Се слагам со одредени работи напишани на нетов, вака со ладна глава кога ќе се анализира вчера текмата, и на еден рандом италијански пејџ и кај хрватскиот фан клуб федели, за Енрике.
Прво што приметиле италијанциве е кога Енрике бил повикан за замена сред прво полувреме, прв што му дал поддршка е Лаутаро (капитенот), нешто што на темава секако се занемарува и ваквите моменти ич не им се битни на одредени луѓе освен статистиката на флеш скор, а е нешто што многу говори за него, на 0-2 можеше комотно да го изигнорира и да не се замара со него, ко многу други.
Второ, самата реакција на Енрике, нула бунење, нула негативни реакции, прво отиде се поздрави со Киву, се гушнаа, па после тоа Коларов дојде и му дал поддршка.
Трето, што викаат и федели, излегувањето на Енрике ништо не смени, истиот епилог ќе беше и ако Карлос излезеше место Енрике, импакт имаше Димарко, не тоа што Енрике излегол а Карлос отиде десно, всушност Карлос ништо посебно и не направи до крајот, дури и утна еден зицер на 3-2 што моежеше на крај да не кошта, ама поентата е таа, Димарко ја направи разликата, дали десно ќе беше Енрике или Kaрлос тоа ништо значително немаше да промени. Димарко ако не се лажам директно или индиректно беше дел од сите 6 голови, страшна партија.
На Енрике треба да се работи, не верувам дека е неквалитетен играч, колку што има проблеми со самодоверба и играње во овој систем, комбинација која му создава хаос во главата нарочито што во моментов, односно од Ноември, цел товар десно падна на него, имам впечаток дека има изиграно најмногу минути во тимов откако Дамфрис и Дармијан се повредија.
И за крај, тоа што Федели го говорат, нас всушност најголем проблем не ни е ова, туку голманската позиција, и Аки гледам вчера стави ужасен податок за Сомер кој сезонава е во таква форма да не е ни у топ 10 најдобри голмани у Италија. Мартинез дефинитивно треба да добива шанса можда и ќе добиеше многу повеќе минути сезонава ... да не го прегазеше тој кутриот старец кој умре на лице место. Ментално тешко се опоравувал после ова и уште се опоравува така да апла лошо се поклопија работиве за тој дел од теренот и ради ова мислам дека Сомер ужива толкава минутажа.