Фан Клуб: Интер

Енрике си имаше негова просечна игра како во секоја утакмица што ја играл сезонава. Трча покрива, прави продори, се држи отворен помага.
Едини проблем е што последниот момент го нема кога треба да набаци или да шутира. Му се фаќаат нозите таму не знае што со себе. И Киву го рече тоа вчера на пресот на крај, дека треба да се работи на самодоверба кај него и на последните 20 метри.
Недостатокот на Дамфриз влијае и на него, нема од кој да учи што се прави таму по десна страна, фрлен е во огин да гори, дечкото се држи. Едини поголем кикс е со Арсенал што остана позади и ја расипа офсајд стапицата. Да се врати Дамфриз и да може да ротира осетно ќе се подобри и он и во година ќе имаме одлична ротација на Дамфриз со него на десно и Карлос со Ди Марко лево.
Да видиме само Дамфриз дали летово ќе замине на печалба у Англија.

А Сомер до вчера одбивав да го плукам уште му држеше кај мене рејтинг чудесиите што ги правеше против Барса лани, ама ова вчера ги помина сите граници, џабе Киву пробуе да го покрие коа демек он му рекол така да прави.
Време е за клупа за човеков, не би сакал негов кикс да не кошта титула како Раду со Болоња.
 
Се слагам со одредени работи напишани на нетов, вака со ладна глава кога ќе се анализира вчера текмата, и на еден рандом италијански пејџ и кај хрватскиот фан клуб федели, за Енрике.

Прво што приметиле италијанциве е кога Енрике бил повикан за замена сред прво полувреме, прв што му дал поддршка е Лаутаро (капитенот), нешто што на темава секако се занемарува и ваквите моменти ич не им се битни на одредени луѓе освен статистиката на флеш скор, а е нешто што многу говори за него, на 0-2 можеше комотно да го изигнорира и да не се замара со него, ко многу други.

Второ, самата реакција на Енрике, нула бунење, нула негативни реакции, прво отиде се поздрави со Киву, се гушнаа, па после тоа Коларов дојде и му дал поддршка.

Трето, што викаат и федели, излегувањето на Енрике ништо не смени, истиот епилог ќе беше и ако Карлос излезеше место Енрике, импакт имаше Димарко, не тоа што Енрике излегол а Карлос отиде десно, всушност Карлос ништо посебно и не направи до крајот, дури и утна еден зицер на 3-2 што моежеше на крај да не кошта, ама поентата е таа, Димарко ја направи разликата, дали десно ќе беше Енрике или Kaрлос тоа ништо значително немаше да промени. Димарко ако не се лажам директно или индиректно беше дел од сите 6 голови, страшна партија.

На Енрике треба да се работи, не верувам дека е неквалитетен играч, колку што има проблеми со самодоверба и играње во овој систем, комбинација која му создава хаос во главата нарочито што во моментов, односно од Ноември, цел товар десно падна на него, имам впечаток дека има изиграно најмногу минути во тимов откако Дамфрис и Дармијан се повредија.

И за крај, тоа што Федели го говорат, нас всушност најголем проблем не ни е ова, туку голманската позиција, и Аки гледам вчера стави ужасен податок за Сомер кој сезонава е во таква форма да не е ни у топ 10 најдобри голмани у Италија. Мартинез дефинитивно треба да добива шанса можда и ќе добиеше многу повеќе минути сезонава ... да не го прегазеше тој кутриот старец кој умре на лице место. Ментално тешко се опоравувал после ова и уште се опоравува така да апла лошо се поклопија работиве за тој дел од теренот и ради ова мислам дека Сомер ужива толкава минутажа.

Можеше само да ни го пратиш линкот од Федели, трошиш тастатура непотребно.
 
Убаво завршува колово. Можеше Рома да го досоли убаво ама и вака не е лошо. 5 бода од ББилан 9 од циганите. Ќе се спие добро вечер ако е утре понеделник.
 
Никад нема да се спие добро пред понеделник, ден без поента никој не ни знае зашто постои како ден, нит кој го измислил нит зашто го измислил, многу пие бурбон и виски у пеколот тој што рекол еве ајде ти понеделник ќе си од сега па натака.

Добри резултати секако, недоволно за да речеш епа добро тогаш, нема везе што утре е понеделник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom