Пред некое време праев математика на трансфермаркет колку сме потрошиле нето, почнувајќи од последното големо трансфер лето со Лукаку и компанија, сè до денес, земајќи предвид само влезни и излезни трансфери.
Бројката, за СЕДУМ трансфер лета+зими е фрапантни 105 милиони, односно просек од 15 милиони потрошени по сезона.
Со 15 милиони по сезона, во истиот тој период изигравме три европски финалиња, освоивме три скудета и три копа италија, и успат инкасиравме сигурно 400-500 милиони од ЛШ.
И зато ми се малку смешни изјавите дека сме пропуштиле прилика да доминираме перодов, не бе дечки, сите успеси ни се дааалеку над вложеното, крпиме секоја сезона, а демек атакуваме на три фронта, иако имаме 15 салам играчи тотал.
Едноставно имаме среќа дека:
1. Марота и покрај сè со 5 денари успева да изменаџира компетитивен тим
2. Имавме три солидни тренери со ист систем на игра, па имавме лесни транзиции после секоја катаклизма
3. Ко шо спомна некој погоре, довербата која Лаутаро, Бастони, Барела и Димарко му ја даваат на тимов. Па и Хакан би го додал тука.
Зато скоро секоја сезона гледаме истата шема, или одиме далеку во Европа на сметка на Скудето, или отпаѓаме рано во ЛШ, па во лигата си тераме лаганица, пошто толку е снагата. А не е ни малце, да беше Аталанта со ваков скор ќе беше све хвалоспеви и cindarella story, само нормално, нам ни тежи историјата, и ни изгледа ко пропуштена шанса, иако пред почетокот на секоја сезона очекуваме све најлошо.
Што се однесува до ова (а ваљда и претходното) трансфер лето, мислам дека затката е Oaktree, некаде прочитав и муабет од агентот на Палестра дека му кажал на Аусилио за потенцијална опасност од Челзи пред времиња, и никој не може да ме убеди дека овие се ценкале за 2 милиони - 5 милиони знаејќи дека може да го испуштат.
Едноставно не му пушта лесно рачето на американците за финално одобрување и то е то, играш со картите шо ти се даени.
Секако некако летово мораме да ги замениме Дамфрис, Ачерби, де Фрај и Дармијан. Кој и да дојди, лигата е секако мизерија, би требало да сме океј. За нешто поќе, секако ќе е тешко.
А криво ми е, 5-6 години веќе се осеќам како многу малце да ни фали за да сме типтоп ко шо треба и никако да го премостиме тој јаз, а костурот веќе старее. То е, јебига.
п.с. Милан во истиот период има потрошено ~350 милиони, Јувентус ~340 милиони, Наполи ~230 милиони, Рома ~160 милиони, а Аталанта е во плус од 150 милиони (без трансферите од ова лето)