Фан Клуб: Интер

Ти очигледно не си свесен колкава е улогата на тренерот, од една страна се смееш на скаутот, а од друга исти тој скаут има подобри резултати од Бенитез, иди најди си ја сам логиката тука, ете, ти ги тргаме повредите на страна за кои тврдеше дека и тие не биле дел од режимот на Рафа ...

Ти си тој кој се губи, не ние, зашто ние се потпираме на факти, ти на ставови ала Гринч ќе го украде наредниот Божиќ. :icon_lol:

Џабе го фураш муабетот за Морати, тој да не беше ти нит тројна круна ќе осетеше нит 5 скудета по ред, реков и вчера, точно е дека тој сноси дел од вината, али она на Рафа во тимов нема конкуренција а индиректно и тука всушност ете ја гледам вината кај управата, што одлуката падна на него али буквално никој не можеше да го предвиди тој негов дебакл, не изгледаше до толку мизерен дека е.
Па уште и за засилувања се дрзна да збориш, 40те милиони потребни за желбите на Рафа, Кајт и Маскерано, немој жити све ... :tv:
 
40 милиони што не се 40 :)

И не, не ги тргај повредите, тие беа единствен фактор за лошите резултати на Рафа.

И реков, не се смеам на Леонардо, пишав не е он крив, толку знае...

--- надополнето ---

Па баш едно скаутче му покажа дека овој тим може повеќе од 7-мо место во Италија и баш со такви засилувања како Каржа, Пацини и Нагатомо успеа да се врати во битка за титулата, како што кажав, нешто што беше научна фантастика за келнерот.
Е тоа де, само келнерот ги немаше тие засилувања, го имаа Бјамбјани, играчот што за рекордно време стана најомразен играч во тимот на Сампдорија, играчот поради кој што Сампдорија ќе одат во Серија Б, а ние го земавме како замена на Балотели :pos:
 
Јас освен тебе, не познавам друг фан на Интер (и Марли :)) кој толку го брани Бенитез, човек со кој Интер беше седми во Италија, а еден скаут, непозналица во буквална смисла на зборот, успеа да освои толку поени колку што Бенитез можеби немаше да освои цела сезона.
Па уште бољи тренери од Рафа биле Ферги, Мур, Хидинг и тн и тн, демек овој веднаш зад нив бил, а чудна работа, ете, скаутов бољи испадна од Рафа значи според логикиве на Бене, Лео е тука некаде, со Хидинк 'ржат еден контра друг. :)

Aбе кога е Интер во прашање, пред Рафа би го ставил и Серсе Козми и неговиот качкет.

--- надополнето ---

40 милиони што не се 40 :)

И не, не ги тргај повредите, тие беа единствен фактор за лошите резултати на Рафа.

И реков, не се смеам на Леонардо, пишав не е он крив, толку знае...

Колку се ? Може не се 40, може и повеќе ќе беа, Маскерано 25, Кајт минимум 15, колку е 25 плус 15 ? 18 ?
Како и да ја вртиш, ако тимот даваше пари ќе дадеше за нив, не за нашите желби од форумов, а со нив а без нив исто срање, не се профил на играчи кои му одговараа на Интер нит се профил на играчи кои ќе ги сменеа драстично нештата, освен што ќе го исцедеа финансиски Интер.

Друга работа, пак почнуваш ти да се губиш, повредите биле единствен фактор, немој ти се молам ( Рома и Јуве не ги играа со 100 повредени фудбалери ), повредите беа ЕДЕН од многуте фактори но комотно можат да се стават на врвот, али тие беа резултат на строгите режими на Рафа и неговите фикс идеи, друг ГЛАВЕН фактор беше атмосферата у тимот која ко што вели и Ето, пукнала по 5то коло, по истото и Милито потврди дека условите во тимот биле јадни а и Снајдер, тука доаѓа и Матркис со изјавата за сообраќаецот и тн и тн, сите се израдуваа што Рафа веќе го нема.
Се на се, главните состојки од формулата за целосен колапс на Интер беа дело на Рафа, оние поминорни состојки такоџе беа негово дело зашто ко што реков, промени буквално СЕ од она што беше случај во тимот со Мур, така да како и да ја вртиш, пак се доаѓа на оној главен фактор за лошата сезона на Интер ... Рафаел Бенитез.
 
Ме мрзи да го правиме пак муабетов. За мене Рафа е добар тренер, имаше замисла и договор со претседателот, претседателот не ги исполни своите ветувања. Сезоната почна добро(освен поразот од Атлетико кој што паѓа врз Рафа поради Станковиќ), сите беа задоволни, се десија неколку повреди а потоа и најважните две повреди: Самуел и Милито, и се отиде у неповрат. Некои од играчите ни се дечиња, сакаат да биде по нивно, јбг, да се донесеа 3-4 играчи што ги сакаше Бенитез и што беа за првотимски статус ќе беше поинакво однесувањет, сепак, што би било кога би било. Сега можеме да го видиме Камби како се влече по терен, но нема замена, т.е. има, али таа замена може има само 2 минути одиграно под водство на Леонардо. Јас ги ставам повредите на прво место, потоа се останато. А како играл Интер без повредени играчи, видете ја првата полусезона и СКП.
Тоа е тоа, знам дека нема да има крај ако почнеме пак.

За Лео, скаутче бе :) (колку и да не му верував на Марли кога го потеше тука, сепак така било)
 
Ме мрзи да го правиме пак муабетов. За мене Рафа е добар тренер, имаше замисла и договор со претседателот, претседателот не ги исполни своите ветувања. Сезоната почна добро(освен поразот од Атлетико кој што паѓа врз Рафа поради Станковиќ), сите беа задоволни, се десија неколку повреди а потоа и најважните две повреди: Самуел и Милито, и се отиде у неповрат. Некои од играчите ни се дечиња, сакаат да биде по нивно, јбг, да се донесеа 3-4 играчи што ги сакаше Бенитез и што беа за првотимски статус ќе беше поинакво однесувањет, сепак, што би било кога би било. Сега можеме да го видиме Камби како се влече по терен, но нема замена, т.е. има, али таа замена може има само 2 минути одиграно под водство на Леонардо. Јас ги ставам повредите на прво место, потоа се останато. А како играл Интер без повредени играчи, видете ја првата полусезона и СКП.
Тоа е тоа, знам дека нема да има крај ако почнеме пак.

За Лео, скаутче бе :) (колку и да не му верував на Марли кога го потеше тука, сепак така било)

95 % повреди се случуваат поради тренинг режимот наметнат од тренерот останатите 5 се лоша среќа . Бенитез не е почетник во оваа работа требаше да знае со каков интензитет да ги одржи тренинзите после напорната сезона и СП. само направи споредба како го прават тоа руи фариа (мислам така дека се викаше фитнес тренерот) и жозе .. и како беа спремни играчите во клучните делови на сезоната снајдер милито мота камбијасо самуел ... па и ибра своевремено сите се injury prone , па со ситни паузи ја издржаа најнапорната сезона на интер. дури пандев замисли со огромна пауза личеше на едгар давидс :))

а засилувања ко кајт маскерано нгог и лукас леива фала не ...
 
Чекај чекај, изброј друг пат до 10 пред да постираш вакви работи зашто пак се изгуби, која прва полусезона ? Првата полусезона за тебе се првите 5 кола ? Па Интер тогаш освен што го освоија супер купот со Рома на домашен терен ја изгубија титулата која ја немаат во својата историја, Суперкупот на Европа каде тимот беше целосно надигран од Атлетико и единствената шанса за гол ја имаа при крај на мечот од пенал, тимот во прво коло изигра 0-0 со Болоња која немаше тренер, тимот потоа ја направи ЕДИНСТВЕНАТА серија од победи под водство на Рафа, само 3 по ред по што дојде и првиот пораз во ПЕТО коло од Рома каде повредени играчи немаа, а по истово дојде и ремито со Јуве дома, 0-0.

Која прва полусезона бе Бене ? Како тоа Интер делувале шампионски тој период а ја незнам ? Жити све, неда ти паѓа објективноста у вода, т.е., објективност ? Гледам се согласуваш со Марли за Лео па ме интересира дали се согласуваш со неговите ставови и за Рафа ? Пак ќе се повторам од погоре за твоите нелогичности на кои им нема крај
Па уште бољи тренери од Рафа биле Ферги, Мур, Хидинг и тн и тн, демек овој веднаш зад нив бил, а чудна работа, ете, скаутов бољи испадна од Рафа значи според логикиве на Бене, Лео е тука некаде, со Хидинк 'ржат еден контра друг.
Зашто ете, и скаутов испадна подобар од Бенчо, тоа е факт пред кој ти упорно мижиш и ми тераш некои ставови дека бил Рафа добар тренер, што и не го негирам, кога се во прашање екипи ко Алмерија, Катанија, Лече.
Ебате тренерот што у цела полусезона имал само една серија на победи, го растури тимскиот дух и неговите тренинг методи буквално ги парализираа играчите, да, добар тренер е, ако се лажеме и ако не сакаме да признаеме грешка у став па продолжуваме со бламажи и фантазии од типот изгледале шампионски кога немале проблеми со повреди колку да го истераме своето.

п.с. Бенитез никад не барал ЧЕТИРИ засилувања во текот на летото, ги бараше само Маскерано и Кајт и откако заврши преодниот рок не се бунеше туку напротив, ПОТВРДИ дека овој Интер може да освојува нови титули а у Декември дури и го вети скудетото ( ако не веруваш во ова најди ги сите изјави негови од тој период ).
Тие 4 засилувања му беа за Јануари, не за летниот преоден рок каде ќутеше ко муле и уживаше во шампионски тим, осети бар какво е тоа чувство у тие први 2 месеца, зашто откако почна сезоната пак се врати на својата подпросечност.

п.п.с. За СКП, ваљда не си сериозен и за тоа, тоа ако било мерилото за Рафа и Интер ондак ... штознам, не ми текнува уствари соодветна реченица за да ти доловам колку е без врска ова со оглед на фактот што играа со екипи од Африка и Кореа, имињата не им ги памтам ниту пак памтам 1 добар фудбалер од нивните тимови, и оној од Австралија со мак.потекло не ми текнува како се презиваше, знам на О му почињаше презимето.
 
Зарем не моежете уште да сватите дека овој муабет е сосема непотребен?

Бенитез веќе не е тука, и сите знаеме што направи дебелиот со тимот. А исто и за Леонардо знаеме.

Мој заклучок е дека ни Бенитез ни Леонардо не се добри тренери, онака просечни.

Pa dај кажете некој сладок збор за денешната утакмица :P :tv:
 
Ајдеее... Доста бе го браниш овој кретенот, не знам дали немаше струја тој период или не те оставаа да гледаш фудбал, трето нема, не знам по што заслужува Бенитез па да го браниш. Едно може Бенитез да има повеке од Лео ( и не, не зборувам за килажата), а тоа е искуство, и можеби во овие последни натпревари со Милан и Шалке немаше да примиме 8 гола, друго ништо, ама сепак и ова е ’’можеби“, затоа како што тргнавме со Бенчо, немаше никогаш да сме -2 позади Милан, ова е факт, ова не е ’’можеби’’, исто така тврдам дека ке не имаше по телевизии како се тепат играчите меѓусебе среде тренинг, досега јас 10000% ке бев сместен во Деми Хисар поради изјавите на Бенчо, дека сме имале потенциал, сме имале, ова па тоа, а само среќа сме немале, или пак од новата позиција на Мунтари и/или Снајдер, кога ми идеше да го издеам телевизорот.

Кога ке ми дадеш еден разлог зошто го браниш кретенов, ама да ми дадеш добар разлог, а не дека плачел последните 20/30 дена дека немало нови засилувања а молчеше кога го зедовме како тренер, пошто сигурен сум дека после клоците од Ливерпул ни во најлудите соништа негови не можеше да испадне тоа што испадна, а тоа е европскиот шампион да ти понуди работа... Не Лече, не Бари, не Јуве, туку ебаниот Интер му понуде работа, не успеа ни второ место да одржува, ајде батали прво, ама да останеше второ место цело време, уште тренер ке ни беше, да имавме игра уште тренер ке ни беше, барем 2% да имаше разбирање за играчите, уште тренер ке ни беше... јбг мене ми е мило што е кретен и идиот.

Или пак не сакаш сега онака да испаднеш пичка, да признаеш дека си грешел што го бранеше, и тоа е можно, дури и најлогично ми е тоа...
 
Да, 5 -2 од Шалке е дело на Бенитез, и да, бламирачките 3-0 од Милан е дело на Бенитез, незалагањето на играчите на овие два натпревари е дело на Бенитез.
Нема везе бе...битно Лео ги „мотивираше“ против Баерн :pos:
 
Нема везе бе...битно Лео ги „мотивираше“ против Баерн :pos:
Поздрав
Tue 02/11/10 UCL Tottenham Hotspur 3 - 1 Internazionale
Sat 06/11/10 SEA Internazionale 1 - 1 Brescia
Wed 10/11/10 SEA Lecce 1 - 1 Internazionale
Sun 14/11/10 SEA Internazionale 0 - 1 Milan
Sun 21/11/10 SEA Chievo 2 - 1 Internazionale

Wed 24/11/10 UCL Internazionale 1 - 0 Twente
Sun 28/11/10 SEA Internazionale 5 - 2 Parma
Fri 03/12/10 SEA Lazio 3 - 1 Internazionale
Tue 07/12/10 UCL Werder Bremen 3 - 0 Internazionale
Ова ти се последни 9 средби на Интер со Рафа, ги исклучив оние против аматерските екипи од Африка и Кореа. Болдираното се натпревари каде Интер не извојувале победи, или изиграле нерешено или изгубиле.

Ова се мечевите во кои Лео беше тренер на Интер откако го превзема клубот и каде имаше само недела дена за да се запознае со тимот.
Thu 06/01/11 SEA Internazionale 3 - 1 Napoli
Sun 09/01/11 SEA Catania 1 - 2 Internazionale
Wed 12/01/11 COI Internazionale 3 - 2 Genoa
Sat 15/01/11 SEA Internazionale 4 - 1 Bologna
Wed 19/01/11 SEA Internazionale 3 - 2 Cesena
Sun 23/01/11 SEA Udinese 3 - 1 Internazionale
Wed 26/01/11 COI Napoli 0 - 0 P Internazionale
Sun 30/01/11 SEA Internazionale 3 - 2 Palermo
Thu 03/02/11 SEA Bari 0 - 3 Internazionale
Sun 06/02/11 SEA Internazionale 5 - 3 Roma
Sun 13/02/11 SEA Juventus 1 - 0 Internazionale
Wed 16/02/11 SEA Fiorentina 1 - 2 Internazionale
Sat 19/02/11 SEA Internazionale 1 - 0 Cagliari
Wed 23/02/11 UCL Internazionale 0 - 1 Bayern München
Sun 27/02/11 SEA Sampdoria 0 - 2 Internazionale
Sun 06/03/11 SEA Internazionale 5 - 2 Genoa

Fri 11/03/11 SEA Brescia 1 - 1 Internazionale
Tue 15/03/11 UCL Bayern München 2 - 3 Internazionale
Sun 20/03/11 SEA Internazionale 1 - 0 Lecce

Sat 02/04/11 SEA Milan 3 - 0 Internazionale
Tue 05/04/11 UCL Internazionale 2 - 5 Schalke 04
Sat 09/04/11 SEA Internazionale 2 - 0 Chievo
Како и кај Рафа, земени се сите конкуренции во предвид, но тука болдирани се мечевите каде Интер успеаа да победат.

Па сеа види ти, точно е дека 2-5 е очаен резултат за Интер кои 3-0 со Милан, ама со Рафа имаа 3-0 со екипа која се бори за опстанок во Германија ( демек не бил тој меч битен па ај ќе се резилиме иако сме европски прваци ), изгубија 0-1 дома од Милан кои беа со играч помалку скоро цело второ, ај што изгубија меч дома по 49 средби па и шанса за гол немаа, декласирани беа од Киево,Лацио и Тотенхем, се мачеа против Бреша дома која дојде со серија од 5 порази во низа, непостоечки пенал им требаше за да извадат реми.

И тн и тн, да не набројувам, убаво вика Талахасево а му се обрати на Бене
не знам дали немаше струја тој период или не те оставаа да гледаш фудбал, трето нема, не знам по што заслужува Бенитез па да го браниш.
и ја друго објаснување немам, или е до струјата, или не сте ги гледале тие мечеви, или е онаа последна реченица од неговиот пост. :toe:

п.с. Не е дека сите различно гледаат на нештата, некои гледаат, некои не. :icon_lol:
 
Зарем не моежете уште да сватите дека овој муабет е сосема непотребен?

Бенитез веќе не е тука, и сите знаеме што направи дебелиот со тимот. А исто и за Леонардо знаеме.

Мој заклучок е дека ни Бенитез ни Леонардо не се добри тренери, онака просечни.

Pa dај кажете некој сладок збор за денешната утакмица :P :tv:

Ке тепате ама дали ке идете незнам.Ве играв спортска да идете даље и верувам дека има и те како шанси ама се зависи од играчите...
 
Ке тепате ама дали ке идете незнам.Ве играв спортска да идете даље и верувам дека има и те како шанси ама се зависи од играчите...

Си се заебал многу лошо, се надевам не си стаил многу пари...

Јас сум многу песимист, дека одиме дале, но се надевам на победа, срамот да ни биде минимален. Освен тоа си имам некое претчуство дека и во Германија ке изгубиме, онака поштено.
 
И ја стаив дека ќе идеме даље али 50че , може ќе се посреќи ако не никому нишо . Барем нека обелат образ вечер со добро игра и пожртвуваност
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom