Фан Клуб: Интер

Да се разбереме, мене не ми смета тоа што Милан се засилува. Мене ми смета тоа што додека Милан се засилува, ние млатиме празна слама. Може и стварно се нема, кој да ги знае...

Туку мене епизодава со Хазард ме потсети на епизодата со Роби Кин. И тогаш Морати го купи пошто син му го фалел по дома, иако Интер имаше едно 5-6 напаѓачи, минимум. Пошто Масимо не ја научил лекцијата, се надевам барем дека син му пораснал и се опаметил :)
 
Не бе, тогаш нула креативност имаа у среден ред, лекцијата ја научија кога го отпуштија Манчини а дојде Мурињо, он им исцрта како се работи оваа работа, Бранка феноменално функционираше со него али за да Бранка добро ја врши неговата работа потребно е од горе дозвола за трошење на финансиски средства.

Али кога ќе ми текне на изјавана на Манчини, па уште и се пуваше, демек он го приметил Хамшик уште у Бреша и вика, можев да го донесам у Интер ... а не е свесен колку глуп уствари испадна со тој муабет, деген, 5 милиони евра тогаш чинеше, и помалце може, многу помалце.
 
Не знам за вас ама јас сеуште жалам за летото 2007 кога бевме поврзувани со аргентинското дуо Ди Мариа-Тевез(додуша тоа време клубот одлично стоеше финансиски) а во тимот го донесоа Киву за 20+ милиони:kesa:(и тоа аргентиницте не држеа кој знае каква цена тогаш)....какви дебилни потези има правено управата на Интер па тоа чудо нешто..минатата година Морати се реши да не троши бидејќи освоивме се и сметаше дека тимот ни е доволно квалитетен за да ја одбрани титулата во Сериа А и поради тоа го ангажира Бенитез како искусен менаџер кој има добро педигре зад себе....а кога би се сетил дека Тотенхем го ангажира ван дер варт за ОСУМ милиони и Реал го купи Озил за ПЕТНАЕСЕТ милиони тогаш ми се повраќа....клубот ионака беше навикнат секоја година да е под стотката во приходи-расходи па не верувам дека многу би му сменело ако беа -83 милиони за разлика од -60 милиони...како и да е милион ,милион секоја пара си прави разлика ние одовде неможиме да констатираме што,зошто и како во врска со клубот!
 
Kиву беше желба на Манчини, голема желба, и од мене имаше критика тој трансфер бидејќи го зема за лев бек а у тимот беа Гросо и Максвел.
 
Еве еден состав од мене вака би сакал идната година да изгледаме.

---------------------Цезар-----------------------------
Мајкон----Ранокиа-----Самуел(Лусио)---Нагатомо
-----===-Камбијасо-------Бенега-----------------
--------------------Пасторе-----------------------
----Санчез----------------------------Ето--------
-----------------Пацини--------------------------
 
Абе нека им го соберат Сисоко на Јуве и онака ќе си иде за малку пари, сигурно ќе се врати во формата во која што играше во Ливерпул. :)
Сисоко барем трча како коњ и каде - каде ќе биде покорисен од Камби, не можам да го гледам овој веќе како се влече по терен.
 
Еве еден состав од мене вака би сакал идната година да изгледаме.

---------------------Цезар-----------------------------
Мајкон----Ранокиа-----Самуел(Лусио)---Нагатомо
-----===-Камбијасо-------Бенега-----------------
--------------------Пасторе-----------------------
----Санчез----------------------------Ето--------
-----------------Пацини--------------------------

Кај ти е Снајдер бе другар?За овој преценетиов пасторе ,Снајди го има измислено фудбалот :tv:
 
Весли?
 
Весли е одличен фудбалер, за нашиов среден ред каков што е, Весли е класа. Сепак, не е незаменлив, на таа позиција има одлични играчи, само пари да се има. Мене кај Весли ми се допаѓа што е карактер, професионалец, борец, баш такви играчи какви што сакам да ги имаме, повеќе.
 
Кај ти е Снајдер бе другар?За овој преценетиов пасторе ,Снајди го има измислено фудбалот :tv:
Ти не си го гледал Пасторе по се изгледа како напредува ќе стане еден од најдобрите.

За Снајдер да е измислен за преценетиот Пасторе треба да има многу подобри бројки а не 4 гола во сезона види Лампард по 20 даваше кога беше во форма или Кака,Џерард.

Снајдер минатата година беше одличен во важните натпревари.После Милито заедно со Мајкон најдобри во офанзива.

Пасторе оваа година даде 11 гола одлично се движи одличен дриблинг и осет за асистенција.Затоа мислам дека Интер со Пасторе ќе биде уште посилен.

Јас да ви кажам сум за генерален ремонт.
Лани не бевме за продажба на Милито и Мајкон па видовме што стана.Треба млади фудбалери да се земат.
Само еве сега гледам Мата го форсират или Хазард немат сили за Санчез кој сите го барат па и бившиот Манчини се купи што беше на пазар 3 тима има коњ да седи на клупа подобар ќе е од него.
Камо да има сили Интер да ги земе Пасторе&Санчез но по се изгледа Мата и Монтоливо или Кучка ќе се не е Италија веќе топ лига ќе збираме кој не ги сакат фудбалери втора употреба.

А да и повеќе сум за Бенега место Монтоливо.
 
Ремонт на тимот значи и голем ризик. Прашање е дали тој нов тим за толку кратко време ке се уигра или ке биде уште една изгубена сезона без трофеј. Освен тоа, Лео не е ни некој којзнае како стратег а од друга страна е неискусен па со тоа ризикот е уште поголем.
На еден таков ремонт или подмладување прва жртва треба да биде Ето. Мислам дека ова е последна сезона каде што може да се земат над 35 милиони за него и да се најде адекватна замена. Снајдер е во најдобрите фудбалски години (26) и не знам зошто би бил заменет, се разбира доколку самиот не сака да замине.
Не знам колку е паметно да се направи ремонт на една победничка екипа која 5 години освојува скудето, лани освои се што можеше да се освои... Потребни се 2-3 нови имиња кои ке го освежат тимот а костурот на оваа победничка екипа (Цезар или Вивиано, целокупната одбрана, Снајдер, Мота, Ето и Пацини) и наредната сезона да бидат дел од тимот.
 
Ремонт и тоа како треба, не заради годините на некој играч, туку затоа што имаме очигледни слабости. Занети, Камби и Дејан не се повеќе за прва постава, тоа мора да ни е јасно, иако заради минат труд, ќе играат и ќе страдаме следнава сезона. Исто важи и за Милито кој барем е напаѓач па може ќе му тргне и ќе ја искористи шансата, ако го задржат, но овие тројца го достигнаа зенитот и од кај што се има само назад. Потребен ни е десен надворешен напаѓач (Санчез место Пандев), безопасни сме од лево години наназад (Нага-сан е добар, со помалите екипи), одбраната ни е добра, но една повреда како лани на Самуел тотално ќе не исфрли од баланс.

Кога би ги имале Санчез десно, уште еден класа играч лево, Снајдер во средина, Ето и Пацини напред... со стабилна одбрана... пак ќе бидеме нездрава екипа. Во моментов, ние сме безопасни и од лево и од десно (маикон чат-пат има добар ден во офанзива), не дува промаја по средина, ориентирани сме кон нашиот гол, трансформацијата ни е нула... ова може да се смени ако кешираат нешто на размената Цезар-Вивиано, ги шитнат Милито и Пандев, искомпензираат нешто со Кутињо и Марига... и се разбира да вложат нешто...

Зборот ми е: Каржа, Занети, Камби, Дејан... така треба да ни изгледа клупата, ако сакаме да бидеме на највисоко ниво. Ако чекаме од нив да одиграат 40-50 утакмици на ниво, сме завршиле работа... со должна почит за се што направиле до сега...
 
Ти не си го гледал Пасторе по се изгледа како напредува ќе стане еден од најдобрите.

За Снајдер да е измислен за преценетиот Пасторе треба да има многу подобри бројки а не 4 гола во сезона види Лампард по 20 даваше кога беше во форма или Кака,Џерард.

Снајдер минатата година беше одличен во важните натпревари.После Милито заедно со Мајкон најдобри во офанзива.

Пасторе оваа година даде 11 гола одлично се движи одличен дриблинг и осет за асистенција.Затоа мислам дека Интер со Пасторе ќе биде уште посилен.

Јас да ви кажам сум за генерален ремонт.
Лани не бевме за продажба на Милито и Мајкон па видовме што стана.Треба млади фудбалери да се земат.
Само еве сега гледам Мата го форсират или Хазард немат сили за Санчез кој сите го барат па и бившиот Манчини се купи што беше на пазар 3 тима има коњ да седи на клупа подобар ќе е од него.
Камо да има сили Интер да ги земе Пасторе&Санчез но по се изгледа Мата и Монтоливо или Кучка ќе се не е Италија веќе топ лига ќе збираме кој не ги сакат фудбалери втора употреба.

А да и повеќе сум за Бенега место Монтоливо.

Сум го гледал Пасторе и знам дека е квалитен и надежен играч,но незнам дали знаеш колкава сума бараат за него?Би требало да им го дадеме Снајдер на Манчестер и со истата сума да го купиме Пасторе!
2.Го отпишуваш Снајди,играч кој беше еден од главните носители на играта лани,играч кој само ради тоа што Робен се испосра коа најмногу требаше (финалето 100 % шанса) не стана и светски шамион,што не му успеало на ниеден пред него,за еден надежен фудбалер кој може да се изгуби коа би дошол во поголем тим?Па и самиот Морати убаво си кажа во последното интервју - Најценети се играчите кои освоиле нешто важно во животот.Ај да има над 30 години - ок!Ама во оваа ситуација е смешно и да се дискутира за ова.
Инаку и јас сум за ремонт,само Снајдер воопшто не треба да се помисли да биде жртвата.Он и Ето ни се најјаките карики во тимот во моментов.
 
Маци, постовиве за Пасторе ти се како постовите за Санчез што ги пишуваа многумина пред 5-6 месеци, кога викавме дека типот е ѕвер. Точно е, има фудбалери кои ќе отидат во поголем клуб и ќе се изгубат. Но скоро сите најдобри фудбалери денес се докажале во помали екипи, ретко кој почнал во голема. Кај Пасторе, Хамшик, Санчез итн... квалитетот е очигледен, не ги бара за џабе пола Европа. Ризик секогаш има, дури и кога се носи проверен фудбалер, како Виера и слично... ништо не е гаранција. Јас сум секогаш за тоа да се зема најдоброто од Италијанската лига, затоа што тие се навикнати на тој фудбал и полесно се адаптираат. Се разбира, да се земаат навреме, зошто после ќе ти бараат 35 милиони па оди разбери се...
 
Види Иосоно, и ти и Маци до негде сте у право. Али не можеш да кажеш дека треба да се дава Снајдер за Пасторе бидејќи таа позиција воопшто не ни е загрозена во тимот. Треба да се иде на ризик во средниот ред, во напад па може и во одбрана. Да се најдат адекватни замени за Деки, Камби, Занети, Милито (тука ја најдовме веќе замената- Пацини), крилните позиции, е тука треба ризик, да се дадат пари па макар и 30 милиона за Санчез. Според мене позициите на Снајдер и Ето се најстабилни од цела екипа и не смеат да се чепкаат :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom