Интер

Ако си одат Ето и Снајдер тоа ќе е по нивна желба исто како Ибра кој да не бараше да си оди во тим што ќе освои ЛШ немаше да го продадат.Интер лани одби 25-30 мил за Мајкон оваа година колку вреди Мајкон.За Ардијано одбиваше 70 мил потоа пари му дадоа да си оди.
Ако си оди Ето нема ништо страшно ќе биде заменет со Тевез и помлад и повеќе би одговарал во тимот.Ето веќе е на 30 може да се деси догодина случајот Милито.
Не се продава играч кој е на 24,5,6 и е во страшна форма суперѕвезда ако некој сака нови искуства словодно да си оди.
Еве Ето денес вели се надевал Мунтари да остане многу добар другар му бил пред фактите и боговите молчат се гледа дека човекот сака силна екипа.
 
Не им става до знаење затоа што не се недопирливи. Маикон за 20-тина би го шитнал. Дај шта даш...
Доколку сакаме конкурентен тим за скудето и лига на шампиони треба да се.
За Маикон е ок, со доаѓањето на Санчез\Насри нема да имаме потреба од офанзивен бек како Маикон и со оглед на годините, плус се работи за бек може да се прифати и сума од 20 милиони.
Но, кога станува збор за Снајдер и Ето (иако има 30 год) мора да се стават такви суми кои ке и дадат до знаење на другите екипи дека тие не се на продажба.
Не е само примерот со Палермо, еве и Атлетико го чува Агуеро веќе неколку сезони а не играат ни лига на шампиони. Бараа 60 милиони и никој нема да се изглупира да даде ни приближно толку. Арсенал нема освоено титула со години, но кога е во прашање Фабрегас барат сума која никој не може да си ја дозволи.
Тоа се прави за да се отргне вниманието од своите најголеми звезди и да не се нарушува самодовербата во тимот со такви гласини...
 
Мене една работа не ми е јасна, ја сфаќам трансфер период е и изложени сме сите на секакви шпекулации али зошто сите пишувате со парите од Ето, со парите од Снајдер, со парите од Маикон ќе го земеме овој оној?? Ко ние да сме некоја социјална установа па ај ќе крпиме крај со крај колку само да преживееме. Па луѓе бре ова е Интер, а не некој селски клуб. Едноставно еден од ѕвездите нека продадат, а за тоа прв кандидат е Маикон, а за се друго нека трошат пари плус ѓубрето како Мунтари, Марига и компанија нека го продадат. Трпевме лани за тоа НЕтрошење, сега не смеат такви муабети да се тераат освен ако амбиција за наредна година не им е Тим Трофео куп...
 
Доколку сакаме конкурентен тим за скудето и лига на шампиони треба да се.
Јас се согласувам, ама тоа беше одговор на прашањето: зошто толу паника? (или недоверба).
Мислам дека Морати со ништо не ни ставил до знаење нам како навивачи или на другите клубови, дека некои играчи се недопирливи, и тоа зборува доволно според мене. Зборува дека се се сведува на математика и сите опции се отворени. Затоа и немаме некаква доверба, да беше претседателот како Поцо (35 и ако ви чини) тогаш ќе знаевме на што сме.

Мора да го почитуваме Морати за она што го направи до сега, но во моментов не прави (не може да направи, сеедно) ништо посебно и тоа е очигледно.
 
Јас искрено го разбирам Морати...што да прави човекот кога неможи парите од нафталин да ги извади за нови засилувања и јасно му е и нему дека клубот има огромни расходи секоја година што доаѓа и поради тоа неможи да си дозволи да троши како порано..
 
Јас да ви кажам не сум прочитал никаде Морати да каже дека го продава Ето или Снајдер.Ето беше тој што изјави на 30 сум веќе и можам да потпишам уште само еден голем договор имам желба да заиграм во Премиер тоа не ми стои како барање за нови засилувања туку дајте ми нов договор е сега ако е луд Морати нека му даде нов договор 5 год по 10 мил.
Лани Снајдер,Мајкон и Милито изиграа одлични сезони имаше многу понуди за нив но не се продаде ни еден оваа година изиграа слабо ќе видиме што ќе се деси.
Барселона нема милос кон своите играчи погледнете што се деси со Ривалдо и Роналдињо една слаба сезона надвор.
А Интер ги чека да вратат форма и ги пензионира во тимот со ордени и заслуги.Морати е крив што ги третира играчите како фамилија ги разгалува не за џабе половината велат како татко им бил,Морати треба да се понаша малку како професионалец без милос.
 
Еве читам сеа, и Нагатомо че си го земел Леонардо во ПСЖ.....
 
Јас се согласувам, ама тоа беше одговор на прашањето: зошто толу паника? (или недоверба).
Мислам дека Морати со ништо не ни ставил до знаење нам како навивачи или на другите клубови, дека некои играчи се недопирливи, и тоа зборува доволно според мене. Зборува дека се се сведува на математика и сите опции се отворени. Затоа и немаме некаква доверба, да беше претседателот како Поцо (35 и ако ви чини) тогаш ќе знаевме на што сме.

Мора да го почитуваме Морати за она што го направи до сега, но во моментов не прави (не може да направи, сеедно) ништо посебно и тоа е очигледно.
Тоа го кажувам и јас цело време, со неговите изјави се ствара негативна атмосфера и кај навивачите и кај играчите.
Но не треба и ние да веруваме на секоја шпекулација по медиумите... По тоа што го има Морати за Интер направено до сега нема смисла да веруваме дека ке ги дадеме Снајдер, Ето, Мота и Маикон а ке останеме со Карја, Мунтари, Сантон...
Ме изненадува песимизмот кај најголем дел од членовите тука на фан клубот. Само што започна трансфер периодот, нема ни еден звучен трансфер до сега а ние веќе кукаме и плукаме по управата на Интер.
 
Ние секогаш се повикуваме на она што Морати го има направено за Интер, во смисла на тоа дека треба да имаме поголема доверба во она што го прави. Но тој и самиот има изјавено дека времето на трошење поминало и дека Интер ја променил политиката. Така да не ни помага многу тоа што се правело во минатото, сега е се поинаку.

Не гледам доволно желба да се направи силен тим, од тука ми е песимизмот. Ето го изјави за Санчез она што потајно сите го знаеме: дека токму тоа е вистински потег, дека тука сме слаби и со еден играч од калибар на Санчез на таа позиција, чуда можеме да правиме. Малку треба според мене, ако веќе сме за никаде финансиски подобро ништо друго нека не купуваат и нека ги вложат сите сили за тој еден трансфер, затоа што ќе бидеме далеку посилни.
 
Ако го продадат Снајдер, нека не купуваат негова замена, нека му дадат шанса на Кутињо.
Ете ти го Санчез плус 10м ќе ни останат.

Да не дојде до недоразбирање, не викам да го продадат, него ако он сака да си иде.
 
Море матер нека си ебат... Многу тренери му се нуделе на Морати а никој досега не рекол не освен Биелса кој имал свои лични причини (читај друг клуб му нудел менаџерска позиција не тренерска).

Кој се нуди бе чичко Морати, кој ти се нуди? Синиша? Делио Роси? Гаспарини? Раниери?

Што не се нуди сам некој добар тренер? Ехее колку вака тапа играчи се нудат сами на тимовите ама за добрите мора да се плати. Fuck it, thats the way shit works nowadays.
 
Ние секогаш се повикуваме на она што Морати го има направено за Интер, во смисла на тоа дека треба да имаме поголема доверба во она што го прави. Но тој и самиот има изјавено дека времето на трошење поминало и дека Интер ја променил политиката. Така да не ни помага многу тоа што се правело во минатото, сега е се поинаку.

Не гледам доволно желба да се направи силен тим, од тука ми е песимизмот. Ето го изјави за Санчез она што потајно сите го знаеме: дека токму тоа е вистински потег, дека тука сме слаби и со еден играч од калибар на Санчез на таа позиција, чуда можеме да правиме. Малку треба според мене, ако веќе сме за никаде финансиски подобро ништо друго нека не купуваат и нека ги вложат сите сили за тој еден трансфер, затоа што ќе бидеме далеку посилни.
Зависи како го сфаќаме тоа трошење...
Јас мислам дека тоа значи нема повеќе да се фрлаат по 50-100 милиони.
Оваа сезона е многу поинаку. Имаме тим на кој му треба само освежување. Само како пример ке ги земам Санчез и Монтоливо. Тоа се играчи кои вредат околу 45 милиони. Ги земаме Кастињос и Нагатомо кои мислам веќе се наши играчи, значи се на се тоа е максимум 60 милиони.
Маикон 20, Марига 10, Пандев 10, Мунрати 7, Обиња 4-5... околу 50 милиони. Е сега ако неможе да се одвојат 10 милиони тоа е нешто сосема друго. 10 милиони не треба ни да се смета за трошење, па еден Лацио или Џенова можат да си дозволат да трошат по 20 милиони....

Затоа не гледам зошто толку песимизам....
 
Точно така, тоа е нормалната филозофија. Ние имаме друга: да го смениме Пандев за Паласио :) Не ни требаат 10 милиони. Не ни треба ни Паласио, ама ете да се смени нешто... Не разбирам...
 
Тоа е тоа,ви реков за Паласио прееска,ете го и Поли Карја и компанија.Уште некој бош тренер да земат и наздравје бричење!
 
Најверојатно само шпекулации :) Пандев нема да прифати да игра во Џенова а Паласио е непотребен играч за Интер. И онака веќе имаме премногу играчи па нема да има место за сите и на клупа.
Нема смисла да се купат 5 играчи како Паласио, Поли.... и да се потрошат 30 милиони на сите нив а да немаме за Санчез.

Карја беше избор на Лео, сега работиме може да се променат. Карја е исто така бескорисен за Интер. Мислам дека 99% од тренерите би му дале шанса на Кутињо пред Карја. Е сега не знам како тоа Лео е баш во тие 1 процент :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom